Труднички муабети

Дискусија во 'Бременост' започната од meU, 23 јули 2012.

  1. TIGARCE86

    TIGARCE86 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 ноември 2012
    Пораки:
    1.441
    Допаѓања:
    2.598
    Пол:
    Женски
    Девојки еве и јас денес бев на гинеколог,правев приска и микробиолошки вторник резултатите ќе ги земам,додека да видам дека се ок ќе полудам,моево бебушко ептен немирко,или немирка :D не остави на рает да го измери докторката жив акробат е не застана горе доле сега со мерките некако помалце ми се од тоа што треба,ама докторката кажа дека е супер се нормално јас си викам може не го измерила убаво не и даваше,само мрдаше се вртеше дајте ми некој совет се секирам што за многу малце е помало од тоа што гледав на нет,според мерки што мислите вие пишува дека и секое бебе расте индивидуално какво искуство имате со ова ви благодарам поздрав
     
  2. mila25ve

    mila25ve Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 октомври 2012
    Пораки:
    454
    Допаѓања:
    1.090
    Пол:
    Женски
    не се секирај можеби не го измерила добро докторката и штом ти рекла дека се е ок нема што да се секираш, и мојот немирко нонстоп мрда јас и ден денеска на 30недела сеуште го немам видено добро, докторот се зафркава дека не бил фотогеничен несакал да се слика :lol: на почеток и он беше малку помал од што треба баш поради тоа што докторот неможеше да го измери но еве го сега понапреден е за 10дена од што треба
     
  3. TIGARCE86

    TIGARCE86 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 ноември 2012
    Пораки:
    1.441
    Допаѓања:
    2.598
    Пол:
    Женски
    Фала мила ептен се секирав викам да не не ми кажува докторката нешто,ама ете ти поискусна мама си поминала знаеш,ми олесна ептен ајде уште малку имате вие да се гушкате и галите :D нас рано ни е 14 недела сум и незнаеме уште што е не ни покажува :D поздрав се најубавооо :*
     
  4. wtff

    wtff Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2014
    Пораки:
    445
    Допаѓања:
    533
    Здраво мешиња како сте? Јас не ви пишувам многу, дека нема ништо ново па да не ве замарам со непотребни муабети. :lol: Но, ве читкам нон- стоп. ;) Здравје кога ќе почнеме со испитувања, со клоцањата на бебушот ќе ви пишувам постално.

    А да, бидејќи јас и мажето сме многу среќни дека СМЕ :lol: бремени конечно, си кажуваме на сите. И денес сестра ми ми кажува, како една нејзина другарка и рекла да ме советува да не кажувам на никој, дека било рано сеуште... |( Сега си само мислам дали е се во ред со моето бебенце, а на гинеколог сум дури на крајот на месецот...... Аман со овие наши „верувања“.. Па тоа е се Божја волја како ќе биде, нели? Имам една пријателка од Италија (права Италјанка, не од нашите Италјанки :D ), дури на фб си напиша дека е бремена, и тоа само што излегла од кај гинекологот. :!:

    Добра ноќ ви посакувам :* :hug:
     
  5. mila25ve

    mila25ve Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 октомври 2012
    Пораки:
    454
    Допаѓања:
    1.090
    Пол:
    Женски
    зошто да криеш тоа не е нешто што треба да се крие, со лесно некати е и со господ напред се нека биде како што треба напротив бременоста не треба од никој да се крие, не се секирај се е во ред со бебушот само со позитивна мисла и ќе имаш многу полесна бременост
     
    На wtff му/ѝ се допаѓа ова.
  6. bebeto93

    bebeto93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2014
    Пораки:
    432
    Допаѓања:
    166
    извинете, дали може да ми кажете како се прави приска? на кој начин?? утре треба да и потврдам на докторката дали ќе правам, ама ме интересира на кој начин се прави?
     
