Труднички муабети

Дискусија во 'Бременост' започната од meU, 23 јули 2012.

  1. elenaklasik

    elenaklasik Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 јануари 2010
    Пораки:
    5.019
    Допаѓања:
    12.402
    Пол:
    Женски
    На kavadar4anka, Dikinzi, Kate Rina 93 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. Starlič

    Starlič Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2017
    Пораки:
    1.604
    Допаѓања:
    9.289
    Пол:
    Женски
    @elenaklasik , @Dikinzi
    Ви благодарам што ме мислите.
    Бев прееска на преглед. Докторот уморен од прославата не беше дојден на работа. Ме прегледа жена му.
    Додека бев на цтг бебе беше доста активно и имав лажни контракции, демек супер било.
    На ехо ме гледаше се е ок. Само што бебе покажува дека е 38+5, доцни две недели и можно е затоа да не сака да излезе. Може си го чека моментот.
    Имав преглед со рака, не болеше, само викав и се стрегав многу бидејќи бебе ме притискаше на бешика и став ми беше да не ја намочам докторката, иако пред да ме прегледа 3 пати бев во вц а не измочав ни 5 капки. Грлото ми било омекнато, ама не сум отворена воопшто. Утре ќе одам пак да ме види Васо, ако имам болки пак на цтг и повторно преглед со рака. Па може упат за во Чаир ќе ми дадат.
    Синоќе се средив и легнав. Ме болеше долго време половината, и како низ сон се будев и ме болеше, ама може сум сонувала. И така.. Се качував денес два пати до 4 спрат, ама надоле со лифт одев :!:
    Тоа е.. малку се разочарав за доцнењето на неделите,ама ваљда ќе биде се ок. На малото му беше полна бешиката, и докторката се смее утре пак на ехо да провериме дали се измочкала:rofl:
    Еве ја клоца како луда.

    Инаку свекрвата ми е лута уште
    Вчера ја барав викам чекај да се јавам. И збориме и вика друго што ќе кажеш викам нема ништо, и вика епа добро штом неси измислила ништо, ќе се слушнеме и склопивме :rofl:
    Мисли ќе и се замарам. Таквото ме заболе:emo:
     
    На green.eyes, Ms allways right, kavadar4anka и 6 други им се допаѓа ова.
  3. Kallias2

    Kallias2 Популарен член

    Се зачлени на:
    2 август 2019
    Пораки:
    1.715
    Допаѓања:
    4.042
    А од почеток се водиш како 2 недели поназад според ехо или сега само така ти испаднало? Јас со првото 1 недела назад според ехо бев од почеток до крај, а со второто 2 недели и така и се породив според мерките од ехото, а не од последна М. Ако е така и кај тебе, тогаш не брзај, чекај ќе дојде моментот, ќе излезе бебчето кога ќе е спремно, не грижи се. :)
     
    На green.eyes, Ms allways right, kavadar4anka и 2 други им се допаѓа ова.
  4. Starlič

    Starlič Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2017
    Пораки:
    1.604
    Допаѓања:
    9.289
    Пол:
    Женски
    Па изгледа од сам почеток. Ќе проверам на сликичките како ми пишува. Тоа значи дека покасно се фатило, така?
     
    На Dikinzi му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Kallias2

    Kallias2 Популарен член

    Се зачлени на:
    2 август 2019
    Пораки:
    1.715
    Допаѓања:
    4.042
    Да, покасна овулација и ништо страшно. Ќе си се водиш според мерките од ехо. Ете сега 3-4 дена назад сум според ехо и на секој преглед така си излегува, никогаш според последна М.
     
    На kavadar4anka и Starlič им се допаѓа ова.
  6. Starlič

    Starlič Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2017
    Пораки:
    1.604
    Допаѓања:
    9.289
    Пол:
    Женски
    Сега ги разгледав сликите, не каснела толку, 2,3 дена од сам почеток. Сега последниов период касни волку многу. Ваљда не е страшно :?:.. Како да се водам, по овие мерки ли? Сега всушност сум 38+5 по мерки од ехо.
     
