A сега,а покасно пак ќе треба да ја купуваш,така да гледај тебе како ќе ти одговара,така и прави си.Hего колку човек и да се придржува кон некакви правила и верувања(суеверија),не секогаш излегува по план.Bрти сучи пак требаш најосновните работи да ги имаш при рака за бебето само што ќе се роди.
Девојки јас денес ги земав резултатите од Приска и Микробиолошките брисеви,се е ок микробилошките се супер ни кандида немам се зачудив дури,е сега за Приска ме ставиле во некој среден ризик за некое си трисомија заболување од 1000 жени на една,и тоа малку ме испаничи докторката ми закажа за Приска 2 во Четврток прво ме исплаши и на крај ми вика се ќе биде во ред не се секирај,ама ни треба второ мислење за секој случај,се јавив кај снаа ми во Бт она е медицинско лице соработува со гинеколози,и ми кажа да не паничам многу жени имале такви резлутати па на Приска 2 или аминоцинтеза се било во ред,значи убаво некои девојки жени не си ја прават зошто нема некоја голема точност тоа се само бројки што викате вие имате искуство со нешто вакво??? малку сум исплашена и голема емотивка сум периодов фала ви ве гушкам сите
vi blagodaram rusi i chupe rusi kalkulatorot e odlicen, i tamu mi pokazuva isto 3 nedeli, izleda stvarno se smeta od poslednata mens, kako i da e samo da e se vo red fala vi uste ednas i se citkame
мамичка честитки и од мене со лесно да си ја износиш бременоста и се најубавоо,да од последна менструација се смета почекај уште малку за да можеш да си го чуеш срценцето на ехо,и да се види ембриончето од 5 недела до 9 недела се слуша срценцето поздрав
девојки тој чеп розевко малку со бело прање е измесано ама сосим малку кога се брисев немасе нисто,тоа ли е?
Ајде без нервози и само со позитивни мисли. Не е прв пат некоја трудница да биде преплашена на овој начин. Убаво си кажа и самата, се е ова една претпоставка! Приска и јас правев, чисто колку да не ме јаде црвот од внатре. Искуства по форумите како твоето и слични ќе прочиташ многу. Затоа опушти се, повторно ќе си ги направиш потребните испитувања и со Господ напред се ќе биде во ред. Дали беше се во ред кога гинекологот ти правеше скрининг? Убаво си се гледа се на ехо, ако постоел и најмал сомнеж, гинекологот е должен да ти каже и верувам дека до сега ќе го сторел тоа.
Јагода срце да ехото беше се во ред докторката ништо не кажа освен таман си сме се е во ред,само дека овие испитувања ги бараат и мора да се направат се надевам и јас дека се ќе биде во ред со господ напред,фала ти мила на поддршката
За понапредните во бременоста едно прашање, дали сеуште важи закажување претходно телефонски за Микробиологија? Денес мојот матичен ми даде број на телефон да се јавам да ми закажат кој ден да однесам брисеви, се шинав од звонење никој не се јавува. Инаку првите брисеви исто така прво се јавив телефонски закажав па на таа дата од сабајле отидов кај мојот матичен он ми ги зема брисевите а јас само ги однесов до Микробиологија. Но тоа беше многу одамна, кога бев 12 недела, сега на ред сум да ги правам вторите брисеви што се прават во 35 недела па ќе ве замолам ако некоја скоро го поминала ова искуство нека сподели
Jeny јас кога ги носев во четвртокот на микробиологија немав закажано ништо,ги однесов и денес ги земав знам само дека мора порано да ги носиш до 11h ги примаат така да сигурно можеш да ги однесеш без закажано
Здраво на сите. Прв пат о користам форумов и сакам да дадам подршка до сите а воедно да споделиме мислења. Јас сум во 29 недела од бременост со близначиња. Овие два дена ги примам инекциите за зреење. Со тоа е се ок но малку ме испаничи тоа што др на последниот преглед ми рече на едното бебче малку му е сплескано главчето. Дали имате слично искуство , тој само ми даде совет повеќе да одмарам и дека нема место за загриженост но се плашам да не ми рече така само да не паничам.
Како сте мешиња? Јас сум полни 39 недели бремена, а бебушко уште нема абер да излезе. Вчера бевме на преглед, утре сме пак. Синко е тежок 3300 кг. сонце мамино, изгледа буцко ќе го родам. Докторката кажа дека имам малку повеќе плодова вода, што значи тоа? Требаше да ја прашам, но таа така смирено си го кажа тоа, како да не е нешто страшно, но ете мене ми остана во памет. На резултатите видов дека постелката ми е 2 степен зрела и ова да не знае некој што значи? Инаку јас се чувствувам супер, повремено имам некои слаби, како менструални болки, но веројатно ништо сериозно не е. Утре пак на ЦТГ, јас мислам беблак не го раѓам пред април. Утре ме чека и вагинален преглед, да не знае некој да ми каже што точно да очекувам? Каков е тој вагинален преглед? Што ќе ми проверува сега на крај на бременоста? Со спекулум или?
