Почна со 37, сега 37.5 , така да ја качувам... Инаку за грло кажете лек плс. Нешто имаше некои бонбони...
Да е само 37, таа не е висока, нормална е за бременост. Но ако качуваш накај 38, напиј се Парацетамол. За лижење само Пантенол. И те молам земи зрно црн пипер грицкај и голтни.
Ако имаш јаболков оцет природен, а може и од продавница направи си гаргара. Ги гори сите бактерии. Мене мн.ми помага. И продолжи си на 2-3 саати да си правиш гаргара. Ако ти е многу јако можеш и со топка вода да го разредиш малку.
Девојки, многу ми се смени ваг. исцедок. Претходно беше по една капка на ден, течно, многу малку. А сега е густо, бело лигаво, малку слично како кога имаме овулација. Не ме чеша и нема некој јак непријатен мирис. Мислите дека треба да си побрзам со правење на микробиолошките тесстови? 27 недела сум. Аха, и да додадам малку ме боли долу ниско, како жила/мускул. Кога одам ме боли, или кога облекувам панталони, и кога се вртам во кревет...а кога стојам мирно не. Миалам дека е мускул некаков, не е поврзано со исцедокот. Пишете ми ако сте имале слично искуство.
И наредно за кога ти закажа? И јас сум тука негде со неделата. Наредно ме викна на 23 јануари. Колку му измери килажа? На моето во средата ми кажа 1100 гр.
За вагиналниот исцедок имам јас искуство од 25 недела натака цело време го имам некои денови сум буквално како помочана. Кога одам некаде сто пати се проверувам да не ми се познава да сум како помочана . Незнам во која точно недела имав само габична инфекција која со промена на исхраната и еден маст ми помина за нецела недела и сега цело време брисевите и се друго ми е океј. Сега сум 38 недела исцедокот ми е уште повеќе зголемен понекогаш ми се јавува и такво бело лигаво , па сто пати се проверувам каков е
Килажата му е 1300грама. Ова денес бев кај доктор што сакам да ме пораѓа,наредно рече да одам во 34та недела. А пред тоа ке си отидам уште еднаш кај докторката што ме води Иначе како се осеќаш?? Јас имам болка во препони само и долниот дел ама од тежината рече нормално е. Вака сум ок немам ни киселини сега за сега
Како напредува бременоста, така се зголемува и исцедокот. Се додека е бел/проѕирен и нема мирис, ок е. Спомни му чисто и на гинекологот кога ќе одиш на преглед, они и од око одма гледаат дали има некаква инфекција. Инаку и мене ме боли како жила некоја долу десно (јас сум 30+). На истото место ме болеше и во првата бременост. Мислам дека е затоа што бебе тежи веќе, плус кај мене и на десно повеќе лежи (и првиот пат исто). Нормално е, притисок е за матката Ај да се пожалам кога сум веќе тука. Ептен ме гребе грлото, а таман реков само со затнат нос ќе пројдам овојпат Сега ќе правам прегорен шеќер со млеко, се надевам ќе помогне колку толку. Аман веќе, стопати се разболев оваа бременост Башка што не памтам Нова Година на која не сум била болна, секоја година редовно
Слично како тебе, добро се осеќам, за болки повремено имам исто во препони или од едната страна долу како да ме растегнува, ама дека клекни-стани правам, чистам, активна сум и од тоа е. Докторот ми рече кога ќе осетиш умор, да се одмориш, а не да претераш. Грч во нога два-три пати ме фати, киселини немам, апетит имам, здебелена сум 8 кг. По последна менстр. се водам како 28+3, а по ултразвук 27+7.
Јас мислам оти сите имаат различни апарати, некои постари некои нови, и затоа излегуваат многу отстапки. Кај некои е поголемо, кај некои помало додека пак кај некој друг бебето е таман. Јас мислам дека немаш потреба од паника, затоа што во зависност од тоа како ти било наместено внатре плус и стуткано е, не можел да земе убаво мерки..ама тоа многу ме нервира зошто ете вака прават стресови без ништо. Инаку во овие недели ( и од изминатите и на интернет пишува) бебињата во натре почнуваат да имитираат дишење, а со тоа нели нормално се дуе стомакот и се намалува, плус и бебе мрда. Немој да се паничиш без веза, кога ќе го видиш колку е совршено, ќе си речеш глеј ги овие што зборувале. А ако веќе дојде до тоа..пу пу пу не дај боже, би требало со провокација прво да почнат, доколку е се во ред Ете гледаш, како што пишав и погоре, точни мерки не можат во поодминати недели да се земат, тоа и од око и од искусен треба да си знае. Иначе ќе те чекаат уште ваа недела, ако не бива провокација прво ќе ти стават Уште не си била на преглед ? Се јави во болница ? Ако поминеш 40 та недела би требало да одиш или ? Парацетамол, и најново што дознав и неќна го пишав за болно грло корен од ѓумбир, сечеш 1 цм, го џвакаш и само водата ја голташ од него, коренот што ќе ишмукаш го плукаш. Не е страшно ако голтнеш корен малце. Можеш и Алпенкрафт сируп, на природна база е , дозволен за трудници. Доста ефикасен според мене, ама прво прашај ја матичната. Со гадењето како си ? Се смирија ли мачнините ? Ова е фантастичен совет, за ракија ми текнало..ама ова не Фала за идејава
@Sexybaby86 како помлада да не речам дете многу страдав од грло.Најмногу ми помагаше маслинки исчукани со чук со семка и на шал така спиев.Или јадев пола маслинка со 2-3 капки лимон внатре.Така неколку.Мислам за трудници може да се примени Сега боцкаат семките ама секогаш за еден ден ми минеше грлото
Хехе јас денес бев на прв преглед кај него Ми се виде добар, може и сме се сретнале ако беше сабајлечки Иначе и нашето кукле е добро ЦТГ мирно а беба одговара за 36та како и што сме Ми рече здравје после 10дена да се видиме и веке мислам дека е доста од плашење ке не чува дедо Боже
Сега ми текна на нешто слично и мене. Дете кога бев, мајка ми на памук ставаше ракија и бибер, па тоа ми го врзуваше со марама на врат преку ноќ. Сабајлето веќе не ме болеше, секогаш ми поминуваше. Ќе пробам и ова со маслинкиве, фала на совет Мене веќе ме болеше грло пред недела дена, па се затнав цела и мислев толку е, кога еве сега почна да ме гребе Раат да не е човек значи
@Sexybaby86 јас пред месец некаде настинав,кашлав и многу ме болеше грлото, не можев да голтам. Јадев сладолед ,грлото за ден, два ми помина
Мешиња сакав нешто да прашам. Имам орботрек, така си дреми во соба. Смеам ли сега да го вежбам малку, на најслабо ќе го наместам, мислам да вртам. Да потикнам процес, барем 5 минути. Или ич да не помислувам?
Нее страшно, ми рекоја дојди кога ќе ти е терминот ако до тога не си породена. Нема ни термин слободен, ќе почнам да офкам за да ме примат.
Фала ви девојчиња на сите. Ќе следам и грозницава дали ќе смири, сега ми спадна температурата, купив пантенол, витамин ц, магнезиум исто земав и ќе терам. Ќе бидеме ок. @Dikinzi не сум ко што бев откако влегов во 8ма недела, не повраќам, пу пу пу, ама имам мачнини пак. Ќе мине и тоа, само некогаш очајно плачам од што ми се повраќа, а не излага.