Види си го терминот од првото ехо кога прв пат имало срцева реакцја, ако имаш дома извештај, тој термин е најточен. Не тој по мензис што го рачунаат, туку тој што го рачуна компјутерот по мерките од бебето. После како напредува, различни гени, поголемо помало бебче, тој термин се менува на секое, ама првиот кога имало прв пат срцева реакција е најточниот.
Тоа е тоа, за некој ден ќе бидеш сигурна. Јас првпат го осетив накај 18-19та недела, во 20та веќе бев сигурна дека е бебето почнав баш појако да го осеќам и дм нонстоп трчаше рака да стави ама слаби беа ударите. Синоќа неколку минути пред 00h баш беше активно (после толку coca cola нормално) и дм го осети. Леле каков беше пресреќен душата ми се стопи Ми легна на стомак и тројцата си честитавме Нова година. После тој момент не ми беше гајле зашто останавме дома, како е по дискотеките, плоштад... Можам да замислам како ви е на тие што се породивте ако ова беше толку убаво
Ух..иде иде Кога омалаксана, кога имам енергија планина да качам, кога сите ми се по ќеиф кога сите ме нервираат На десната нога знае неколку пати како жила превртена да ме фане, едвај стојам одам , ама за некое време поминува фала му на бога. Ти како ? Мене првата матична стално ме мереше, килажа и притисок и запишуваше,имав и мајчина, сега со вторава, не ме мери ни килажа ни притисок, ниту пак мајчина имам. Баш вчера ја прашав другарка ми она се породи во Август, дали и дала мајчина , рече во 9 ти и дала, демек се електронско одело кај неа. А исто и она претходно кажуваше како не ја мери ни килажа ни притисок. Додека пак за сликички добиваме за извоз До колку ? До 5 и пол ? Аман бре жено..што маж без осет ќе имаше Ние кај нас во друштво знаеме да си станеме и да си заминеме дома, порано ми беше незамисливо..ама сега... си се научивме жените една со друга, која колку може до толку седи. Кога ќе се роди бебко ќе видиш Едит: Ти си трудна ,нема незгодно..ако сакаш и со раширени нозе ќе седиш ( така е зборот ) Нареден пат немој да се устручаваш, на некој друг нека му биде не згодно, а не тебе
Искрено да ти кажам..да си била во Велес може одамна ќе те породеа..не им се чека тука, до душа како и ќе се договориш. Има шанси да те задржат, ама има шанси и да не. Плус совет, пошто ти е орв пат во Чаир, за да не чекаш со саати, бидејќи е мноооогу гужва, прво ќе застанеш на шалтер, после таа ќе ти рече да одиш на цтг, и стварно прво на цтг да одиш, оти ако отидеп кај докторот, кој си го чекала да дојде доста време, па тој ќе те прати на цтг, па ќе чекаш за цтг, па после пак ќе чекаш за кај него. Вака прво у собите за цтг, тоа ќе го направиш, ќе си фанеш ред, и пази таму тоа албанките влегуваат преку ред, а да чекаш пола саат не е фер, и од кога ќе го направиш, ќе си чекаш ред кај докторот за да влезеш со направено цтг. И на пример ако имаш во 9 часот закажано, биди таму 8 о 30, прво цтг да направиш. Додека го пишував постов, само цтг цтг цтг ми се слушаше во глава
Ти благодарам на советот, hug:ќе одам порано. Се надевам нема со саати да окапам таму, ако не ме остават де.
Јас не сакав да ти пишам, ама веќе кога праша... Биди спремна да останеш, моја колешка ја задржаа со 4 дена надминат термин и и дадоа фора три дена на патолошка да седи и да се породи. Ама се породи она уште денот кога ја задржаа
Ќе си ја земам торбицата па здравје, како биде така. А ако ме остават на патолошка пример, каква е процедурата тогаш? Што ќе ми прават?
Мислам ја ставиле на цтг и рекле да си чека дека нема контракции. Околу неа биле жени исто такви случаи ама некои имале веќе примено провокации. Сепак еве нека каже некоја мама што се пораѓала. Јас ова од кажувањето на колешката знам... Како и да е те пратат а ти си чекаш да почне процесот
хаха таков е.. неговите другари исти се.. немаат абер за ништо.. само еден има семеен човек со две дечиња. Жена му цело време беше на штрек бидејќи беа дојдени со мало бебе. што знам.. се понашаа како воопшто да не е важно.. бебето им беше во друга соба без греење покриено со кебенце и одвреме навреме ѕиркаа дали спие.. јас така не би можела.. бебето е многу мало, 3-4 месеци а тие седат пијат не се замараат. Ние си отидовме 5 ипол, тие останале многу повеќе.. јас така не планирам понатаму да правам. Јас убаво си правев, секаде си одев со кола и кога сакав си заминував.. Сега сите ми викаат намали со возење, нека вози вереникот, одете со неговата кола зошто и двајцата со коли ... дрн дрн. Понатаму не планирам така. Ниту пак планирам детето свекрва да ми го чува. каде јас таму и детето, ако ми здосади во кола и дома. Немаше ништо интересно сношти но ете морав да глумам и да седам оти сите седат и уживаат..
