Полна 36 недела Бебе 2500 гр. До пред 3 недели на оделение ми викаа бебе поголемо за една недела, а денес матичниот ми вели една недела заостанува, незнам кој кажува точно. На оделение ми даваат 2×1 метилдопа Матичниот 4×1. Инаку сум со притисок 130/80 до 140/90 варира, ретко некогаш и 125 /70 имам. Поради претходна бременост со прееклампсија и сега што имам отоци, матичниот ми дава упат за скопје за 24 часовна проверка на протеини во урина. На оделение докторот ми вели нема потреба. Стварно незнам кој пат да го фатам.
Де бре што е работава, на сите ни кажуваат дека бебушиве ни заостануваат по недела,две.. Мене дури страв почна да ме фаќа, дали ќе биде се во ред...
Ја од тебе чекам бебе од 4 кг. Надносено, спремно со ранче директ за во школо. Се шалам мила. Ај не слушајте претпоставки ве молам. Понапред, поназад... Со првото ми викаа нема срцева до 8ма некаде, после тоа па кога дојде време и раѓав у 37ма еееј 3500 бебево нема шанса у 37 големо е, зачнато е порано. Абе ај. Жива глупост. Битно да е се ок. Друго ништо не е битно. Брат ми е у 40та роден 2900 , на 15 години сега е 185 и 80 кг. Не гледам нешто да му фали.
На крај веќе бебуши не качуваат толку на тежина, а и мерките на ехо не се релевантни на крајот. Во првата бременост самата докторка ми го кажа тоа, и вистина така излезе. Цело време ми ја мереше бебка 2 недели поназад, со помало стомаче и немаше ни 3 кг на ехо, а се породив со бебе 3.600 тешко, 50 цм долго, што е и над просек за девојче. Не се оптеретувајте со мерките, разлика секако ќе има, кај мене беше 600 гр помала на ехо, што не е малку воопшто.
@0ли тука може да се прочитаат секакви искуства нормално,секоја знае дека приватно и државно нема ист третман. Некоја поминала многу добро,некоја полошо. Јас имам една доктрока што многу ја сакам и покрај траумата јас си одам кај неа,зошто си ја сметам за стручна и покрај тоа што си одам приватно, си барам и нејзино мислење. Така да нема потреба да се стресираат ако прочитаат некое искуство,секој со својата среќа и како ке се начека моментот. Нема да ги линчуваат,само третманот е поразличен
Ги перам на 40 цело време, не се собираат. Јас. Во 20та открив,лежев до кај 30та. Тогаш веќе се стабилизира 33,34мм и ми дозволи др движење. Се изнашетав и се породив во 39та недела
Денес на преглед го видовме бејби, 28+5 одговара за неделите,супер е само што е свртено со главата горе дури го осеќам како со главата да ме притиска во желудникот и од вчера почнав како гадење да осеќам. Не ме држи цел ден,на моменти е така и среќа брзо поминува. А ова за вртењево док рече рано е,можеби ке смени позиција,ќе видиме на следен преглед едвај го чекам да го запознаам..
Моето може касни ама најнапредно ќе биде од вашите Се шалаам.. Сега чекам за контрола кај докторот па ќе видам што ќе ми каже.
Бев денеска на втора контрола кај др. Илиевски во Чаир и навистина прекрасен доктор. Многу внимателен, убаво гледа се и буцко на мајка 2500гр во 33+1 Брисеви правев, чисто се, може веќе раат да сум хехе Бацки
Се надевам дека за џабе се секирам , ме исплаши што ми рече дека во понеделник може ќе ме задржале а ќе бидам само 35+0 .. ако се случи тоа , нејасно ми е дали првин би пробале со провокации? Инаку бебето е со главчето надоле свртено
Значи ќе се пукнам. Завршив со преглед. Др Васо ме прегледа и вагинален преглед вика може процесот ќе почне за викенд, ако не во понеделник од сабајле на цтг, и спрема него ќе видиме што ќе правиме. Со каснењето било се во ред, сега излезе дека не каснам со неделите, демек не одговарала килажата за тие недели, некаде 3 400 е тешко. Само што 6 дена одминат термин сме. Спомна нешто дека ќе мора со провокација, ама пак не е ништо сигурно. Ама како ме разработи доле, сега ме боли како цепаница да ми има ставено. Вечер една партија секс, и сабајле ако не ме мрзи Сега пешки до 4ти спрат, па шта буде нека буде.
Мене ми направија стрес исто 2 недели заостанува, мешето му е многу мало, 1кг во 31 недела.. јас избезумена не знаев кај терам, после 5 дена на скрининг бебе таман. Од 37 недела не знам ни како напредува ни дали е се во ред.. буквално немам термин за контрола, 39недела. Како што разбрав веќе си при крај па ајде со лесно
Провери ДМ дали има БиОил , не знам шо не пробав кога влегов во 9ти ми се појавија неколку збеснав. Го користам веќе скоро 3 недели и ми станаа ептен побели, а други не ми се ни појавија.
Девојки, кренав температура, грло ме боли малце, што смеам да пијам знаете ли? И пишав на матичната уште ми нема одговорено...