Јаготке со лесно, ти се гледа крајот Инаку јас вчера кога бев на ехо кај матичниот ми кажа дека постелката ми е втор степен зрела, и дека понатаму треба да дојде до трет степен па тоа е знак дека бебушот е спремен да излезе да го запознае светот Претпоставувам дека штом не ти е стигната постелката до трет степен деновиве ти е рано да раѓаш, веројатно ќе го надносиш ама тоа не е ништо страшно, најнормално и често се случува. Во врска со вагиналниот преглед (претпоставувам во државна) на часовите за трудници ни рекоа дека после цтг прегледуваат и вагинално да видат дали си отворена, и тоа е тоа. Ако не си, те пуштаат дома, ако си 5 прста те задржуваат, ако видат дека полека се отвораш зависно од тоа колку прста нели, ти кажуваат за колку време отприлика да отидеш во болница. Мислам дека поради тоа е тој вагинален преглед. Со лесно душичко и со Господ напред. Ех и јас сум се повозбудена како ми одминува времето, и ако ти е за утеха не се замарам воопшто за самиот чин на пораѓање дали е болно и како ќе биде туку со слатко нетрпение живеам и сум во исчекување да ги видам милите очиња на нашето бебуле кое со голема љубов и поддршка со сопругот го очекуваме. Мисли само на убави работи, помисли колку ни се празни рацете сега а колку едно мало кревко телце ќе ги наполни со љубов
Јагода драга обично првите бебиња се раѓаат после термин Кај мене така беше , мада немора да значи Вагиналниот преглед е да се види дали и колку си отворена. Јас вчера бев на преглед иако нормално имам за една недела , ме ставија на цтг ..покажува болки ама нередовно Имаше контракции кои и траеле долго , ама ете јас не нешто се потресов на нив . На вагиналниот преглед докторката кажа дека сум прст отворена, има промени од претходниот преглед. Почнало отварањето ... Да очекувам деновиве и да се појават вистинските болки, на 5 мин. И да очекувам и да се породам Јас сум целосно збунета , со првото имав испровоциран пораѓај ...и со тоа не ни знам какви се тие породилни болки , пошто на 3 прста отворена добив епидурална Сега болки немам, освен на моменти кога ...ама пак се смирува . Којзнае , останува на времето ... да си почекам Поздрав женски
Девојки конечно ми дојде и мене времето се префрлам на оваа тема.Конечно сабајле си ги видов моите најдрагоцени 2 цртички.Па здравје другата недела ќе одам на гинеколог да видам како,што....позз до тогаш и имајте убави и најреќни мигови со вашите мешиња.
Вчера во 32 недела отидовме на последното ехо кај матичниот. Малата ни беше свртена со грбот и ни го покажуваше газето Докторот мереше пропорции, кажуваше дека имам доволно плодова бода, втор степен на зрелост на постелката, ноџиња, рачиња, дунде се и се гледаше убаво само со рачето лиценцето си го криеше. Докторот ми рече дека спрема мерките сум 32 недела и 3 дена, точно како што и стикерсот овде ми покажува и дека плодот се развива токму онака како што треба да си биде, ме испофали дека имам убава нормална бременост и добра линија, дека не сум накачила многу на килажа се си идело кај бебето. Инаку стартував со 52 килограми сега имам 65. Отприлика тешки сме кило и 900. Ми рече дека малата е свртена со главчето надоле, ама знаеле да се вртат така што не знаеме на крај како ќе биде. Ми вели докторот само да имаш лесен пораѓај како што ти е бременоста има да сакаш да родиш уште 5 На крај ми вади сликичка од ехото и вели - убаво бебе (нормално мислеше на развитокот, на органите кои му се оформени) а јас ќе полетав од радост. И крвната слика и урината си беа нормални, си отидов презадоволна, не чекорев, мислев дека лебдам. Му благодарам на Господ што ме чува, се надевам и се молам и понатаму да биде се ок, да не се искомплицира работата, штом тргнало на добро нек и добро се заврши.
Леле ме искина главава од болка, дали е поради ветров и променава на климава никогаш не ме болела, а поготово во бременоста.??
Здраво на сите, како сте? Ние сме добро, денес бевме на преглед кај гинекологот. Се беше добро. Бебенцето си одговара на неделите. Додека докторот го местеше наваму натаму ехото, бебушот се помести. Колку беше само слатко... И докторот се изненади и вели: оо види, види хихих... срце на мама. За крварењето рече дека можеби е од крвната група. Не ми даде ништо ниту да пијам, ниту да ставам вагинално. Да требаше сигурно би ми дали, нели? Ми премерија притисок и килажа (не сум накачила од првиот преглед во Мк. ), ми направи и пап тест (и во Мк. ми зеде докторката пред таа недела кога дознав дека сум бремена, но резултати дури сега при крајо на овој месец ќе се готови, а доколку лично не ги земеш, не ги дава)... Задоволна сум од докторот, објаснува се убаво, не се брза воопшто. Еден саат траеше сево ова. Нареден преглед за 4 недели. Ми рече доколку сакам да направам испитување за Даунов синдром треба да го известам оваа недела. Од 11та до 14та недела се правело, и чини САМО 150 евра. Но не мора да го правам. Ќе размислам оваа недела и ќе му кажам. И тоа е тоа мамички.. Поздравче и
Јас сум 32 недела поточно 31недела +5дена, утре ќе одам на закажан преглед-ехо па да видиме до каде сме инаку јас почнав со 66кг минатиот преглед имав 68кг,а бебето беше 1кг200гр. значи се оди во стомакот ништо на мене, баш ме интересира утре што ќе каже.Инаку еластична сум и не осеќам никакви тешкотии, секој ден пешачам и шетам средувам по дома и сум во топ форма, како и да е не очекувам да сум поправена повеќе од 2 максимум 3кг.