Се ке биде, нели стигнавме до моментот да се дознава полот, да смислуваме имиња, критичниот период е позади нас, сега можеме да си свиркаме Иначе и кај нас тешко одеше мерењето, една секунда не застана, ама на крај успеавме, важно дека сите мерки беа супер, исклучена е можноста за тие не дај Боже болести, уште резултатите од ГАК и веке полесно ке дишеме
девојки едно прашање.сабајле бев на контрола 40нед и 1 ден сум,ме прегледуваа вагинално ми рече докторката дека сум 2-3 прста отворена,тек сега на гаките како кафеавко видов и на првото бришење а полсе не,неам ни болки ни ништо,можно е од прегледот да ми е?
Сигурно од прегледот ти е . Ако е чепот тој имал белузлава боја со розе нијанса, а водењакот ќе го сетиш( Како што ни кажаа на вежби) Сепак ситно броиш, ти посакувам со лесно да си поминиш и ти и бебушко
Здраво мешиња, како сте? Се подреков кога реков дека нема зашто да ви пишувам... Имав попладнево крварење.. свежа крв. Бев на болница, бидејќи гинекологот денес работи до 18h. Ме прегледаа вагинално и се е во ред со бебето, си чука тоа мало срценце , ми рекоа дека скоро сум 10та недела. Ми зедоа крв, ми испитаа крвна група и излезе дека сум негативна. Ми пуштија инекција за крвната група, ми рекоа дека во текот на бременоста уште еднаш треба да ја примам, и по породувањето уште еднаш. Бев преплашена, но ми олесни кога го видов на ехото. Дали навистина е можно од тоа да прокрварев?
Мила не се секирај јас на работа исто слушнав една колешка кажуваше дека била негативна група и морала да прима инекции инаку доаѓало до компликации,најверојатно од тоа ти е сега одмарај лежи не се напнувај воопшто додека да пројде 12 недела ризикот од крварање тогаш значително опаѓа,за секој случај одмарај си да не го мислиш,утрогестан ставаш ти дадоа јас кога имав кафеав исцедок на 6 недела ги користев тие 1 месец не се секирај се ќе биде во ред само позитивни мисли те гушкам
Не мила, не ставам Утрогестан. Ништо не ми дадоа за крварењето. Само инекцијата за крвната група. Утре ќе се јавам на гинекологот и ќе видам што ќе ми каже.
штом не ти дале ништо сигурно е до крвната група,да си го слушаш докторот како ќе каже ние само може да нагаѓаме ова е тоа е,се ќе биде во ред одмарај си самоо душо поздрав
Нема апсолутно никаква врска крвната група со крварењето. Причината за крварењето е некоја сосема друга, си требала убаво да го прашаш матичниот лекар. Инаку не е ништо страшно што си Rh-негатив, твојот сопруг која крвна група е? Сигурно си примила Рогам, истата таа инекција ќе ја примиш уште еднаш во бременоста и евентуално после породувањето, но само ако твоето бебе ја наследи крвната група на таткото, односно Rh-позитив. Во случај да е Rh-негатив, нема да ја примиш. Зарем никој не те советуваше да ја провериш крвната група? Чудно ми е што требало да ти се случи нешто, за да ти ја испитаат. Таа препорака ја даваат уште кога се констатира бременоста. Еве ти линк до темата за Rh-негативни мајки: bremenost/rh-faktor-i-bremenos-t325/ Компликации се јавуваат во втората бременост, само ако мајката роди Rh-позитивно дете во првата бременост, а не прими инекција па во нејзиниот организам се создадат антитела. Тогаш за време на втората бременост, заради создадените антитела, можат да настанат оштетувања на плодот. Повеќе информации ќе најдеш во темата, а компликации од ваков тип (како крварења) немаат никаква врска со крвната група и Rh-факторот.