Кај беше ова за цтг то да ми го кажеш прошлиот петок....Да ме просветлиш Прво си сачекав да дојде доктор а сите беа подредени кај цтгто и он дојде па ми рече оди на цтг па дојди..... И си викам што сум смотана ама ајде памет за следен пат Срека штом завршив ме прими преку ред..... Се надевам тие брисевите ке се чисти овој пат па нареден пат ке си знам кога ке сум Чаир Иначе добра сум се тегнам баш и се чудам деновиве од каде ми дојде енергијава.... На моменти сите ги сакам а на моменти сакам и да тепам некого ама ми се простува Дома ме гледаат како кинеска кралица и тоа е тоа од прилика.... Сега мм ке си оди дома пошто е на работа овие 3 дена па стана муабет да дошол утре некој друг со мене до ординација и до микро.... Викам аман бе луге не сум но смотана ни немокна.... Ама демек не сум била во 9ти месец за дама да се шетам.... А јас едвај чекам да киднам од дома и да свртам сама еден круг па ако ме држи снага со 20 застои мож и до гтц ке пројдам ако не само Рамстор. Се радувам мислиш кузнае кај ке одам ама пошто сум Скопско девојче веке неколку години преселено и кога и да си дојдам се со ангажмани и со луге ми фали сама да си прошетам низ моите улици да си го мириснам духот на градот Иначе @Starlic пред недела дена во ct mall имаше некоја претстава за деца и ја пееа Елко Елко па јас рикнав да плачам..... Така да близначињава се секако повод за солзи кај нас Имајте убава вечер сите
Дај боже, и во Чаир.се чека ама помалку од Гак Кај 4 ти месец Во друга соба без греење ? Жал ми е сеа..нареден пат малце по строго, неможеш ти да трпиш се, посебно не сега во оваа ситуација, мислам ти си побитна Мила, се извинувам што не сум пишала, ама еве баш и сеа ми текна, си размислував коа одев и си реков да пишам. Иначе @Starlič ,јас во Чаир после 40 та недела ми викаа да идам секој втор ден на цтг и преглед, а што се дешава после 41 недела не знам. Јас со болки отидов таму, до тогаш не ми спомнаа ни провокација ни ништо. А за тебе пошто си над 41, поим немам како е процедура, утре ќе објасниш
И ти ли утре си на преглед во Чаир? Да одиме заедно ако сакаш Се испокарав со маж ми сега. Утре сабајле кумовите ќе ни дојдат на гости, и му викам дај да сервираме сега у тањири, ќе ставиме у фрижидер со фолија, утре ако ме остават евентуално да не се термозиш, да ти олеснам само на маса да ставиш. Он кога се сврте, тебе утре ако те остават ја морам до тебе да бидам, ако треба нешто да донесам, ја неможам со гости да седам. Викам ти кај ќе ги оставиш кумовите, ако седиш се со мене, и плус нема да ти дозволат ни тебе ни мене заедно да седиме. Ќе ја викнел сестра му она да седела со гости, а нешто што најмногу мразам некој низ куќи да ми се плетка кога не сум дома.. Лом се направивме, отидов да се бањам, како мало дете се исплакав, глава ме севна. Ептен ми е тешко.. Можам со саати да плачам.. Воопшто не ми е подршка, не разбира ништо кога ќе му се каже, се по негово да биде..
Два пати прочитав што си напишала и дефинитивно ти се хормоните За мене ова не е кавга туку се трудите еден за друг да бидете тука. Ти сакаш да му помогнеш, а он нејќе да те остави сама. Ај гушнете си се, спремајте се за утре за гостите и ќе видите утре денот што ќе донесе. Ме потсети на Рејчел од Friends кога ќе и помине терминот (не знам дали си гледала)
Не можам да го смислам во моментов не да го гушнам. Не ме разбира, многу сум уплашена, и не знам како ќе се најдам во улогата на мајка и тоа уште повеќе ме напнува. Ми вика гледам јас само за доење ќе го држиш детето, демек за се друго он ќе трчал, а мене мува немало да ме лази, као многу сум нервозна и неодговорна па он ќе бил најбољи отац. Не знае гаќите да си ги натегне мене ќе ми збори, вол.
Не не утре одам за контролни брисеви кај матичниот, а во Чаир боже здравје со резултатите следен петок ако не ме изненади меше па порано да стигнам Уф и мене ме нервира некој низ дома да ми се шета, ама па сега док сме у Ск свеки се занимава со нашава кука луфтира, приверува да не замрзнала вода која е темп. И слични будалштини ама си викам нека ја нека си чисти не ке се смарам уште со неа Туку дајте едно трудничко кафе да организираме кој е по Ск