Немаш ли болки никакви сега? Те проверија дали си отворена? Крв, нешто имаш за знак дека ќе почне процесот?
Ништо душо. Заврши смена си отидоа. Ја прашав сестрата за преглед дали ќе има утре, рече не, и за во недела не е сигурна дека ќе има, пон и вто празник, којзнае и тогаш дали ќе има. Нема крв, нема ништо.
Утре кога ќе дојде визита замоли да те прегледат вагинално и на ехо. Помоли се, кажи дека ова исчекување те мачи. Сите доктори различно ти кажуваат и без потреба те задржуваат у болница. Замоли ги.
Ќе ви се умешам во групава. Ама не и советувајте без врска да си оди дома со доста надминат термин. @Starlič Седи таму под контрола и немој да одиш дома. Се ќе биде во ред. Ќе ти ставаат провокации до понеделник ќе родиш.
Не се секирај, секој ден има прегледи јас лежев на патолошка 6 дена секој ден имаше преглед после визитата, не може да ве остават така. Мој совет не си оди дома, седи таму по надзор си, колку што те читам со поминат термин си.
Сигурно ќе ја прегледат, не верувам без прегледат да ја отпуштат дома. Сјде ќе видиме шо ќе и кажат утре.
Секако ќе ја прегледаат, но она е веќе со поминат термин, ќе ја пуштат дома само ако потпише дека на нејзина одговорност си оди.
Епа со првата бременост во Март или Април ( 27 недела не знам точно кој месец да не ве лажам во Велес ) 2018 год, и после пораѓај во Јули во Чаир, и сега во Октомври во Велес. Не ми побараа ништо , таа мислам и не се плаќа, ама кој ѓи знае.. Јас и со првата бременост коа одев Чаир сите документи ѓи носев во папка, се шо ми беше испитано. Така планирам и сега. А тоа шо викаш утре преглед не, недела не..малце не е верно, Чаир е фабрика за деца, мора да има дежурни доктори. Да не те манкаат ?
Ја прашав визитата, ќе има и утре преглед. Ќе чекам до утре да прашам. Сестрата ми кажаа дека можно е утре да ми стават индукција, а може и не.. Сите различно ми кажуваат. Ќе прашам утре на визита што и како ќе биде. Нема да бегам вечер преку прозор.
Место да ја породат членката и бараат глупости.Значи нема да не биде и тоа е.А пардон викенд иде споени празници кои мисли на пороѓај,а жената е длабоко над термин влезена.Испадна не знаат што да и прават па и бараат глупости,место да се фатат за работа и да ја породат.Додека мажот го трчкаат,ќе ја породеа женава.Леле дно дна.
Не верувам дека утре ќе ме породат. Викенди и празници се. Здравје, ако не биде ништо, ќе им побарам на збадник некој саат да ме пуштат да си одам, барем за вечерата некој саат и пак да се вратам овде. Барале документи за да знаеле дали навистина сум со одминат термин, па да знаеле што да ми прават. Утре ја завршувам 42 недела. Документите што ги виде Шишиќ денес демек се е ок.. таман сум си. Само бебево мало било, тоа од друга сестра го слушнав, касни некој ден. Килажа има негде 3кг и нешто. Не сакам да ме врткаат. И да сакам она веќе неможе да прима толку храна како претходно..
Како бе луѓе историјата на бременоста ја нарекувате глупости? Како се оди во Мк на пораѓај? Зар не треба во болницата да имаат комплет информации за целиот тек на бременоста,алергии,хронични болести дали постојат и тн. Сметам дека проблем е во организираноста во системот,односно неповрзаноста на матичните лекари и родилиштата. Што е тешко да испрати д-рот кој ја водел бременоста електронски податоци за родилката,а не да ги маткаат во последен момент или ко во случајот на Старлич да и’ коментираат дека за пари ја држел Женска,седи си таму и слушај инструкции,јас би се осеќала побезбедно отколку дома.Стискам палци да бидне брзо и лесно
Незнам за во Чаир како функционираат викенд и празници ама сигурно е исто како и на Гак. Мене ме фати така со празник да ме остават во болница и чекаа работен ден за да ме породат. Во четврток не реагирав на индукцијата петокот беше 11 октомври па викенд и ме породија во понеделник. Тие три дена на никоја не и ставија провокација само ги пораѓаа жените кај кои сам почнал процесот. Може е различно во Чаир ама биди спремна и на таков исход. Јас бев убедена дека ке биде брзо и ептен психички паднав чекајки секој ден да ме породат и само си создадов стрес за џабе. Имаше и жени што викендот си отидоа дома ама сите беа на програм за царски за во понеделник. @Starlič мој совет ти е да седиш таму и да чекаш да те породат најубаво, ако не си потпишеш нема да те пуштат тоа сигурно. Со лесно, се надевам дека сами ке те фатат болки да се олесниш што побрзо.
Мила ама они и бараат приска,и тоа во 43 недела од бременост и башка и велат да видиме што да правиме.Според мене тотално неорганизирано и мизерно.Ги мотаат место да ја породат членката.Да беше 37 г.н.ајде некако,ама во 43 нон сенс.И сигурно членката отишла со документи.