Знаеш даваат одредени производи, за кои имаат ќар на некој начин. И мене железото како што треба , ми вика „ааа неможе мора нешто да пиеш “ и ми скина едно ливче од тефтерче , што им вршат презентации веројатно. Го знаев тој производ и не го земав. За разлика од тој пат, сега железото ми беше намалено, ама пак во граници на нормала, и со резултатите отидов кај докторот што ќе ме пораѓа. Веке мислам дека пишав ,ама ми кажа, “можам да седнам и пола саат да ти пишувам рецепти ама нема да ти ја направам таа услуга, оди на пазар земи си од зеленчук, овошје, нема што нема периодов, жално е да примаш синтетички и обоени витамини, а и пари да даваш за нив“ Ехх викам види сега, како се гледа разлика. А не дека овој вториот лекар нема можда ќар ако препорача некој лек, ама мислам дека советот му беше далеку по на место одколку на другиот. Јас сум добро, вчера цел ден имав некои шашави болки, како за добивање, грчеви, глупости, ама денес е подобро, се надевам нема во скоро време да се повторат. Аман, што му плачам на маж ми, барем три недели да сум раат, само тоа сакам, не барам три години. Па сеа со Господ напред, се надевам ќе биде добро. Денес доаѓа мајка ми , па да ти кажам убаво се осеќам, ке се галам два дена , а ќе одиме и за бебуш да докупиме се што треба, мислам дека од душечето за креветчето ќе почнеме Така ми се прави ќејф што полека привршуваме, па за недела-две, да земам да исперам се од алишта, да испеглам и спремно да го дочекаме зверчето
Добро утро мешиња. Како сте денес? Ме интересира дали пиете некакви апчиња за калциум и ако пиете кои се тие?
Е и за ова прашав во петокот, дали да пијам калциум. Ги имало како шумливи, но докторот ми рече, никако да не внесувам вештачки калциум, пред се поради желудникот, сега бил многу поосетлив и само полошо ќе сум направела. Наместо тоа , јогур, кисело млеко, млеко и сирење стоено во вода обична, за да му се измие малку од малку солта.
Што да ти кажам Меу најверојатно се е бизнис па и најубавото нешто во животот ни го прават да го доживуваме толку страшно и панично....Патетично од нив..... Само искрено јас мислам дека доколку нема никакви проблеми и се се одвива во најдобар ред треба да си го слушаме својот организам и ритамот на бременоста да си го одредиме сами и да не прибегнуваме кон вештачки работи туку да се стремиме кон природното.(како за бременоста така и за пораѓајот ) во Секој случај јас имам намера во понеделник да направам еден долг разговор со Димчев а сега само овошје и зеленчук и колку што се може поздрава храна. Што се однесува до тие болки што си ги почувствувала ( да не случајно се исфорсира малку повеќе овој период - јас со гужвиве искрено да ти кажам почувствував некој притисок во стомакот па викам ај малку олади и смири душа и еве сега ништо , така да овие гужви ќе гледам порелаксирано да ги поминам. Најубаво е чувството кога мамичка доаѓа на помош -мојава веќе купила се (можеш да замислиш - а плус и испрала и средила се што има од внукот од братми така да ме обезбедиле уште сега со снаа ми - таму има нови работи од бенкици шпикозни кондурчиња комплети капчиња лажалки цуцли шишиња и што уште не до креветче релаксатор душек и се и сешто , така да од тој аспект искрено и сум малку помирна па ќе купам само нешто ситно меракот да ми помине. А мојава “луда “ мајка не дозволува јас да се малтретирам па она само доаѓа прашува што сакаш што мислиш дека ти треба па се фрла во шопинг иако е сеуште многу рано... АМа ако нека и нејзе и е мерак а што и друго останува не очекувам од никој друг ништо ...свеки е луда мара па од нејзе боље што даље да е (ЈБГ ) незнае да се израдува па ми вика јас немам намера ништо да правам и да купувам али тоа е тоа. ... Уживај имаш уште малку да пливаш во труднички води а после веќе си мамичка и ќе започнеш мајчинство поздравче и убав ден
Абе истата жена да не ни е свекрва Скроз иста ситуација, затоа да ти кажам со душа ја чекам мајка ми да дојде, единствено од неа, од маж ми и татко ми имам помош. Од татко ми нормално за дома што ми треба, маж ми за секој ден, а мајка ми за мене и бебушот . Господ да ги поживее да ти кажам. Мене другарка ми ме обезбеди со облека од нејзината цуцка, па да ти кажам ништо не сум купила освен две бодиња и така ситници , лигавче, ракавички, од мерак што ми е. А и нема да имам потреба да купувам како што ми стои, првите два месеца. Болките искрена да бидам појма немам од каде дојдоа, вчера лежев цел ден, затоа ми беа нејасни, но добро, штом добро завршува , брзо и се заборава Имај убав ден
Здраво мешковци, како сте денеска. Само што се вратив од преглед и си ја видов бебушката моја и изгледа дека е машко, не се гледаше убаво ама ми рече на 4д ехо во 20 недела со сигурност ќе ми каже.Кои испитувања ги правевте во 20 недела затоа што лекарот ми спомна нешто како брисеви и проверка на структура на органи, тоа е се или има уште нешто.Позз..