Девојки како е еве и јас се приклучувам во клубот на трудниците после два позитивни теста сакам да прашам дали некој знае како се смета тоа колку недели си бремена, симнав една апликација на тел. со пресметка од последниот циклус 20.02.2014 до денес ми иѕвади 3 недели и 5 дена, а инаку на гинеколог ке одам за недела - две, па таму изгледа ке ми каже докторот а ? поима немам како одат работите па да ме упатите малку поз
Честитки за бременоста и добредојде во клубот Јас рачунав според калкулаторот на страната на твоебебе, а денес случајно налетав на овој http://www.zaharievski.com/www_zahariev ... ganje.html и многу ми се допаѓа, многу информации можеш да добиеш само до впишување на датумот на последна менструација, ако сакаш пробај па кажи дали ти се допаѓа или да бараме друг Уште еднаш честитки и се читаме
tocno taka.Rh faktorot nema vrska so krvarenjeto.jas proimiv rogam vo sedmi mesec bidejki sum negativ a mm pozitiv, i posle poragjajot primiv povtorno inekcija bidejki kerka mi e pozitiv. Trebalo ubavo da si se rasprasas.da ne ti stavile inekcija za ktvarenjeto zosto sega na pocetok na bremenost za krvta??? kako i da e ne krevaj tesko odmaraj tecnosti i vitaminiq
Честитки и ти посакувам лесна бременост Ние сме на контрола во четврток, па ако не е инает како минатиот пт и да ни го покажува само малото газе ќе може да видиме дали е чупе или момче Јас имам некој филинг дека е чупче, ама што и да е само да е здраво и живо. Инаку 16 недела сум а мачнините и повраќањето никако да престанат и луѓе месо не можам да помирисам а не па да го јадам. Не знам што да правам, на триста начини спремено и пилечко и телешко, свинско, мисиркино, мелено, јок. Едно залче каснам ли правац во тоалет, што чудо ќе беше ова? Ако некоја има сличен проблем како мојот нека пише
Пред неколку дена правевме муабет со снаа ми на оваа тема Она беше најголемиот месар на планетата, друго не и беше важно, месо само да има, откако остана бремена неможе да помириса месо, пред 2 дена влезе во 9-ти и сеуште е исто, месо никако, ниту сувомеснато, салами, ништо. Може е коинциденција, ама и нејзиното е женско, а јас со мојов машкодан немам проблем со месото, иако никогаш не сум била некој љубител на месо
И јас не можам да јадам месо. Среќа немам мачнини веќе, па се трудам одвреме навреме на сила да каснам малку месо (во супа или во некоја манџа). А инаку и мене ми се лоши од мирисот на месо, особено додека се готви или кога е печено на скара (за ова последново сопругот не може да ми се изначуди ). За тоа пак, на тесто и тестенини сум душман. Ама се‘ се лепи на мене. 18та недела сум а веќе имам 6кг вишок (а и пред тоа си имав голем вишок на килограми). Ама сега пролет иде, па ќе пешачам (се надевам).
Мамички редовно ве следам иако не сум многу активна да ви пишувам ама редовно ве читам. 16 недела сум и денес бевме на преглед и докторот ни го кажа полот-момченце е синко мој! мм многу сакаше машко па ете му се исполни желбата, а мене желба ми е само да ми е живо здраво и да си биде се како што треба! Ве поздравувам и имајте убав ден
Да знам што како е со крвните групи. Читам и на таа тема од фемина. Јас во 7та недела бев на гинеколог во Мк. и докторката само ме прегледа на ехо, и ми ја измери тежината (како тоа да е најважно), и не ми рече ниту крв да испитам ниту пак кога да идам на следен преглед. Нон стоп е во фрка она. Тука кога дојдов во Германија, ми закажа докторот дури за 31 Март. И затоа не испитав крвна група до сега. Не бев кај матичниот лекар, туку во болница, бидејќи тој работи само до 18h, а крварењето беше после тоа. И таму дежурната ми рече дека не знае од што би било крварењто, но дека се е во ред со бебето. Сега се јавив на докторот и ми рече да отидам утре, па ќе видиме што ќе каже. Не, инекцијата беше за крвната група, двапати во бременоста ја пуштаат и после породувањето уште еднаш.
Добар ден мешковци!!! Еве ние да се пофалиме бевме да провериме крв и после еден месец тотхема по 1 на ден серумското од 6.6 дојде на 15.9. Хемоглобинот исто супер Сега времево ни се погоди за шеткање и за шопинг, па по малце купуваме за бебушко. Јас најмногу се радувам на купениве работи, а некој запнале не чинело да се купува пред време, па не чинело. Се думам дали да си ја порачам количката што си ја бендисав или да чекам после породување Имајте убав ден