Душа мила Срекна нека ни е на сите И јас исто како тебе се прашував што ти е жено забораваш дека си трудна.... Па дали е тоа нормално.... А и сега во 9ти на моменти (секако без да се гледам во огледало) се заборавам поготово кога сум поангажирана..... Ама овие моменти се мн кратки за разлика од тие пред 2 месеца кога и јас за именден на мм како блесава направив 6 врсти колачи а некој ден пред тоа месев и кифли Леле другарки вчера колку сум изела и колку сум се смеела на арно само нека оди работава.... Едно време ме фати страв да не нешто и штети на беба што се смеам ко лудача.... Па се подсмирив..... Инаку не да ме фака еуфорија пошто веке нема каде да се бега и мерак да ја изгушкам и фуфка од болки и како ке помине порагајот и дали ке биде се во ред со нас две... Па како ке се снајдам и шта да вам напричам кад све веч знате.... Па дома ни наместиле новите работи па тие работите за беба цело време само ги гледам дури и на шишенцата се радувам како мало дете сум @maaitka @Dikinzi генерацијо како иде@Starlič @SanelaS како сте ?
Јас одев кај нив и се уште одам.. значи ништо не сум барала ниту пак сум им посочувала за нешто.. др Васо самиот ми даваше упатства што да правам.. какви испитувања, какви прегледи.. што да тестирам.. буквално се .. и зато ми е чудно кога некоја ќе каже дека во Коруноски ординацијата не мерат притисок, нема таков или ваков преглед и сл...
Сама кажа дека го познаваш и приватно, може затоа и толку ти обрнува внимание. А може е и до самата возраст на трудницата. Нема да те убедувам во ништо. Јас го кажав своето искуство, и покрај тоа што не ми обрнувал толку внимание како на тебе и твоите пријателки што одат таму, јас сум задоволна од него. И мислењето нема да го сменам.
Мешко се е можно.. не викам дека не.. ете само јас се зачудив зошто тој (Васо) важи за еден од најдобрите гинеколози во нашава ни мала државичка... бај да веј ти уште си трудно... не ја прослави новата на клиника ?!? Ајде олесни си се без проблем и не се замарај со докторите.. и ... СРЕЌНА НОВА
Uste sum doma nisto od televizorot utre sum na kontrola pa ke vidime do kaj e rabotata.Sega kako pigvin prezivuvam
Да и јас не успеав да го земам златникот. Сега се враќам од шетање, свртевме круг околу плоштад, улица Македонија, Покрај Беверли, и околу кеј сега си идеме дома. Морав да се разодам. И зборам на ќерка ми дека е просто дете што незнае да користи прилика за да искористи нешто, маж ми се смее. Јас и маж ми сме овнови во хороскоп она ќе биде јарец, и на мама и тато инат си е, затоа не излегува хахаха Среќна и на тебе, се најдобро.
Здраво девојки. Среќна нова година на сите. Сакам да прашам после колку време од царски рез е дозволена друга бременост? Колку треба да има растојание од една до друга бременост?
Среќна Нова година мешиња! Ви следи година кога ќе наполните раце, за прв, втор, трет пат.... Галете мешиња, галете дечиња, зарем има поубава убавина?
Сестра ми има 4 дечиња и сите и се со царски и 3 години разлика по неа знам дека 3 години треба да поминат. Другарка моја со првото се пораѓа царски и само што и заврши породилното се враќа на работа и дознава дека е трудна, а немаше ни година откако се породи и неа ја водеа како ризична бременост и навистина си имаше мака ја болеше раната и стомакот ама успеа до крај и ја породиа во 38 недела со царски, а од првото до 2 има разлика од 1 година и 4 месеци
@*malenavolena*87 како сте вие генерацијо Ние вчера издржавме до 1:30 да си седиме, бидејќи јас од седење отекувам нозете бумбар ми беа ама убаво си поминавме. Инаку бебе не ми е нешто многу активно неколку пати ќе ја почуствувам не е како порано. Утре сме пак на лекар па ќе видиме што ќе кажат. И цело време осеќам некој притисок доле, стомакот ми тежи и минимални менструални болки имам. Инаку и возбудена сум и исплашена што како ќе биде Само да со Господ напред нека не чува и да биде се како што треба
Доседов и јас вчера до 1 ипол.... А мешето не тропа како предходно ама затоа сега цело ми го изместува го врти и се гледа дека и е мало местото.... Повеке од 5 минути пешачење е проблем како коњички трки со препреки да одиме Ама малце остана и се повозбудена сум.... Инаку и јас сум утре за контролни брисеви кај матичниот па може и ехо ке ми прави...
@Starlič издржав некако до 5 ипол и си бегавме... @ddevojce исто.. Кај и да одиме заседнува и не мисли да стане... @Dikinzi едваај издржав.. Глупо ми е да си ги кренам нозете така.. и малку ако се потпрам негде јас веднаш заспивам и затоа сношти му го побарав телефонот демек игри да играм... Баш сега најде мојот да откаже за празнициве..
Кога реков ќе рикам од радост за близначињава едвај се смирив. Ме облеа радост, колку беа малечки и слатки. Си викам дали и мојата палчица ќе биде толку малечка.. Него ми текна нешто, утре сум на преглед во Чаир, неколку трудници од тука, колку што се сеќавам, што биле со одминат термин, повеќе од 10 дена, и биле оставени да ги пораѓаат. Јас утре правам 12 дена одминат термин, можно ли е да ме остават?
Тоа најдобро доктор ке ти каже, а мислам 2г препорачуваат. Но еве @Seduction има две дечиња со разлика 1г и некој ден, а првото и е царски. Кај неа мислам беше непланирано, ама помина се во најдобар ред.
Тебе нешто ептен ти е утнат терминот. Или твојот матичен не е нешто како што треба. Одамна веќе требаше да одиш до Чаир ако си со 12 дена надминат термин. Јас незнам жена која била со 3 дена надминат, а да не отишла до ГАК или Чаир ни еднаш. А дали ке те задржат зависи од ехото, плодова вода, како е бебето, како е бебето ке каже цтгто. Мене ме задржаа таму со 40нед плус 7 дена, за сабајлето да ме пораѓаат со провокации, ама среќа си добив уште вечерта породилни болки и до сабајлето се породив.
Во понеделник беше се во ред, и со бебето, и со плодовата вода. Не бев воопшто отворена. Утврдивме дека покасно се фатило и затоа не излегува, па и според нив, каснам само 3,4 дена. Утре ќе видам што ќе ми кажат. И искрено едвај чекам.
Хелоооо Среќна нова година мешиња Сакам да ве прашам какво е чувството,што осетивте кога за прв пат го осетивте бебушот како си мрди во меше,како бевте сигурни дека тоа се движењата. Јас денес два пати осетив некое пулсирање,како на пример кога ни се случува око или друг дел од телото кога нерв мрди.Еднаш под папокот,а вториот пат некаде над папокот.Незнам како да објаснам,и сеуште не ми е јасно дали беше некој нерв или бебко.Останува да почекам деновиве да видам дали ке ми се случи истото.Аа и да ви кажам првиот пат лежев и помалку осетив,а вториот пат седев и осетив подолго траеше и повеќе се осети.