Кого да бараме а од кого да бегаме ☺ ако не ти е проблем да ги пишеш кои се ....или барем од кој си задоволна ќе барам таму доктор затоа прашувам
@ddevojce Мене во 27 недела ми направиа преглед со рака и воопшто не ме болеше, ама денес ужас искрено цела сум потресена и тоа јас се тргав да не ме чепка а тој упорно си гледа да види до каде може си ставив на мисла што ме чека, а предходно си бев баш опуштена во врска со пораѓајот. Искрено мислам дека ако нема потреба од таков преглед нека не прават воопшто. @jagodka.18 ги враќаа сите што беа за извештај за клексани. Барем да известат дека се само прва смена да не не малтретираат да доаѓаме за џабе
Е како не си мерела притисок во бременост.?! Зарем Васо не ти мерел притисок никогаш кога си била кај него на прегледи.. Тој има во пракса на секоја трудница да следи притисок , ако има гужви кај него и ако не може тој да стане и да измери притисок тој трудниците ги праќа сестрата од пултот да им измери протосок...
Не бев само за клексани, бев и за преглед, матичната ми даде приоритетен упат бидејќи бебето според неа заостанува заостанува со неделите,можеа барем едно ехо да ми направат
Мене Јане Стојковски ме водеше таму, од него не осеќав болки, а душа ми извади Димитров (мислам така беше), дека отидов кај него со напукнат водењак и ме прегледа опасно доле (ми ја напукна раната од првиот пораѓај) и ме прати дома, а ја па незнам зашто не му јавив на Јане и ств дома си отидов и нареден ден отидов... И поради заматен водењак, завршив царски. А цимерката природно породена од Јане беше, презадоволна. После мене 2 природно ги породи. Инаку на прв поглед изгледа чуден, дека не збори мн мн, ама ептен е супер човекот. Доаѓаше на секое да ме види додека бев таму 5 дена, да праша како се осеќам, како сме со бебе.
Девојки Цел ден сум нерасположена, ни самата незнам зошто. Ми доаѓаат глупави мисли по главата, како ќе се снајдам со бебенцето,, дали ќе бидам добра мајка. Еве си легнав и плачам цело време неможам да се смирам, хормониве ли се што ли е... Ми текна што се поминував додека да стигнам до него. А кога го сеќам вака кога ми мрда уште повеќе ми идат солзи, но овојпат радосници. Ја сакам повеќе од мојот живот, ме потсетува дека никогаш повеќе нема да бидам сама.Се извинувам што сум вака негативна но ете посилно е од мене во моментов...
И мене до сега на секој можен преглед ми мерат притисок.Урина,притисок,крв,тежина..стандарден редослед ми е пред да влезам кај д-рот. @maaitka зошто толку рано преглед со рака?Или имаше индикации некакви..
Фала ти да го имам во предвид ☺ сега за сега сум само кај матичен ама за некое време сакам и таму да најдам доктор за до крај и за породување здравје боже
И мене ми е така, и тоа второ чекам..за првото бев по спремна. Страв ми е и се плашам дали ќе бидам доволно добра за двете. Како иде времето се повеќе се плашам..прво од страв да не ме одбегава првото, а после дали ќе му погодам на второво..Го молам Господ да ми ѓи смири мислите, и да ми даде сила..поим немам шо ќе биде, како ќе биде..и како ќе тераме. Знам газот ќе ми паѓа, ама ако..затоа и ѓи правев. Добри жени.. давајте утеха тука
Незнам зошто те вратија, јас бев за контрола и ми направија цтг и ехо баш ми е чудно зошто те вратија мислам дека треба малку упорна да бидеш нареден пат @dunika незнам зошто немам никакви индикации за преглед со рака, можеби дека спомнав дека имам благи менструални болки и пред некој ден имав грчеви ама издржливи па претпоставувам поради тоа. И имам висок притисок и бебе понапредно за 2 недели па затоа почнав од 35 недела да одам на цтг
@Starlič, без гајле, јас бев пред пораѓај и со епидурална кога се струполив цела, изгубив свест за момент и така се струполив на земја.. едвај ме крена акушерка. Одма вклучија цтг видоа бебе дава знаци и ми рекоа дека нема гајле се е ок. И ок бидна. Ти држам среќа!
Не го запамтив ама нешто шеф ли, директор ли, нз што беше тогаш, нз сега. Ај што го чекав 40мин да ме прегледа, а ја утоп меѓу нозе... Па и ме измачи и дома ме прати со пукнат водењак Провери со тест еден дали е тоа плодова што ми тече, плодова беше и пак дома ме прати и рече дојди утре кај Јане, од 14ч е на смена. И ја не знаев, ај доктор ке слушам така и направив, а вода на секое ми протекуваше дека високо напукнат само малку водењакот беше... Плус мн арогантен беше.
И јас вчера плачев од страв како ќе биде, а денеска ми е смешно. И вакви муабети секогаш ме враќаат кога другарка ми беше трудна со второто и плачеше зашто не знаела дали ќе го сака како првото Хормони.. Сега после 5 години пиеме кафе и ги гледаме како си играат заедно и се смееме за муабетот.
Така, никогаш не ми е мерен притисок. Ваљда бидејќи не сум се пожалила. Пале вика штом си немала проблеми со притисокот супер,не е страшно што не си мерела. Ниту глава ме болела ниту нешто друго. Да не спомнев за тахикардијата немаше ни денес да ми биде измерен.
И jас бев вo истата oрдинациjа ниту еднаш не ми измериjа притисoк илк килажа. Ми рекoа дoма да мерам.