Ке препрашам пак , ке направам уште еднаш , иначе второ мерење ми е 10.4 се исплашив сега, ајде третото ке видиме
И кај нас во Велес зимаат од прст, така правеле од секогаш. И не ми дадоа да пијам 500 мл, него мала чашка од 150 мл. Секој има различен метод на испитување, секој град е различен. А после пиењето ви рекоа да одмарате или ? Пошто тука кај нас ништо не кажуваат, освен да се вратиш за 2 саати, и само вода смееш да пиеш. А јас си се изнашетав таа ден
Ми рекоа да не мрдам никаде овие два часа , а дали имала некоја вредност како мојава ? 10,4 и што е следно ? Диета нешто ? Да си исфрлам шеќери и леб најубаво , секако ке отидам и кај матичен да го видиме уште третово мерење.
Да ти кажам, од тоа што сум читала овде на форумов, знам само дека ако е висок да се контролира со тоа што го наведе ти погоре..леб, бели пецива и вештачки шеќери да се тргнат од употреба, уствари има членки што знаат ептен за ова, они можат детално да ти објаснат, да не ме пцуеш после
Изгледа во Охрид пракса е од прст да земаат. И мене кај матичната од прст ми мереа. А бе ако има нешто и од пета да ти земаат, ќе покаже. Исто како и @Dikinzi ми дадоа од помала пластична чашка со 75гр. шеќер раствор и тоа заситен, ко сутлијаш беше хахах, и двапати ми мереа. Всушност трипати со она на гладно. И во ред беше. Како и да прават, едни вака други така, не планирам да мерам пак. Да имаше нешто, нема кај да бега, ќе се видеше.
и во Кавадарци од прст земаат крв за испитување на скриен шеќер... мене дури и поболно ми е од прст него ли од вена
Денес 31+1, влеговме во 32 недела... Во понеделник сум на преглед, па ќе ја видам беба... Не ми се верува колку брзо лета времево. Влегов во 8иот месец Некако веќе не ми се оди на работа, многу сум поспана... а нема застој, турбо е нон стоп. За синко до 01.02. одев на работа, се породив на 8ми, ама сега некако потешко ми е... Дали знаете кога може да се отвори порано породилното да си знам во секој случај? Поздрав мами
Хехе матичен ми е Захариески ама на преглед одев кај Митко во Систина со ивф сум, а сега планирам плодност да отидам таму сакам да се пораѓам , на Иво ич му ја немам довербата хахаха,затоа си одам и наваму натаму , Љушев ме откачи комплицирана сум била и така па ке видиме како ке ми биде третово мерење
Мене ме боцкаа два пати ми рекоа да пијам вода ама не многу и голтка по голтка. Бидејќи имаше многу гужва јас не седев во амбуланта, отидов кај мајка ми во ординација и таму седев. После тоа сестрата се бунеше зашто сум се движела демек требало да седам таму во случај нагло да ми падне шеќерот во некој шок сум можела да паднам и дека таму имале инекции за да ме освестат. И јас сфатив дека заради тоа не треба движење, а не дека влијае на резултатите.
Е висок ми е шеќерот 10.3 после два часа ке чекам инструкции понатаму , се разочарав мн и се исплашив....
Кај ли ми е постот ? Пишав дека и јас сметам оти одма ќе покаже ако има нешто, и дека и на бебе се гледа. Среќа шо не не праќаат за секое испитување во Скопје, па колку толку си имаме да не испитаат
Психолошки,имам трауми за цел живот,понашање како со животно да не кажам... да бев свесна во моментот подобро ќе платев 10 иљади денари. Можеби така сум ги погодила во моментот..
Јас лежев два пати на гак и се сложувам со тоа дека ФИЗИЧКАТА БОЛКА што ја дожувуваме од киретажа(не дај Боже) или пороѓај(дај Боже)некоја друга интервенција НЕ Е НИШТО,во споредба со ПСИХИЧКАТА БОЛКА кога ќе се излезе од установата наречена гак.Асални доктори,сестри се бројат на прсти(и голема среќа е да се на смена),а на другите не би им дала ни метла.Никако да сфатат дека сме луѓе,а не животинско царство.Господ нека не чува
Кога за прв пат го почувствувавте бебето? 16+4 сум и сум во исчекување. @Milicka* и @elenaklasik и јас сум ви сограѓанка!
Не мила,таму нема момент,цело време е така.И јас имам психички дебакл,но фала Богу,оф фала на Бога се заврши некако,затоа што кога одев нозете ми се враќаа од таму.Од познаничките кого и да прашам:-Како поминавте?Леле,ќути не прашувај,да имав финансии никогаш веќе на гак.