Малиот мој така се тегнеше 2-3 дена пред да излезе, мислев од грло ќе ми излезат прстињата на нозете Блиску си ти, кај да е ќе излезе конечно Само биди спокојна и мирна, колку повеќе се плашиш, толку повеќе губиш присебност и се’ станува потешко. @lejlla колешке, нека се живи и здрави Тебе што побрзо закрепнување Природно породување со близнаци, секоја чест Која недела беше? Ме фаќа склет, се нешто ми се чини нема долго да издржам и многу порано ќе дојдат
Мене Докторката баш ми кажуваше види колку коса има Така шо, ова го чекам со повеќе косичка Трае на интервали или постојано ? Ти се стега па ти се опушта стомак ?
Па на моменти прекинува и пак почнува. И бебе како што мрда боли. За вистинските знам дека боли половината и на 2,3 минути се повторуваат. Не се плашам.. ставив перница на грб и седам така.. Го гледам Таљат и се пукам од смеење. Не знам дали да се движам сега, или да правам некои вежби.. Ајде советувајте. Не ми е страв.
Мереше ли контракции ? Од прилика да знаеш на колку мин ти се ? Ако ти се на 5 мин више болница треба да тргаш.. ако ти се на 10 мин земи движи се..не лежи, бебето треба да се спушта надоле а ти да се отвориш по брзо .
@Dikinzi , во која недела се виде косичката? Можда ако е потемна се гледа подобро. Јас сум 28ма недела, нема се уште коса кај моево.
@Starlič Движи се, шетај по дома, низ собите Ако имаш енергија качи се по скали до некој спрат погоре. Ајде со лесно
Мери го времето на колку фаќаат и пуштаат. Ако се намалува постепено (пр.прво е на 20 мин, па на 15 итн), фаќај патот во болница кога ќе дојдат на 5 мин негде. Истуширај си се и среди се претходно, споро оди процесот. Ако останеш на истово, тогаш седи си дома
Па кај 30та тука некаде, вика види колку коса има воа..гледам гледам ништо не гледам еве вика ова..види како пливка и тогаш забележав, коа ми покажа убаво, леле викам овоа со повише коса ќе биде
Да, се гледа косичката.. барем мене матичниот ми покажа... рече дека тоа му е косичката.. имам дури и сликичка
Душо..не си стасала до тие болки Ако се вистинските ќе те боли..почекај ќе видиш на почетокот не се толку интензивни, и се издржливи..после иде малце потешко Од прилика една контракција трае од 40 до 90 секунди, те држи ли толку долго ?
И јас имав само на стомак. Почетните ми беа како скаменување на стомакот и некои морници ме лазеа во тој момент. Траеше 30 40секунди и пушташе. Земи ливче, пенкалце и запишувај на колку време те фаќа. Ако е константна болка која стега и трае долго, не пушта (саат два пример), не се контракции.
Во 36та недела ми се појавија на спојлери На стомак не сум сигурна дали се појавиле од претходно,по породување ги видов,во пределот под папокот. Исто тогаш ги видов и на градите,на долната страна,откако се породив,жар црвени беа и ме чешаа.
Па добро сум.. Се средив, доспремав што требаше и легнав. Контракциите престанаа, сега како што легнав половината почна да ме боли, ама не се контракции тоа.. Ваљда лажна тревога беше прееска..
Јас си мешам павловичева ( розовата од галафарм), ад капки и бадемово масло. Засега немам ништо, сметам ми е рано, ама сестра ми имаше, мајка ми имала така да психички се спремам дека можеби и јас ќе имам. Некако и не се замарам баш....
Принцезите подрнија, 31 недела се породив, но испдна две недели дека се понапредни, 2155 и 1970 се родија. Од срце ви посакувм на сите пораѓај како мојот, дури се свестив што се случува ги родив А ти мамичке ако се сомневаш за тоа дали ќе истуркаш до крај или не брај флостерон за здреење обавезно, нас тоа не спаси многу.... со лес и секако до крај
За керќа ми не се гледаше ништо на 4Д и стварно без коса се роди. А на една пријателка се познаваше вртени линии на глава на 4Д-то и машала бебето со полна глава коса искочи
Сум те читала во други теми знам низ што си поминала и за односите дома и во таа ситуација мора да побараш помош од стручно лице. Да одиш на терапии за да го победиш стравот. Ама неопходно ти е да имаш некој да те подржи. Пробај кога ке осетиш дека ке те фати паника да правиш нешто што те опушта шетај, цртај, читај било што за да не мислиш. Ако мора апчиња подобри да пиеш отколку да не пиеш. И стави си во главчето дека овој пат се ке биде во ред и за некој месец ке држиш живо и здраво бебенце. @lejlla живи и здрави да ти се бебушките, супер си се со килажа