Тие што се боцкате со клексан , дали ви се случило да заборавите еден ден да се боцнете ? Денес цело време мислам на тоа што вчера не се боцнав , не бев дома ,растрчана цел ден и изумив дека во 8 часот треба да себоцнам а не ни носев инекција со мене
@lejlla честиткии , големи да растат принцезите и само среќа да ви носат,најубавиот новогодишен подарок ***
@Veki4kaa , многу ми е мило , уживај си сега, гали меше и секој ден да ти се поубав и поубав @lejlla честитки за двете убавици, нека се здави, живи, и цел живот да ве радуват
Последно што разбрав пред некој ден, и морам да го споделам со вас, лекот е корен од ѓумбир, сечете еден цм , го лупите и го џвакате, само водата ја голтате, од кога ќе го исцицате другото го плукате, не е страшно ако голтнете мал дел од коренот, грло ме гребеше 2 недели, го чекав само да помине како и за се што правам така, ама не можев више и ако ми верувате за 2 дена од ѓумбирот помина Пробајте, и со лесно оти мнооооооооогу горчи и лутииииии гадно е ама лековито Тоа е тоа наведнување чучњеви што би рекла за по брзо ширење Ете..тоа му е мајката, ах да знаев за првото Да ти се живи и здрави, и од Бога благословени Тебе мајка побрзо закрепнување
Гледам дека пишувате за болно грло. Јас сега како трудна немав таков проблем ама симптоми на настинка и болно грло лечам со супа домашна и во неа ставам: Морков, пашканат, целер, компир, брокула, пола чешне лук. Кога ќе биде сварен компирот и морковот ги вадам пашканатот и целерот и ги фрлам дека не ми се убави да ги јадам. Ставам една лажица куркума и во супата рендам свеж ѓумбир, црн бибер и лимон. Вкусен ручек а веднаш поминуваат симптомите на настинка. Лук, куркума и ѓумбир се добитна комбинација за се. Ако сте дома може и директно свеж лук, вака во супа нема да мирисате ако случајно се движите помеѓу луѓе
@lejlla нека ти се здрави и живи двете куклички , им посакувам само среќа и благодет ! Кога ќе спомнете какво и да е јАдење ми се грози (од повеќето де) , ама реално грав брцнав денес и не умрев. А чекав да ми се стемни. Ај идеи освен ваикики за труднички кај има?
@Milicka* Значи ни вода, ни јогурт. 12 часа пред ОГТТ буквално ништо не треба да се јаде или пие. Тоа е битно ако сакаш да си целосно сигурна дека резултатот е релевантен. Јас прашав за апчињата што ги пијам дали може водичка малку, ми кажаа дека е подобро да ја скокнам таа доза или да ја одложам до после последното боцкање од тестот. @lejlla честитки, да се здрави и живи големи да растат
Женски на цефалексинов што го пијам пишува 2×2 од 500мг е. Јас не приметив, си пиев по 2×1. Ама па не е многу за трудница 2×2? @lejlla Честитки мила
Женски што имате искусено две бремености..Дали во втората бременост се осеќа порано кога движи бебето? Во првата бременост прилично рано ја осетив беба во 16та недела,сега сум 12та и осеќам движења и тоа често долу,си викам дали ми се причинува затоа што е многу рано што знам...кажете искуства? Во петок сум на прв скрининг едвај чекам
Јас во првата бременост синко го осетив во 18-19 недела... Сега беба ја осетив 15 недела и е доста поативна за разлика од бато