Абе јас уште сум тука хаха.. се јавив кај матичниот мој му објаснив што како ми рече да уживам не било ништо страшно чим е ептен малку , ако имало повеќе да одам на клиника... Леле како ми се наближува терминот мене се повеќе страв ме фаќа, никогаш до сега немам лежено во болница , ниту пак сум правела операција или нешто слично, секогаш дома се лекував за што и да е (мајками е медицинска сестра) и сега ми е многу тешко , освен мојата возраст и неискуството се плашам како и што ке биде дали ке се снајдам , дали ке биде све во ред абе милион прашања ми се вртат во глава и ми иде дома да си се пораѓам хаха Ама ајде ке си правам вака филмови додека не почнат болките или нешто слично кога ке дојде веќе мора да се оди што да се прави... Инаку забите и мене постојано ме болат , порано пиев калциум сега не, пробувам да ги внесам потребните витмини преку храна, исто и флуор пиев на почетокот сега веќе не.. Мм ми е многу интересен , секогаш кога ке му се јавам од сабајле ми вика Што се случи ? Да не имаш болки ? Да си дојдам дома .. хаха .. А да и за помошта и јас изгледа имам иста свекрва како вашата, женава ништо не ја интересира , памтам кога се породи јатрва ми ни мекици правеше ни ништо.. Затоа не очекувам ни помош од нејзе а и не ми ни треба, мајками е тука , фала богу да не беше она и до сега незнам што ке правев , до сега ми помагаше а ке ми помага и понатаму .. Абе мајка си е мајка Освен тоа ова и е прво внуче па можете да замислите колку е возбудена и среќна, пред некое време беше на пат , боже кога се врати женава цел куфер само со бебешки работи, имаше свашта јорганчиња, постелнина, вреќа за спиење, кебенца, играчки оние музичките за над креветче абе триста чуда , аман викам ти си се заборавила купувајки А свекрва ми не и текнало ни да се јави да ме праша како сум што сум , тоа е сепак мајка си е мајка
Мешиња извинете ако досадувам со прашањава но која недела сте правеле испитување преку крв за Даунов синдром? И до која недела се прави ако знаете?
јас до вечер фора ти давам аххаахах повеке не али ако не до вечер во наредните 1-2 дена би требало да се породиш крвта ти е тој чепот што го имаат првородките значи омекнува грлото на матката се скратува и почнува да се шири ти полека полека спремај се и до вечер здравје ке биди чинам ајде биди смирена и заврши ја и оваа работа биди само смирена и силна и слушај ги советите на лекарите и бабиците те чекаме да ни пишиш да не не заборавиш хаах
Добар ден и од мене мамички.. Како сте денес? Јуник ајде израдувкај не сто побрзо, со лесно нека ти биде и се да биде како што треба Јас сум денес нешто работно, средував по дома, спремам вечера ке имаме гости Инаку добра сум, фала Богу главоболките се се поретки и се чувствувам подобро.. Малку сум збунета, некако до пред некој ден како да ми беше мешево поголемо.Знам дека е рано да се приметува трудничко меше (моментално сум некаде 11 недела на средина ) но како да ми беше подуено да речам, а сега некако како да ми се намали..Уште си се познава така, но некако како да ми е намалено.. И знаете одма ние да не се случило нешто Се надевам дека се е во ред, пред една недела кога бев на ехо беше супер, бебушко си мрдкаше дури и со рачето не поздрави Незнам дали можеби има влијание тоа што нели овој период некаде треба матката да почне да се качува нагоре.. Незнам.. Поздравче до сите ви посакувам убав остаток од денот
Јас сум си веќе спремна , спремна ми е и торбицата и се друго , ајдее се надевам дека ќе биде што побргу, многу ама многу сакам да си го видам цуцето Ова со мет и цимет јас го правев и мене ми помагаше, исто и ракија и мед измешано и се става...
