Баш и јас се чудам што толку страв. Две бебиња излегоа па немам трауми од никаков вагинален преглед. Брцка 2-3 прста и ги бутка длабоко да го пипне грлото на матката, но не е како дс ја става до лакт Ве читав за киселините... Пробајте со бадем непечен, или лажица таан. Мене ова ми помагаше многу.
И јас во бременоста немав никакви симптоми на висок крвен притисок, се додека матичната не ми го измери 160 со 100 и стандард си покажуваше 160/100 , 150/90, па и покрај немањето симптоми ме ставија на метилдопа. Инаку со лесно, и да биде прво бебе во 2020
Ги изгледав сите видеа, многу поучни.фала шо сподели. За епизиотомијата можам да кажам дека ја запамтив од цел пораѓај, толку ме болеше шо мислам дека сета сила ја изгубив таму. На последниот напон бебе се беше замотало со папочна врвца околу вратот па морав со сета сила да напнам и да ме сечат да излезе бебе. И тоа голем рез, прсна крв на сите страни, а јас останав без глас од болка. Мм ми кажуваше дека од целиот пораѓај најболно ми било тоа, дека без анестезија ме сечеа на крајта.
Вчера го мерев мојот дека не ми беше арно, 131 беше горниот, за мене е висок и одма го осеќам. Треба да го пратам деновиве, еве се разбудив со главоболка. Пак не сум како шо треба. Грчеви у стомак ме фајкат. А нова год треба да чекам ич не ми се оди. Имаме у една кафана резервирано со македонска музика, поради мм дека он сакаше. Што се мени тиче дома би се испружила. Ништо посебно не ми е новата година. Немам волја.
Леле исто Се надевам се само хормони, верувам ќе дадам се од себе ..ама пак Ако не ти се оди елај си тука, ние дома ќе си седиме Ја испратив малата неколку саати во градинка, да однесам мокрача да ми земат крв и ќе почнам да спремам нешто за јадење за вечер @Starlič Како си ? Колениците како ? Се потсмири ли малце?
Еве сум, тука. Предновогодишно изнаспана. Моиве момци само што станаа. Цела ноќ се дуфта, пу, пу, да не урочам Клексанот е антикоагулант и не и дава на крвта да коагулира, т.е. крвта не се згрутчува и е изразито ретка. Важно е и колку време се примал. Јас цела бременост примав, примав и на денот пред да се породам (се породив предвреме). Бидејќи царскиот е операција и се губи повеќе крв, имаше опасност за мое искрварување. Од тие причини, природно ги родив близнаците. Пак да треба да раѓам, пак природно би родила. За неколку дена бев како нова. И со природниот пораѓај јас изгубив многу, ама многу крв. Не сакам да мислам што би се случило ако не успеев природно. Во текот на бременоста една кожичка од уста ако искинев, ми течеше крв како со нож да сум се исекла. Докторите имаат опција и да треба да те породат царски со примен клексан, само ризикот е поголем, а никој не сака да ризикува. Пак ќе напоменам, важно е и колку време си била на антикоагулаторна терапија. Јас требаше да чекам 12 саати да поминат од примениот клексан за да се породам природно. По поминати 6 саати, бев отворена за раѓање. Господ не чувал. Остатокот од времето додека се породам, сега се чудам како сум го минала. Ако се створат услови, роди си природно за да можеш веднаш бебенцето ти да си го расправаш. Ти посакувам да биде онака како што ти си сакаш. Се најдобро. Среќни празници друшки, годинава нека бидат полни домовите да сите!
Не дојде ти до тие прегледи, тие над 40та ги прават кога веќе ни цервикс не се има скратено, а бебе е веќе надносено. Ти сама си имаш кажувано дека веќе отворена отиде на раѓање. Ова е баш бутање рака доле, од горе под стомак стискаат со рака и врти со раката го дофаќа цервиксот и го стиска и буричка за пушти. После таквите прегледи мене ми паѓаше чепот и после 2,3 дена доаѓав до 2прста да се отворам. Ја немаме среќата како тебе А инаку тие прегледи со 2,3 прста што ги прават само за проверка, не болат
Леле мислам дека е тој пријателот на мајка ми . Јас не го знам ама она стално ми го збори демек пријател и бил он да ме пораѓа. Хахаха после муабетов, не знам баш .
Мамички помагајте, со таква болка во глава не сум се разбудила досега никогаш, ме боли само десната страна одзади кај тилот, страшно ме клука како некој со сета сила да ме удира, се напив и парацатамол ама не попушта, ептен јако е неиздржливо
@Dikinzi Ме болат колениците, прво на нив паднав, па на стомакот, дали се имам набиено и на некои места бебе кога ќе ме удри многу ме боли. Доле ниското не ме боли толку многу како вчера. На 02.01 сум на преглед во Чаир. Бил ли некој кај Беким Дика? Пале рече бил добар доктор, ама не зборувал многу.
Ме боли и мене уште главата ама на левата страна. Уште се немам напиено ништо. Ни кафе ни апче. Мери притисок како ти е. Ако е низок течности и солено и во темна и тивка просторија. За висок не знам. Сега ќе го мерам мојот/ еве 100 со 68 , низок ми е горниот. Сеа есно кафе ќе бујнам и дуќаноте до 2 работат. Да одам да си купам некој фустан за вечер.
Колениците ќе поминат, а стомакот може те боли оти бебето е више големо, и коа се истегнува може така ти прави. Чим си супер добро е
Од парацатамолот малку ми попушти изгледа, си направив и едно смуди и лежам. Притисокот не го мерам зошто полошо ми е откако ќе видам како ми е или ми е 75 со 50 или 80 со 60 ептен за никаде а се осеќам како да снемувам сила најверојатно од него ми е
Скроз,барем јас сум често ко подмочана(се извинувам на израз). Д-рот исто ми рече дека не е пријатен,но е многу потребен исцедокот за да се одржува здрава вагинална флора,да не се развиваат инфекции. Менувај гаќи или секојдневни влошки почесто,не се грижи.
И јас сум цело време со исцедок, секој ден, од самиот почеток на бременоста. Менување гаќи почесто и тоа е тоа. Влошки не користам.