  7. TIGARCE86

    TIGARCE86 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 ноември 2012
    Пораки:
    1.441
    Допаѓања:
    2.598
    Пол:
    Женски
    Јас денес ја правев во Гак те прашуваат тежина,природно или инвитро возраст ,спонтани абортуси дали си имала,и последните мерки од бебето од ехо мора да ти се правени во ист ден или ден претходно,но не покасно од 2 дена ти земаат крв од вена и според тие математки вадат некои бројки дали е можно да има некоја аномалија прави си го не губиш ништо и миркобиолошки правев денес исто се што треба да се прави ќе правиме поздрав :D
     
  8. Jagoda123

    Jagoda123 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 април 2012
    Пораки:
    2.467
    Допаѓања:
    11.107
    Пол:
    Женски
    Со резултатите од скринингот, одиш да ти прават приска. Ќе ти земат крв и ќе ти постават неколку прашања од типот:
    - Колку години имаш?
    - Која бременост ти е оваа?
    - Дали имаш некои наследни болести, на пр. шеќер?
    - Дали си пушач и сл.
    Резултатите од приската ќе ги добиеш за неколку дена.

    TIGARCE86 ме претркала со одговорот! :)
     
  9. Rusi

    Rusi Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2013
    Пораки:
    374
    Допаѓања:
    325
    Пол:
    Женски
    Здраво мешиња!
    Ние вчера бевме на преглед и сеуште сме изненадени и по малку збунети, 14 недела сум, а докторката беше 100% сигурна за полот, по тоа што ми го покажа на монитор навистина е така, само што не очекувавме да го дознаеме полот барем уште некое време, ама јунакот наш беше расположен да се претстави :D :inlove: лицето неможевме да го видиме убаво ама курето го намести за сликање :D :D :D
    Мамички ви посакувам убав ден на сите :hug: :hug: :hug:
     
    На koritsaki му/ѝ се допаѓа ова.
  10. wtff

    wtff Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2014
    Пораки:
    445
    Допаѓања:
    533
    Здраво женцки, како сте денес? Да ве прашам за депилирање на мешињата, односно од папчето на доле. Пред да останам бремена се депилирав со депилатор, сега уште не сум, незнам дали може? Пишав во темата за депилација во бременоста, ама никој не ми одговори, не е многу активна темата. :wasntme:
     
  11. Jeny

    Jeny Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 декември 2011
    Пораки:
    357
    Допаѓања:
    230
    http://www.youtube.com/watch?v=36gW-IPV0aA
    Мајчички имајте убав ден, ама му годи на бебчето мое овој гласен звук и оваа весела песна. Танцува, клоцка, прави егзибиции балерината на мама :inlove:
     
    На Agrona му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Cacuvche

    Cacuvche Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2013
    Пораки:
    997
    Допаѓања:
    325
    Пол:
    Женски
    Ајде и ние ќе си пробаме со песнава, ние редовно си слушаме бебешка музика.
     
  13. Mravce

    Mravce Популарен член

    Се зачлени на:
    11 март 2012
    Пораки:
    628
    Допаѓања:
    805
    Јас се депилирав и таму дека хормоните таму ми мавнаа таму имав повеќе влакненца ама јас на депилација си одам :D
     
  14. Agrona

    Agrona Популарен член

    Се зачлени на:
    21 декември 2012
    Пораки:
    1.240
    Допаѓања:
    1.713
    Пол:
    Женски
    Здраво убави мешиња. Како сте ми денес?
    Ние вчера бевме на преглед и мажето мало и се налутило нешто на мама па не сакаше да си го покаже лиценцето ни ги покажуваше ноџињата/стапалцата големи како на мама и тато. :$ Што нога изваде беше муабетот од докторката и се смееше. :lol:
    Баш и вчера ми земаа крв за Д-димери и резулатите одма ги зеде мм и кај докторката ги носев и рече дека се е во ред. Сега треба од 26 до 28 недела да одам за проверка на скриен шеќер. Ми дадоа упат да одам во Адриалаб почнале да работат со сини картони, фала Богу нема да чекам во ГАК или во друга некоја болница.
    Бебушко е во ред фала му на Бога си напредува. Сега сме веќе 873 грама скоро 400 и нешто грама поголеми од минатиот месец кога бевме 471 грам. Нека си растe нека си мртка тоа му е работа. Немирно бебувчево мое мажулето мајкино те се тегни те се врти и веќе почнувам убаво да го осеќам неговото клоцкање. Според докторката вчера ми рече дека сум била 26 недела + 2 дена, а според тоа што ми кажа дека на 21 јуни ми е термин тука на стикерите излегува дека сум 25 недела + 6 дена. И малку се збунив. :^) Како и да е, нека си расте мажето нека си биде здраво, живо и право кога ќе се роди.
    Не ми се верува дека за уште некоја недела ќе влезам во 7 месец WOW !!! :tmi: :$ Ама си поминува времево брзо, денови, недели, месеци....
    Изминативе два дена бев да не речам ама ќе речам "тапа". Како омалаксана, како настината... е што да очекувам кога пиев кисела вода цел ден. :tmi: Малку крајниците ми се вцрвиле. Ајде супа жешка, ајде лимони, ајде чаеви и денес сум ОДЛИЧНА. Уште викендов и почнувам на работа од понеделник, толку од одморот две недели доста ми беа. ;)
    Имајте убав ден и викенд мешиња.
    Поздрав ! :inlove:
     
