и јас така сабалјето имав некој лигав слуз мислев дека се измокрив во гаки ) ама не бев свесна дека може да е такво нешто.. вечерта во 3 часот ми пукна водењакот во постела со лесно да ти е само
@Dikinzi Знам. И ги гледам сите тука што лежат се со стомаци. Дури една што беше во родилна со мене ја гледам тука со стомакот огромен, срам ми беше да ја прашам дали се породила, а штом е тука мора да е породена. Ќе се врати, а и да не се врати баш ми е гајлее само бебе да ми е добро .
Јас за 2 дена влегувам во 6ти месец (не ми се верува како лета времето) и имам многу јаки киселини од пред 3 дена. Навечер кога легнувам во уста ги осеќам и ми доаѓаат нагони да повраќам. Дм ме гледа и не му се верува што зборам и ме тера да му опишам како изгледа тоа зашо замислете во живот немал киселини! Немав слушнато такво нешто. Си трпам засега, а иначе Гастрогард да си купам кога нема да се издржува? Ве прочитав 2 членки за мажите дека ви работат во странство. И јас сум во слична ситуација само што порано не ми сметаше толку, а сега ми фали. Му кажав да работи додека сум трудна и после кога ќе се породам дека ќе ми треба дома. Мада едвај чекам да го запознаам ова човечето мало и мислам дека нема да ми текне на дм Едит: Заборавив да прашам што е со тоа високо/ниско го носиш? Го слушам истото често ама не разбирам каква врска има и каква потреба да се искоментира? Најмногу ме излудува другарка што на секое гледање ми вика 'Леле Јанаааа, колкав голем ти е стомакот'. Не можам да ви ја доловам интонацијата (далеку е од сладок коментар) и ми иде да ја залепам за ѕид.
Мајка ми еднаш ме праша дали сум го носела ниско или високо И реков не знам и не прашувај глупости, што е важно. И на другарка ти би и рекла да прекине да ја коментира големината на стомакот.
Колку пати и реков... Последен пат ја прашав да не има некој проблем со големината на стомакот. Испадна дека сум лутка и ми вријат хормоните. Од тогаш на сите само им викам да си дочекате сите ваква убавина и тогаш ќе разговараме.
5 месец немав ни С од стомак, 7 месец изгледав како за 5ти, 8ми месец ми скокна малу стомачето, влегов во 9ти ме прашуваа дали сум 7ми месец.. еве ме пред пораѓај уште сама сечам нокти, облекувам хулахопки и да ми извиниш ама без проблем си ја гледам Госпоѓава секоја жена и да имала 3 бремености зад себе, не изгледала исто, не се ни поправила исто нити се чувствувала исто. Се дур е бебо здрав уживај,полесно за тебе. За купување имаш време, јас почнав кога влегов во 9ти, освен креветчето и количката ги нарачав порано.
Како така не добиваш сликичка ?! Па побарај си.. сепак треба да ти даде, да си имаш за тебе, за спомен... мене уште од 8 недела ми даде (тогаш дознав дека сум бремена ) и одма добив сликичка.. и тоа не една туку десетина... се што гледа го сликнува и ми вади сликичка...
И мене ме боли главата демес, мерев притисок 126/70 пулс 86 добро е се ама така ме боли само на лева страна околу слепоочник и одгоре. Да и мене синоќа грчеви во стомак како менструални болки. Бебе лудува внатре. 35+1 денес. Ако сметам по последна дата на 1.1 влегувам у девети, а према недњлите на 5.1 едвај чекам. Сеа зборев со мм да наместиме креветче, треба да преместиме у соба да прередиме го мрзело, имало време. Сега изморен е од излегување од синоќа и вира се тегне од таа страна на друга страна у дневна. Не му се ни шета надвор на воздух ладно било. Ок 1 степен е мајка му стара, колку сакаш ти Да е температурата у крај декември?? Ќе се облечеш и нема да ти е ладно. Нема лошо време има само лоша облека. Вчера ќерка ми одбра цуцли, на авент зедовме и спремни сме. Само да исперам уште торбица и да спакувам внатре се. Ама ете мм ме нервира, сеа за креветчето, и лежи до мене и повторно рчи. Кога сум ненаспиена се ми смета и многу сум нервозна. ако стомакот ти е горе високо го носиш, ако стомакот ти е доле ниско го носиш. @Dikinzi у стомак мила грчеви, како менструални болки.
Да, јасно ми е по логика туку има некаква врска високо или ниско? Пример мене ми смета на станување и уште сеа ме боли таа pubic коска што ја спомнувавте, па да речеме дека го носам пониско.
