Јас имам правено и државно и приватно, приватно тогаш цената беше 10 000 денари и Многу посигурно се осеќав. На гак како на лента прават киретажа, што не значи дека лошо ми ја направија туку психолошкиот момент кај мене беше пресуден за да имам таков впечаток. На пример приватно пазеа како ќе ме боцнат, ми објаснуваа што ќе биде следно, на гак некои доаѓаа со денови за да ги задржат за киретажа (ама ако имаш крварење нема сигурно да ти го прават тоа) и полузаспани од анестезија од врата во ѕид ги маваа со креветите возејќи ги назад во соба. Пак ќе кажам психолошки ѓи делуваше пострашно на гак, не дека поминав лошо со самата процедура
Па на доплер, ама кажа дека не е страшно во ред е било, виде тама положба на бебе на плацента. Минатата недела кога бев заборавив да го прашам. Здравје и живо на 7 ми сум на комтрола ќе го прашам
Не се согласивам со тебе во врска со ГАК, и мене ми правеа киретажа таму и не беше воопшто така, напротив беа сите многу љубезни и ми објаснија што ќе се случува, собата ми беше спроти таа кај што правеа киретажи па можев да гледам се, за нив е тоа нормална работа што ја прават дневно на 100 жени затоа може ти личело како на лента.
Епа тоа е предвидено со лекарското сметање на терминот, се смета ид јајце клетка, оплодување и се натака. Ако знаеш со со кој однос си останала бремена тоа не значи дека истиот ден настанала бременоста. Значи точно си е со последна менструација ако имаш регуларни 28-30 дена циклуси. Мене на пример не ми беа регуларни и бебето каснеше со мерките, задоцнета овулација имав тие месеци. Ама еве сега скоро се изедначи. На крај и јас мислам дека не играат толкава улога мерките зашто не се раѓаат сите бебиња исти. Нормално протоците да ги проверуваат и слично. Колку го надмина терминот ти, јас имам уште две недели и ќе побудалам веќе на моменти мислам дека стомакот ќе ми се раскине
Мене ми правеа на дежурство, а исто лежев спроти просторијата и скоро се гледав, имаше некои што зборат под анестезија, музика си оди во позадина и само ги носат. Може тоа ми придонесе да ми изгледа пострашно, може и дека првпат ми беше
Јас немав никогаш редовна менструација, добивав на секои 2,3 месеци. Јас сум 40+5, а по мерки на ехо 38+5' Нема да се нервирам веќе. Како биде нека биде.. Како што е Господ никој не е. Кога ќе чукне саатот тогаш ќе биде. Маж ми има една комшика и она со исти термин како мене 21.12 денес се породила, машко бебуле. Така да веќе мува не ме лази. Битно се развива како што треба.
Само напред, сѐ подобро да биде! И за нова година немој ти текнало да се журкаш негде! Има да одмораш дома, со некоја новогодишна прослава на ТВ, Преспав на пример јадење пиење и таман си е. (Инаку за мене си кажав хахха) Ете толку имав да кажам.
Даа, договорено е за нова година. Во кревет со маж ми , ќе каснеме по нешто, Преспав ќе гледаме и на Фемина ќе дремам. Маж ми вика оваа година најефтино ќе поминеме
Јас секогаш имам точна менструација. Може ден-два да измрда ама со месеци не. И овулација знам кога ми е, па сега на крај меркиве измрдуваат. Нема правило..
Мамици ај кажувајте колку треба да е шеќер после првиот час од течноста , само што ја испив лепотанов мирен е засега хахаха на гладно ми беше 4,7 ич не знам како одат вредностиве , се надевам ке биде во ред
Првото мерење по пиењето треба да биде максимум до 8, а второто до 6.5. Мислам дека универзални се референтните вредности.
Во која недела го испитуваш? И како беше, колку боцкања прават (ако може само за процедурата да ми подобјасниш )? Венски, така?
Јас испитувам во 23+2 , прво мерење по вредностиве е ок , да видиме второво , боцкаат во прсте , сега дремам за второ мерење , ке пројде само да се во ред вредностите , течноста не ми беше претерано грда ама ме убија киселини сега хахаха значи вкупно три боцкања , држите среќа да сум ок , ама бебево изгледа си нанка тек сега почна со нозе да мава хахаха .
Овие вредности јас си ги земав дома кога мерев. Зошто сепак во лабораторија не се истите услови. Многу шеќер наеднаш внесуваш и не смееш да направиш ништо за да ја намалиш вредноста што нормално би правела, како пиење вода и движење. Затоа даваат повисоки дозволени вредности според мене. Иначее како мене од прст не ме боцкаа, ракава џигер ми беше после
Боцкањето за скриен шеќер мислам дека секаде во сите држави се прави со земање крв од вена. Од прст прв пат слушам....од прст си проверуваш со тие апаратчињата од дома јас мислам...не знам, прашај го докторот најубаво, за да испаднат најверодостојни резултатите.