И јас од денес 27мата ја терам, исто и мојава беба журки си прави цело време во последно Ама ако нека си преткаат
@bela.m се породи неколку часа по примен клексан. Заради тоа место царски роди спонтано. Ама незнам детали ке ти пише кога ке види
После 12 недела, од 13 натаму ми ги снема гадењето и болките во желудник. Денски имам повеќе енергија, навечер се' ми тежи...Сега веќе во 22 сум и сеуште немам гадење, само што цело време како да ми стои нешто заглавено во хранопроводов и желудников. Тоа е мислам нормално бидејќи бебе притиска...Засега немам киселини па ќе видиме понатаму
Уфффф и мене само ми пага нешто, жив трапчо сранав дури и кога јадам се флекам ама не се умарам си терам и кој ке видам околу мене му кажувам да дигне што паднало..... Пошто ептен ми е мука да собирам клекнувам и станувам Иначе јас од кога сум на одмор немам застанато, само трчам по продавници по кафиња, во денот слабо стигам да одморам како несаглам се со луге се под адреналин. Си викам подобро на работа да одев
Мешковци да си знаете дека на ГАК соба бр.36 работи до 14h само прва смена работат. Јас отидов после 15h па среќа ми правеа цтг. И морам да кажам дека прегледот со рака е неподнослив плачев од болка а тек како ќе боли пораѓајот неможам да замислам. На бебе уште му е убаво во стомаче се е како што треба од утре 37 недела тераме. Имам понекогаш грчеви и менструални болки ама издржливи јас спомнав и затоа си добив преглед со рака
Добро како ви прават тојпреглед со рака?? Ве бркат ли внатре шо прават?? Толку ли душмански го прават тоа??
И јас денес бев на ГАК после 14 часот и мене ме вратија, ми кажаа дека соба 36 до 10 јануари нема да работи втора смена, а на приемно несакаа да ме примат за преглед не сум била за таму , иако бев со приоритетен упат и уште за денеска имам клексани , несакаа да ми препишат, утре сабајле да сум одела. Инаку бебето некако слабо е активно попладнево и благо каснав ама џабе , тоа малку ме загрижува ..
Мене доктор во Ремедика, на дежурство отидов итно со второто и душа ми извади, таков преглед на никој не посакувам, додека мојот што ме водеше безболно ме прегледуваше секогаш, беше незгодно ама не болеше. И баш после тој грд преглед нареден ден бев кај мојот и му викам добро зашто така ме болеше кога ме прегледа тој, а од вас болка не осеќам? Епа вика зависи до техника, секој си има своја.
Епа треба да дофатат цервикс(отвор на матката), а за да дофатат до таму треба доста да пикнат. Особено ако имате подолго грло, повеќе пикаат за да дофатат... јас дека и висока, ама многу долго грло имам, па во Чаир на пораѓај со првото дури се шалеа да викнеле доктор некој со најголеми раце.. ке се мачел да дофати Може и затоа повеќе помалку боли... некој има подолго, некој пократко грло, некој подолги.. А некој пократки прсти
А иначе и вртат рака.. Ама тоа веќе кога е време за раѓање, а жената споро се отвара. Така потпомагаат...
Па и мене така ме прегледуват, баш пишев пред некој ден. Со една претиска на стомак а со друга проверува. Ама не ме боли. Само ми е непријатно таму да се чапатам и дур стави рака не ми е убаво, иначе не боли.
Прегледот е ништо. Ако не се отварате што е тоа.. Леле да не ве плашам, ви посакувам сами да си се отворите брзо, зошто мене дијазепам ми брцнаа после еден таков преглед кога 3ца се запнаа да ми помогнат па како без осет си брцаа со сета сила. Паднав во транс , а викав не е страшно. Тоа ми е најголема траума од пораѓајот, ама и јас сум си крива што не се опуштив до крајот. Едит: @mariz и мене не можеа да ме дофатат. Големка сум си и јас, а и бебе не сакаше да се спушти.
Луѓе вчера мислам беше (цела сум изгубена, почнав да заборавам многу) баш напишав како имав лигав некој бел исцедок не како до сега, вчера вечер цел стомак ми беше во грч со болки ама си реков не е сигурно тоа можам да издржам, па сум заспала. Иначе цел 9ти на вечер сум кома, топ не ме буди. Сабајле станав и решив да одам на шопинг, 1 саат и почнаа како менструални болки ама многу по силни, едвај дојдов до дома, се клацкам како пингвин. Еве лежам не можам да се поместам, долу имам болки , на моменти пак грч и болки на средина. 39та недела сум, се надевам дека за брзо ќе си го гушнам штрумфот мал