Нема врска стомакот како е поставен со ниско и високо носење. Мене стомакот втората бременост поради веќе опуштени мускули, веќе раширена карлица, некоја променета конструкција, ми беше ептен надолу, во скут ми беше кога ке седнав на столче, многу чуден стомак имав испрчен надолу, под гради можев да ставам цела рака. А ниско не ја носев, таман си беше. Ниско или високо носење на ехо само се гледа. Ама се убацувам Ама а ми касни мензис, ме влечат темиве
@mariz и мене ми е буквално у скут кога ќе седнам, и морам со раширени нози да седам, и веќе и возењето ми е тешко, влегување излегување од кола, а за срамната коска да не сборувам колку ме ноли. Гнила ја осеќам И при седење И лежење 24/7. цела рака ставам и јас. Тука се мисли положбата на стомакот дали ти е висок или низок стомакот. По различна конструкција на телото и при секоја бременост е различно. Мене и во двете бремености стомакот ми е доле.
Да, затоа и викам немора да значи ниско поставен стомак дека ниско се носи и бебето. Има трудници кои ниско носеле, а стомакот нормално изгледал.
Јас ја земав оваа од Liberta bebe centar имаш на нет Висока е доста пошто и ние сме високи и има добра амортизација, се вика Kunert Mila има и на други бои сајтот им е доста прегледен, само искрено со количкиве секој со своето искуство и потреби тек ко ке ја извозиш здравје бар 2 3 месеца ке знаеш дали си се за...л или си ја погодил..... Ние кај се не бевме и до тој заклучок дојдовме
Е да и оваа е убава, има избор голем. Само не знам зошто таа кафеавата што ја пратив, не можам да ја заборавам.
@ddevojce , јас тој проблем со лежењето го имам и во двете бремености Со малиот кога бев во трето тромесечие, најзгодно ми беше да лежам на лева страна, така заспивав. Арно ама на него не му се свиѓаше тоа, па за 5-10 минути почнуваше да се буни, да клоца многу и морав на десна да лежам. После 5-10 минути ми доаѓаа страшни киселини и рефлукс, па сите шанси за спиење и одмор беа исцрпени Сега близначкиве се едно на десна едно на лева страна. Како и да легнам на некого не му се свиѓа и протестира Мислам дека кај да е ќе почнам на фотеља да спијам од што ме болат и колкови и кичма и се’ можно. Да прашам..... нормално е да се изгуби апетит? Ама не да се врати на старо како пред бременост, туку воопшто скоро не осеќам глад Малку насабајле само, после доручек сум заситена веќе и не огладнувам додека не си легнам. Јадам за ручек, нешто овошје во меѓувреме, ама од што знам дека морам. Денес толку многу се осеќам заситено што нема да ручам, осеќам ако ставам храна во мене ќе пукнам од тешко. Не ми беше вака во првата бременост, ова нормално ли е?
Се е нормално и да добише апетит и да изгубиш. Јас имав краток период кога бев бе апетит во второто тромесечје и само овошје и благо кадев. Насабајле нешто колку да не минсе врти. Сега ќе јадам, по еден саат сум гладна пак. Еве во 1 попладне денес јадев сега пак минсе јаде и тоа цревата бучат. мене страшно ме нервира кога ќе каже некој е сега треба да јадеш за двујца. имам само еден желудник, бебе си зима шо му треба, а јас јадам колку шо ми се јаде.
Ај добар ден. Меше ме боли од стоење, ептен се напнувам не сум нормална. И после само ѕиркам да не има нешто на гаќи. И кога ќе видам дека е се во ред се смирувам. Имам бајаги грчеви оваа бременост за разлика од претходната , додуша се е различно и везе нема едно со друго. @Dikinzi јас мила нетрудна го бутнав сама имунитетот за 6 месеци претходниот пат, носи дете во градинка, оди на работа по 10/12 саати, зимај од градинка пак оди на работа , седи до 20:30 , па шетај дете до 10:30/11 навечер. Претешко е значи, знам што ме чека. Се ми е на грб, и приватно раб и дете и трудна... Баш ќе биде забавно... Само сега си ветив ќе работам само попладне по 4-5 девојчиња и толку. Не можам душата да ја дадам. @Среќичка не знам кога ќе поминат, ама претешко е. Работам , па одам повраќам и пак работам. Вчера у 2 и нешто ме скорнаа нагони како и секоја вечер. Од спиење ме будат. Се ми е грозно, од се ми се гади, полна сум гасови, ждригам ко маж со пиво и кикирики пред тв за време фудбал. Значи се на се немогуча. Али ќе издржам, не ми е прв пат, имам веќе пракса, само нека е ок бебушка.