    На Ms allways right, Dikinzi и Kallias2 им се допаѓа ова.
  7. Kate Rina 93

    Kate Rina 93 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 декември 2018
    Пораки:
    3.638
    Допаѓања:
    53.448
    Пол:
    Женски
    @elenaklasik Добра сум, лежам по цел ден, станувам само за во вц. Имам кафено од време на време. Ама ми рекоа дека не е страшно . Бидејќи сум крварела, затоа сега имам кафено. Стара крв било тоа.
    На преглед сум на 28ми ,ќе видиме како е бебушот и ќе ме боцнат со прогестерон.

    Само нека е добро се, па се останато ќе се издржи:D
    Ти благодарам што помисли на мене:hug:
     
    На green.eyes, Sexybaby86, Butterfly1107 и 6 други им се допаѓа ова.
  8. Kallias2

    Kallias2 Популарен член

    Се зачлени на:
    2 август 2019
    Пораки:
    1.715
    Допаѓања:
    4.042
    Епа да, според мерките од ехо, ама до сега кога те гледаат на ехо ти рекле ли нешто за тоа што касни, ај 2-3 дена ништо не е, ама сега 2 недели ако е само сега, тогаш не ти рекол ништо докторот што те гледа? Кај истиот ли одиш секој пат, месец?
    Инаку за полесно да се породиш, јас со второто качував и симнував скали 2 дена по ред по не знам ни јас колку пати, како да вежбаш по 10 пати пример да се качиш и да се симнеш и после одев, пешачев ама брзо и подрипнував дури и наредниот ден ми падна чепот, а после 2 дена откако ми падна чепот ме фатија болките и се породив за 5-6 часа.
     
    На Dikinzi и Starlič им се допаѓа ова.
  9. Cherry333

    Cherry333 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2019
    Пораки:
    3.436
    Допаѓања:
    8.541
    Пол:
    Женски
    Јас мислам дека на крај не се толку битни мерките, зошто според нив сите бебиња би се раѓале со определена тежина ако се кај сите исто, а тоа не се случува. Има бебиња од 3 и од 5 кила што се раѓаат во термин. Не верувам дека некој ќе те чека уште месец дена. Се водат според последна менструација, затоа се даваат плус 2 тие недели.. Нема да бидеме трудни 12 месеци мајката, моето одговара на 37+4 :wasntme:.
     
    На green.eyes, Ms allways right, kavadar4anka и 3 други им се допаѓа ова.
  10. Kallias2

    Kallias2 Популарен член

    Се зачлени на:
    2 август 2019
    Пораки:
    1.715
    Допаѓања:
    4.042
    Мене па секогаш ме водат според ехото како кажува, според последна М една дата кажува, а според ехо друга и ми пишуваат краен термин според дата од ехото и така и јас си се водам....
     
    На Ms allways right му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Cherry333

    Cherry333 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2019
    Пораки:
    3.436
    Допаѓања:
    8.541
    Пол:
    Женски
    Абе да, и јас се потресував дека ми е поминат терминот и читав баш за тоа. Најмеродавен е крајниот термин што е добиен на првиот преглед, затоа што после секое бебе различно напредува и датумот само се измрдува. Зошто мене на последно ехо ми излегува 11 јануари термин. Прво нема шанса да ме чекаат до 44 недела според циклус, второ знам точно кога ми е зачнато бебето, не е толку закаснето. Само во 9 месец зезаат со меркиве, не знам ни колку точно мерат. Најбитно е вода и протоци да се ок..
     
