Се согласувам.. за мирен живот треба компромис.. да се прави баланс, да се занемари мала грешка за да се има разбирање и слога.. што би рекла јас да се има мир у куќа.. а за особа во блажена состојба се е дозволено.. значи касни си тоа што ти се јаде не заменувај со друго.. сепак не е грев да јадеш касно .. сепак бебушот тоа го бара.. тоа му се јаде па ти испраќа сигнали ..
Еден совет од мене за да се отвориш полесно кога ќе ти стават провокација стани, не лежи а и не седи.. застани покрај креветот рашири ги нозете и прави чучњеви, знам тешко е но потруди се.. мрдај со колковите лево десно па потклекни но со раширени нозе.. мене тоа ми помогна да се доотворам.. бев 3 прсти отворена после првата провокација стигнав до 8 прсти.. пак ми ставиа провокација и ме однесоа до бокс.. ми рекоа вежбај да се доотвориш уште малку.. ги послушав.. со маки вежбав, болеше кога идеа контракциите но се отворив 9,5 прсти и ме легнаа на бокс..
Моето беше со главата надоле и на последната контрола се заврте. Sega u vtornik ke odam kje ksze kako e namesteno
Добро бре жени ве читам и тука и во породилни и ме фака страв Гледам некои од вас се отвориле и до 5 cm а да не осетат. Само некои секојдневни промени за 9ти месец како стврднување на меше и болка која ја осекам и јас ако се уморам повеке,исто и некои благи менструални и болки во половина... А сето тоа и мене ми се дешава.... И ме фати една паника пошто сум 37 + 4 да не случајно сум и јас отворена а да не знам..... На преглед сум во среда во Чаир а дотогаш ке ме јаде јанза..... И што доколку сум отворена а немам болки и си терам низ дома..... Знае чи некоја дал тоа можеби и штети на беба?
Здраво женски, дали некоја од вас рефундирала средства за инекцијата што се дава за негативна крвна група. Ме интересира каде се поднесува и што треба да доставам освен фискална
Мене и првата и сега оваа бременост ми ја води Др.Панчевски супер е човекот ептен е добар ,не збори многу ама стручен е ,за мене тоа е најбитно.
Неможе да и штети,беба си е внатре. Ако е започнат процесот ќе те боли, ти си да 5 прсти отворена и да не знаеш нема шанси. Ако си отворена можеш само еден или два, повеќе од три си веќе со болки. Така са не се сеќирај. Јас пред шест години кога примав рогам мислам се викаше инекцијата ако не се лажам околу 2300 или 2800 ја зедов ( не ме фајкај за збор не се сеќавам точно) со фискалната од аптеката и со рецептата бев во социјалното и таму поднесов за рефиднирање на средствата. Исто сметка од банка дадов, а дали цели пари ми вратија или дел не се сеќавам. Може некоја пресна мама ќе каже шо ја боцкале.
Јас со 3 прсти отворена почнав да осеќам благи менструални болки, постепено се зголемуваат. На преглед ме подрашири и ме пратија во родилна. После 8 часа се породив.
Ништо не штети. Не се секирај додека дојде до пораѓај треба време и баш породилни болки Не се отвараш така екстра брзо. А јас сум жив пример дека бев отворена 5цм без никаква болка, ниту пак осетив нешто. Ама се е индивидуално нели.
А ја вака сега што ме боли и напред и назад, можно ли е да,сум почнала и ја да се отварам, барем 2,3 прста, па со прегледот со рака ќе ме доотворат, и нешто јас ќе помогнам со вежби, како што ме советуваше @beba@meba Ајде тешетеме дури утре во 10 и нешто ми е следен преглед.
@beba@meba Знаеш ли што ми кажаа за Коруноски, дека за пари ме држел до сега кај него, вика и ние може ќе те држевме до 41 недела, ама барем немаше денар да дадеш за цтг и контроли. Викам абе во право сте, ама ете му верував и затоа седев до сега,таму. Инаку терминот со менструацијата ми е таман.
Да, можно е. Помагај си со вежбите што ти ги кажа членката погоре, стани, оди, чучњеви прај итн.да не набројувам пак истото што ти го пишаа веќе
Не знам што да кажам.. останав подзачудена.. јас кај Васо само 2 пати бев на цтг.. значи во 36 недела и во 37... од 37 ми дадоа упат за на клиника и таму ми викаа да идам на секој втор ден на цтг.. така и правев.. можно е како што викаш.. не знам.. но како може на едни да прави вака а на други така...
Јас без да дадам денар ја примив. И во првата бременост и во вторава. Во болница Велешка ми ја пуштија.
Немам ни б од болки, ме заебаваат, триста чуда ми побараа од документи, всушност читај преку ред, (зеленки), дај ова, маж ми ќе донесе, не тоа, друго и така. Ќе дојде визита, ќе барам да ме пуштат. Ми рекоа деновиве и да сакам нема ништо да ми прават...
Добро зошто те маткат цело време? Шо е работата, какви документи ту барат. Да ти се плукнам у македонското здравство и гак и чаир.
Прво ми побара,Приска и брисеви, донесе маж ми, па побараа од 12-20недела евиденција рачна напишана, за неделите како и што, и тоа ми донесе. Не не било тоа,тоа... И ми пукна филмот.. Криво ми е што мачат, несум единствена, и други има. Демек бебето мало ми било, не можеле да ме породат... И ми иде вечер од прозор да бегам..
Да не ти бараат документи за да видат мерките од ехата што си ги правела до сега, за да се осигурат за неделите, може не се сигурни дека си точно таа недела што им кажуваш па да се плашат да не те породат пред време и такви работи, кој знае, моја претпоставка според ова што го кажуваш. Јас пак си стојам на природното и со сила убавина не бидува. Остај си природно да си тече процесот, кога му дојде времето ќе си каже само.