Здраво и од мене! јас сум веќе во полна 18-та недела, и да речам проблем ми е што секој ден ме боли стомакот.. ама постојано - ретко кога не.. вчера бев на гинеколог, докторката ме прашува дали ми е ок столицата и мокрењето - сето тоа ми е редовно, ме гледаше и на ехо, баш е во ред се, утре ќе правам крвна слика, само не знам што ми ги провоцира овие болки.. последно време облеката почна да ме стега, но сега веќе ја менувам за покомфорна, ама мислам дека не е од тоа - еве и додека лежам денес цело време имам болки.. има ли некој од вас слично искуство?
мешиња јас бев денеск на 4д и се е во ред со бебето, сите органи му се развиени како што треба , но бубрезите му се поголеми од колку што треба, и лекарката рече дека ке го гледаме пак за 2 недели може сега не било измочкано или кој знае што е, битно ако продолжеле така да растат не било тоа во ред, и така јас само плачам цела ден незнам како да му помогнам на моето бебе, мислам дека ке полудам ако чекам 2 недели, и решив сега за една недела правец во систина да го видат и таму
Јас мислам дека се нормални благи повремени болки, мене во почетокот ретко кога ме болеше стомакот, а сега почна почесто да ме боли, ама кога ја прашав докторката ми рече дека е најнормално, бидејќи се е во рде со бебето, крвна слика и мокрача ми се супер така да неа место за паника. Кај тебе какви се болките? Како те боли, кој дел или на која страна?
Немој да се нервираш без потреба,сеуште е рано најдобро појди уште еднаш на 4д но кај некој друг гинеколог и не секогаш шроблемот е кај нас односно кај бебенцата,мене така ме испаничија во Свети Лазар (бев по препорака на мојот општи доктор) пред 3 години кога бев бремена со мојата туфла,и така не искусна си велам ајде приватно е и цим по препорака ке имам преглед со сите марифети (инаку да потенцирам дека требаше да тргнам во Амстердам на 4 месеци и ми беше потребен детален преглед) тогаш бев 17 недела и тогашниот гинеколог што ме прегледа сега веќе не работи таму а познатата докторка која несакам да ја именувам од оправдани причини ме изнаплаши до немај каде и ми ги направи сите можни прегеди а најбитното не. Се соочив со големи стравови како и сопругот. Ни наплатија 15 илјади и притоа не ни дадоа сметка велејќи дека сеуште шифрите ги немаат ставено во компјутер Kога правев повторен преглед во Холандија ми се изнасмејаа кога им казав што се ми рекле и како добро ме прелажале ... Фала Богу се беше во ред но памет за во иднина...Извини сто должам само сакав да ти помогнам да не се секираш и дополнително да си јавлошиш состојбата... Ти посакувам се најдобро на тебе и бебушот и пиши како поминало
Имаме пишувано за Приска низ темава, за тоа колку е веродостојна, дали е паметно да се прави или не. Инаку се прави до кај 22н, мислам. Јас да се пофалам купивме душече, се снабдивме од аптека со потребните работи за во болница, пелени, едно друго Утре ни останува уште од магацинот на Бит пазар што го начекав да се докомплетираме. Јас сум возбудена, почнува да ме фаќа некоја еуфорија, дури заборавив дека денес не сум легнала, па сега малку одмарам , оти почнаа болки шашави
Приска тестот се прави помеѓу 12-15 недела од бременоста и прво ти прави мерење на ехо гинекологот на нухлеалната коска кај бебето и ја мери плодовата вода па со тие мерки одиш крв да ти земат и преку тие мерки и крвта се утврдува процентуално дали постои ризик од даунов синдром или не.
Уште еден доказ дека нема врска изгледа оваа ПРиската. Јас имав добри резултати од нухалната туба, а во 22н на ГАК кога правев втор скриниг, ме прашаа дали сум правела , кажав не и ме пратија да правам, ама не отидов зошто знаев дека нема потреба.
Јас приската ја правев во 14-та недела и резултатот беше во проценти и немав ризик од Даунов синдром така да немав потреба од вторара приска што се прави во 20-та недела и третата што се прави при крај на бременоста и родив здраво право девојче и еве сега правиме шест месеци и некој ден, но кога ќе ми текне што се тестови и испитувања направив за време на првта бременост ми се врти во главата.