    На green.eyes, Dikinzi и Kallias2 им се допаѓа ова.
  12. Kallias2

    Kallias2 Популарен член

    Се зачлени на:
    2 август 2019
    Пораки:
    1.715
    Допаѓања:
    4.042
    До 44 недела нема да стигнеш, до 42 да, може, како кај мене што беше, само што јас 40 си ја рачунав и така и се породив, на датата предвидена за да се породам според ехото
     
    На Dikinzi и Cherry333 им се допаѓа ова.
  13. Starlič

    Starlič Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2017
    Пораки:
    1.604
    Допаѓања:
    9.289
    Пол:
    Женски
    @Cherry333 И тебе ли ти рекоа дека касни со неделите? Јас знам точно кога сум останала трудна, и на почеток на докторот неможев да му го објаснам тоа. Он беше упорен, не се смета така туку по последна менструација. А се фати точно 14 дена после менструацијата. Сега вака таман ми излегува. Незнам што да кажам и што да мислам. Битно има вода, си мрда, се храни. Па сега како ќе каже Господ така нека биде.
     
    На green.eyes, Ms allways right, kavadar4anka и 4 други им се допаѓа ова.
  14. Cherry333

    Cherry333 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2019
    Пораки:
    3.436
    Допаѓања:
    8.541
    Пол:
    Женски
    Така ти напредувале бебињата. Мене според циклус последен термин ми беше 22, а според првото ехо 30 декември. Тоа веќе има логика, а и бебето ми е зачнато на 30 март +- 1 ден нели, 2 дена живеат сперматозоидите :D
     
    На Milicka*, Dikinzi и Kallias2 им се допаѓа ова.
  15. Cherry333

    Cherry333 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2019
    Пораки:
    3.436
    Допаѓања:
    8.541
    Пол:
    Женски
    Да да цел 9 мене ми касни според ехо и тоа 3 недели, затоа и се нервирав. Ама вчера прашав докторката вика по правило не ни треба да ве мериме сега, муабетот со водата и протоците. Инаку 1 недела каснеше секогаш, а у 9 ептен почна.
     
    На Milicka*, Dikinzi и Starlič им се допаѓа ова.
  16. ddevojce

    ddevojce Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јуни 2013
    Пораки:
    3.492
    Допаѓања:
    4.549
    Ако имаш повеќе познавање за протоци пиши како и што. Оти јас на последниот скрининг кога бев од левата страна малку е послаб протокот, ама докторот рече дека е ок бидејќи на десната страна била плацентата и таму лежело бебето. Десната страна бил ок протокот.
     
    На Milicka* и Dikinzi им се допаѓа ова.
  17. Cherry333

    Cherry333 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2019
    Пораки:
    3.436
    Допаѓања:
    8.541
    Пол:
    Женски
    Е не знам стварно да ти кажам. Си прават они тие доплери и гледаат протоци до бебето. Не се разбирам ич :$.
     
    На Milicka* му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Baby1988

    Baby1988 Активен член

    Се зачлени на:
    26 декември 2019
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Женски
    Девојки,јас сум правена конизација пред скоро 10 години.Имав 3 бремености и во сите три ми пука водењакпт,првото се роди 32 недела и фала му на господ добро е,живо и здраво,втората бременост имав спонтан во 22 недела и во третата бременост се породив 28 недела но за жал бебчето почина после неколку дена од сепса.Ме интересира дали некоја има правено трансабдоменален серклаж пред бременост,ако може да ми објасни повеќе околу постапката и каде правела?
     
  19. Starlič

    Starlič Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2017
    Пораки:
    1.604
    Допаѓања:
    9.289
    Пол:
    Женски
    @Cherry333 Јас и ти и нашите малишани сме живи циркуси. :rofl:
    Мора да се запознаеме надвор од форумов :D Сигурно ќе има уште многу да споделиме:D
    Триста чуда преживеавме во овој месец хахаха
     
    На Ms allways right, Milicka* и Cherry333 им се допаѓа ова.
  20. Dikinzi

    Dikinzi Популарен член

    Се зачлени на:
    20 април 2019
    Пораки:
    2.603
    Допаѓања:
    6.164
    Пол:
    Женски
    @Cherry333 Јас мислам вашиве ќе чекаат нова година да дојде :D Со огномети и петарди им се испаѓа :D
     
    На Ms allways right, Milicka*, Butterfly1107 и 2 други им се допаѓа ова.