Исто си чекаме хаха фала многу на прашање татичко ни дојде после месец дена па со него се мазиме болки имам од време на време, пешачиме као да испадне побрзо ама и се седи уште во мешко. Среќна Нова на сите, бидете здрави,живи и исполнети со љубов. Имајте сите лесна бременост и уште полесен пород
Женски, да ве прашам за прво дете колку алишта и какви купувате. Бодиња и шпикозни, по колку пара? Јас некако си викам по 10 да земам за почеток (најмала величина 50-56), ама не знам стварно. Инаку, во странство сме и веројатно пријатели и роднини нема да ни носат, останува на нас се.
@Enci200 истово го прашав ама кај мајките во темата 0-6 мес. Прочепкај таму,ке го најдеш. Јас купив нешто алишта,56ки и 60ки.Не знам точно по колку,како хејтер на барби розево,се што наоѓам пастелно грабам Ми рекоа дека 60ки најмногу се искористуваат,а малите само првиот месец,значи од нив најмалце. Нека кажат и тука веќе искусните,ме интересира
Јас ти се чудам како уште со гости се расправаш кога пред раѓање си?! Јас почеток на 9ти несакам никој вече да ми иде да ми седи со саатови или на спиење да останува. Сакам да сум си слободна и да си одмарам дома, не знаеш кога ќе те фатат болки или водењак ќе пукне. Пред некој ден мм ми кажува некој братучед Од швајцарија сакале да дојдат на гости деновиве, ама мм им рекол дека не е време сега, да се роди прво бебето. Тие гости кога че дојдат треба јас да ги опстојувам. Имаме слава овој месец и именден, ама здравје нема да го славиме оваа година. Ќе се изјавам на сите и ќе им речам дека нема да славиме без разлика дали сум се породила или не. Одгодина здравје и мживот. Најмалку што ми треба сега е стрес и нервози. инаку јас сум денес како прегазена. Се живо ме боли. Многу се уморив денес не сум седнла на газот. Синоќа едвај спиев срамната коска ме скина од болка, бидејќи се укоочив на столот. Денеска половини препони колкови, срамната коска исто ме боли и едвај одам. Сеа си легнав ама не сака да попушти и парацњтамол пиев плус. По последна дата денеска влегувам у девети
бодиња најмногу ти требат. Купи си број 56 шпикозни и бодиња околу 8-10 броја. Исто хулахопчиња, капчиња, ракавички, чорапки, лигавчиља, и после од 62 па нагоре 68 како доаѓаат. Можеш секогаш да си докупиш шо ти фали. Најчесто се продаваат комплетчиња со шпикозни боди и лигавчиња.
Meshinja,najprvo da vi chestitam Srekjna Nova godina i srekjni praznici Pred dva chasa imav nekoja ostra bolka kaj dolniot del od stomakot.Traeshe nekolku sekundi i prestana.Pred malku stanav za do toalet i isto taka tri pati so red imav bolka,kako silno da se stega nekoj muskul i po nekoe vreme pushta.Shto mozhe da e toa? 34+5 sum..
Според мене е во ред, и мене ми се случува слична болка, ко од мускул, ко жила. Кај тебе од поголема стежнатост..ама сепак ќе ти потврдат тие шо поминале. Инаку, некоја будна за муабет? Пред неколку сати заспав во дневна и демек да се префрлам во спална, се уклучив на моб и замина сонот. Поретко е вака да останам неспана. Глупо е шо немам кого да гњавам, ни тв не е интересно, ни интернет, а гледам дека и вие сте спанки. Ај доста ви е спиење
Вчера или завчера спомнавте за улогата на мајка, снаоѓање во неа ... Нема мајка да не ја обзема еуфорија и милион прашања. Истата сум, @srce-9, и јас. И дека првпат ми е, не знам како се осеќам. И исчекување, страв од сѐ, разноразни емоции, и си велам нормално е толку да се задлабочувам? Што ако нешто згрешам, пропуштам и тоа влијае на бебето... ко некоја паника ме фаќа да не ми избега нешто. Дајте некое мислење вие шо имате родено. Постои ли тој инстинкт, поврзување, сила шо се добива? Плус тоа што сум контрол фрик по малку, дополнително ми ја поткрева паниката, а и перфекционист во одредена мера. Посериозно гледам сега на родителство. А баш пред некој ден на една емисија, на вртење една паметна работа прочитав од едно дете упатена кон родителите. Рече - не гледајте на децата со сериозност и преголема одговорност, туку со забава и игра.
Среќна нова и од мене до сите.. Еве јас во дневна си лежам уште не сум заспала, ме здроби од клоцање сега заспа изгледа па и јас ќе одев накај спална арно ама стомакот ми се стврднува и имам менструални болки не знам како ќе заспијам..
Јухууу најдов еднаа ххаха Е нема спиење за нас две хахаха. Утре. И мене ме клоцаше, повеќе се тегнеше и како да ќе пробие низ стомак . Ти кој месец си? Јас 7ми, 28/9та недела.
И мене ме клоцаше силно синоќа, едвај заспав. Се вртам на лева страна и така заспивам иако цело време ми претка а утрово кога се разбудив исто така цело време се истегнуваше. Пијам кафе на работа еве тоа пак си мрда, не спие воопшто Дали и така ќе е кога ќе се роди ?
Најде ама спанка сум заспала, еве сега пак се разбудив, мака мачам со главоболки овие неколку денови не знам дали е нормално како да прочитав дека се нормални во овие недели главоболките, инаку јас сум полна 34 нед ја почнувам 35, а според моето бебче и 36
Жени де кажете вие шо сте сега пред девети или девети дали вас ве боли или само мене. Ама стварно неможам да се движам, ни да лежам ни да седам. Ни појас помага ни перници ништо. Одоздола коската кај шо седиме и препони, срамна коска половини буквално цел тој дел. Ај да боли по малку и да поминува ок, ама оно нонстоп гнило да го осеќам??? Веќе не фајќам ништо низ дома. Шо сработив тоа е. Едвај си го однесев детето на градинка.
Мене ме боли десната страна одоздола мислам дека ептен рано почна да ме боли, ми се парализираше дури од болка, пиев кетонал и дијазепам а сега 34 нед ме боли ама си траам, мислам дека појако ме боли кога ќе се преморам многу или ако седам/лежам во иста положба подолго. Докторот вели дека е нормално од ширењето а може и бебе некаде да притиска понекогаш, ајдее не се предавај уште многу малку имаш
Боли болиии и тоа како болии... веќе мислам дека долниот дел,од стомакот надоле не е мој.. и тоа одмарам ништо не правам и пак боли. Нормално е, тоа е ,мора да се издржи
од 56 нагоре земајте. За почеток доста се 10 бодиња, 4-5 панталончиња и шпикозни. Рачунај секој ден ќе пушташ машина, по 2-3 бодиња на ден ќе мењате.