За тестот, @Milicka* , како што ми кажа мојот гинеколог, по 19 часот вечерта не се јаде ништо и ни се пијат течности, само смееш вода (обична или газирана). Сабајлето , јас се напив малку вода пред да одам во ординација, ама во тек на тестот, откако ја испив шеќерната течност, ми рекоа вода- не. Тоа траеше околу два сати.
Честитки да ти се здрави и живи големи да растат и што побрзо да се опоравиш На insta nenaexclusive бутик за трудници
Јас ги користев пред еден месец ради бактерија. Еве сега пак ставам. не е страшно. Инаку да си прашам, што мачкате за стрии да не ви се појават? Мене ми се појавиле малку приметив лилакови се, не сум под стрес некој ама што да земам за да не ми излезат нови. Овие нека ги за успомен.
Јас земав павловичева и ставив во неа АД капки по препораки на членки тука (можеш и плус масло од чичково дрво ама и без тоа е премногу мрсно). Мачкам преку 1 ден на гради, стомак и бутови. На стомак немам ништо ама затоа градите цели со линии ми се жар црвени. Така да, не се преоптоварувај јас мислам генетика е, а и така пишуваше на страната на Систина.
Јас се мачкам со павловичева маст + АД капки, мрсно е и колку-толку ја потхранува кожата. Досега немам, што не значи дека и понатака нема да ми се појават. 7ми месец сум на почетој. Кој месец си ти?
Јас ништо не мачкав во првата бременост и не испукав ич. Сега поим немам. Имам другарки мачкаа и пак испукаа. Но зависи од еластинот на кожата. Да не ти го тупам беспотребно, знам трудници тука зимаа кокосово масло и беа презадоволни. Некои земаа хидртантно млеко, ама мое искуство со работава моја, сува кожа најмногу и најбрзо спасува уље. Макар бебешко.
@Fallen.Angel јас се мачкам со кокосово масло и крема од невен од фармаси, 34+ недела сум и немам ништо на стомакот и градите
Девојки со мешиња, хехе, во врска со муабетот за косичка кај бебињата, кажете ми вие што веќе имате дечиња, дали на ултразвук се гледала косата подникната ? Или па што се во поодмината недела, дали се забележува раст на коса воопшто на ултразвук?
Оптегање на стомакот, и болки на целиот контракции ли се? Мене до сега ме фаќале ама само на една страна, како грч, и по 15 минути траело и престанувало. Ова веќе може пола саат да трае и како што мрда бебе се повеќе боли..
Да и кокосовото го фалат ама јас прво со тоа почнав, ми испукаа градите и баталив. Не знам, веројатно е до кожата.
Да , секоја кожа е различна , дали е до мене или до маслото незнам сега за сега е супер , се надевам дека нема да испукам до крај
Боли па прекинува, или боли цело време? Ако прекинува па пак почнува, контракции се. И кичмата боли при вистински контракции, болката оди од кичма кон стомак, фаќа и пушта и се така.