Со лесно нека ти е, уште малце и ќе ги бакнуваш најслатките рачиња само позитивно, а ние чекаме добри вести
Паметно.. и јас планирам да си земам машина .. за славата ни се собраа мн гости ама ете тогаш немав машина да ги ставам садовите и да не се замарам ама ете.. мм сакаше да ми помогне околу нив но јас не дозволив.. жал ми беше да го мачам бидејќи тој на работа оди секој ден мачна му е работата нон стоп клечи и лази.. свиткан е цело време (плочкар е) па сакав да се одмори барем тој .. иако секој ден трчаше по набавки.. што фали да доземе .. затоа се сама средив... па и мислам дека и тоа ми помогна да забрза процес малку (да ме задржат на патолошка) ... сега околу бебче нон стоп ми помага.. иако преку ден е на раб навечер доаѓа се средува , јаде и го превзема малиот за јас да здивнам малку...
Така и треба, мора да има компромис или златна средина шо се вели. Битна е помошта околу домаќинството и децата, но не сите мажи се исти. Нема никаде соврсшњнство и идеално. Секаде штрчи по малку. А јас имам мали менструални болки едвај лежам и се вртам у кревет. Таман ќе се наместам убаво ете аларм за у вц па и минсе прејаде, ама ќе си каснам овошје.
Цела нок де на лева де на десна страна, до вц и во кревет. Многу ме боли левата страна таму доле изгледа бебе на некој нерв лежи Па разни глупави соништа штом малку заспијам
И јас сум си будна од 3 саат еве 6 е, никако да заспијам, многу тежок овој 9ти месец а тек наближува. Мислам немам веќе сила а тек 35та нед ја терам, кско ќе биде го крај не знам..
Јас сум 35+6 со ќерка ми не осеќав ништо дека надносена беше ни болки ни чуда. Сега многу поразлично е
Добро утро. Вчера буквално цел ден го преспав. Никогаш ништо слично не ми се случило. И се осеќам наспана конечно. Денес турбо на работа. @Starlič и @SanelaS да пишат како се?
Старлич сега се врати од преглед, и вагинален и ехо ми правеа. Затворена сум сеуште. Др. Шпишиќ ме прегледуваше. Се е во ред. Постелката ми била ок. Демек и личело дека уште можам да носам. Ми побараа документи од приска и скрининг ги немав, па го пратив маж ми до Коруноски да оди да ги земе, и сега се доле на шалтер, додека не ми ги донесат нема да ми пуштат провокација. Тука сите што лежат на ни една не и помага провокацијата за да се отвори. И страв ми е поради тоа. И ја прашав оваа Шпишиќ демек што ако не реагира, вика ќе реагира не се секирај. Жениве се изнамачија.. Ајде искуства кај вас провокацијата делуваше ли или јок. Инаку три провокации ќе ми ставаат, денес една, утре друга, задутре трета, ако не се отворам ни со една ме носат на царски.
Ова ме потсетува на мојата цимерка. И пуштаа на неколку пати по малце да и тече провокација, со денови беше таму се изнамачи. Мене ми течеше од 7 сабајле до 12,1 веќе бев отворена 10 прсти, и водењак во меѓувреме ми го пукна др. Ама јас кога ми ја пуштија веќе бев отворена 5 прсти. Не знам како ќе иде кај тебе процесот со оглед на тоа што не си воопшто отворена. Сепак Шпишиќ си ја знае работата. Секоја трудница е различна. Не ги гледај другите таму. Мене од се што видов повеќе страв ми беше, а многу лесно поминав.
Одма за рок од 5,10мин ми делуваше одма првата провокација (со второто), ми ја ставија и одма за 5мин болки на 5мин ми почнаа.. а до тогаш немав ич, а како и со која брзина ке се отвараш зависи од организам до организам... за рок од 3ч јас до 3 прсти стигнав и тогаш и сам ми пукна водењакот скроз, но поради големо заматување ме однесоа одма по пукањето на царски. А по пукање на водењакот оди веќе побрзо отварањето дека бебе веќе и повеќе се спушта. Со лесно! Инаку другарка се породи кај неа, таблетка и ставија доле за да омекне грлото на матката, прашај за таква опција.
Не се секирај различно е кај сите ,јас сум породена со провокации ,исто после термин е сега јас кога ме примија бев 2 цм отворена ,мене ми дадоа прво провокација вагиналета тоа беше пример сабајле кај 9 ,таа не делуваше значи само плус 1 цм. се отворив,па после ми дадоа венска провокација е со тие се отворив скроз и успеав природно да се породам вечерта во 9.Не се секирај опушти се соработувај со акушерките и се ќе биде добро.Со лесно
Фала на сите за споделеното искуство. Се надевам се ќе биде добро. Од што сите можни сестри и доктори ме прашаа дали сум сигурна за датото на последната менструација, почнав и јас да се сомневам. Инаку се плашам дека нема воопшто да реагира бидејќи несум отворена ни прст..
Ќе реагира. Не бев ни јас прст отворена. Мислам дека прво ќе ти стават таблета баш зошто ич не си отворена. Јас до 4 прсти отвор болка не осетив, не мора да значи дека ќе се измачиш од аспект на болки. Ама ако почне процесот, само да оди брзо. Не се стегај и размислувај позитивно. Колку и да е болен пораѓајот, следниот ден си како нова (скоро ).
@Starlič мене вагиналета ми ставија која требаше да ја носам 24 часа во мене за да омекне грлото. Во 12 часот во сабота ми ја ставија. Цел ден шетав и немав никакви болки. Вечерта кај 2 ме фатија болките се појаки, во 12 часот недела ја извадија вагиналетката во 15 до 3 попладне родив. Немав ништо венско ставено. Кај мене функционираше. Не се секирај царски или природно мора да излезе. Ај со среќа да делува побrzo.
И тоа било нешто како провокација, и преку него се гледа како бебето реагира на контракциите. @Dikinzi