    На Jagoda123, slimy и Jeny им се допаѓа ова.
  15. bebeto93

    bebeto93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2014
    Пораки:
    432
    Допаѓања:
    166
    понеделник ќе правам приска, а се извинувам пак со слично прашање, колку чини приската? и после првиот скрининг микробиолошките колку чинат? да знам колку пари да носам со мене, да не земам помалку па да се брукаме таму :rofl:
     
  16. TIGARCE86

    TIGARCE86 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 ноември 2012
    Пораки:
    1.441
    Допаѓања:
    2.598
    Пол:
    Женски
    Супер Руси твоево се покажало јас сум исто 14 недела кај мене никако неможевме да го измериме не застана од првртување,пола саат го мереше докторкта нареден пат ќе видиме ако е расположено,нема везе што сака нека биде само да е здраво и живо ти сега можеш да мислиш за име јас ќе си почекам уште малку :D
     
  17. TIGARCE86

    TIGARCE86 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 ноември 2012
    Пораки:
    1.441
    Допаѓања:
    2.598
    Пол:
    Женски
    девојче мене се на се ми излезе со се микробиолошки брисеви,скриниг за даунов синдром и приска 2000 ден и јас се чудев демек со плави картони ама се си плаќаш таква е оваа наша чудесна земја :lol:
     
    На bebeto93 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Jeny

    Jeny Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 декември 2011
    Пораки:
    357
    Допаѓања:
    230
    Дечки, скапо е ако идеш во приватна клиника, во државна со плаво картонче, скрининг и приска дали 300 или 150 денари платив не се сеќавам. И двата скрининга ги правев во државна ( со упат нормално од матичен) и сум презадоволна и од односот и од професионалноста на докторите.
     
  19. MrenaRiba

    MrenaRiba Популарен член

    Се зачлени на:
    28 декември 2013
    Пораки:
    367
    Допаѓања:
    1.287
    Пол:
    Женски
    Денес бев на гинеколог и си го видов бебчето,какво е срценце малечко. :inlove: Му го слушнав и срценцето и се расплакав пак како минатиот пат.За недела ипол треба да правам приска и скрининг,а по недела-две ќе правам и микробиолошки испитувања и се надевам се ќе е во ред.Не ми се верува 11та недела сум скоро.
    Ми рекоа дека следниот пат кога ќе отидам на гинеколот,за месец дена, 14 или 15та недела ќе сум можеби ќе можеле и полот да го видат.Што мислите ќе можат да го видат или не?
    Инаку супер сме си ние,си напредуваме веќе почнав и да кажувам дека сум бремена,нема што да кријам иако сум самохрана мајка,нели?
     
    На artemidis му/ѝ се допаѓа ова.
  20. mila25ve

    mila25ve Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 октомври 2012
    Пораки:
    454
    Допаѓања:
    1.090
    Пол:
    Женски
    мене на 15недела ми кажа гинекологот дека е машко но не беше сосема сигурно и веќе на следно идење убаво си се покажа синко, инаку и јас како тебе плачка се расплакав когА му го слушнав првпат срцето па докторот го "теши" мажми демек биле солзи радосници да не се секира :D и да и ден денеска знам да си заплакам кога ќе ме клоцне синко малку посилно и кога ќе ми даде знак дека тој е секогаш тука да и прави друштво на мама :) голема подршка до тебе и со лесно нека ти врви бременоста