Извини што се мешам од нигде никаде, само сакам да ти го кажам моето искуство во Чаир. Поминат термин 41 недела почнувам докторот ( Неџипи) ме следеше од 36 веќе, вика мора да те задржиме на патолошка не си за дома.Паника ме фати зашто нели цело време чекаш болки за да одиш во болница.Следеа 4 дена поминати на патолошка и докторот вика ќе ставиме во сабота чепче за провокација.Доаѓа сабота ни чепче ни ништо не добив.Сабота и недела таму е како празник ( само тоа што е итно го работат).Дојде понеделник, ми дадаоа провокација во вена во 6 сабајле до 13 часот.Од вечерта треба да бидеш и гладна и жедна, а пред провокација даваат клизма.Никакви болки не добив нит се отворив.Докторот вика може ли да одиме на царски пошто немаше абер да искача бебето.Се израдував максимално и одлетав во сала.Се беше готово за половина час.Тоа е моето искусто во чаир.Знам дека ти е тешко што не си дома но моментално си за во болница каде што си под редовен надзор.Не се паничи од тоа околу што ќе го видиш таму пошто секој порагај е индивидуален.Нема подобро од природен пораѓај но и да завршиш царски нема да биде воопшто страшно.Ниту една трудница додека бев јас таму не остана непородена и навреме се реагираше за се.За скоро ќе го гушкаш бебо.
Не носев ништо од документи. Сем здравствена книшка, прашував што треба да се носи од документи, и матичниот и некои членки од тука ми рекоа само здравствена книшка, ништо друго. Мене ми побараа мајчина книшка, јас ја немав. Овие документи обично не ги барале, ама дека јас посебен случај и затоа. Денес веќе завршуваме со 42 недела, аирлија од утре, и да бидам искрена можам вака да терам уште некој месец. Ви благодарам на сите што ми пишавте, и советувавте. Криво ми е дека за Бадник ќе бидам тука, а маж ми сам дома.. Ама морам да бидам јака.. Он несака да си оди за Паланка.. Тука ќе седел...
Добро утро на сите . Старлич без коментар сум за твојата ситуација буквално. Се ми е чудно, ама едно знам. Докторите во Чаир се врвни, чим ваљда за нив е ок да надминеш 42ра (што прв пат слушам) значи ваљда е ок. А проверија ли зрелост на постелка, цтг ти прават ли? Немам коментар искрено, ама Господ да ве чува и тебе и бебо само и да биде се како треба. Инаку си закажав преглед кај Кацарска, си ја чув докторката и одма душа ми се стопли. Боже колку си ја сакам некој ќе помисли настрана сум . Многу пари е у пм се, ама посилно е од мене.
Се е проверено, и се е супер. Постелката е ок. Ќе чекам што друго ми останува.. Цтг нон стоп прават,не покажува никакви болки.
Секако дека ќе си јака, најважни сте сега бебето и ти, да сте под надзор и да ве следат. Не се замарај за ништо друго и нека не ти е криво за ништо. Следната година тројцата за Бадник ќе си бидете заедно, оваа година така требало да биде. Седи си таму штом ти рекле така, за брзо ќе се гушкате сите заедно.
@Starlič а баш го помислив Марфи кога те прочитав дека сакаш да си дома за празниците. Така јас цела бременост викав дека ке одам ке родам и за два дена ке си дојдам да не ми седат децава без мене долго време. И останав во болница 10 дена . Секогаш излегува како што не сакаме. Чудо е животот
Zenicki pomosh ☹ Imala li nekoja bolki vo zeludnik?Jas veke 4-5dena imam kiselini,nemozam da jadam se so sila i zeludnikot mn.me boli.Mozno li e od shto ne jadam ili pak od terapijata shto ja zemam koja mi e ogromna?Kako si pomagate vie vo vakva situacija,shto zemate?Inaku sum 9n.+3
Ја прашав визитата, денеси и утре нема да ми стават провокации. Викам тогаш дај за царски да се договарам. Вика јас незнам ништо, ние сме од друг оддел, и денес и утре само ќе ве регулираме. Понеделник да прашам некој од докторите што и како. Бебето ми касни по недела, две во се.
Јас во тој период, скоро до 12 недела имав преголеми болки во желудникот (но си имав јас и пред да сум бремена). Посебно навечер ми беше најтешко ама кога ќе заспијав немав мака и наутро како нова бев. Матичната ми рече да не земам ништо бидејќи тој период е мн важен за формирање на плодот, само гастрогард ми даде.Искрено, мене не ми помагаа. Таа рече можеш ако од едно не ти помини, веднаш второ, ама јас никогаш не земав повеќе. Исто, не ми помогнаа ни зрнца ориз, ни бадеми, ни сода. Едноставно изгледа таков беше периодот, а баш си викав како ќе функционирам со такви болки, кога од кај 13 недела ми ги снема. Еве од утре влегувам во 23, и немам болки. Овој период само тежина имам, како да ми притиска нешто на желудник и дијафрагма (што е нормално, бебе расти и си прави место). Така да, мислам дека е период само и треба да се издржи. ЕДИТ: не го оставај празен желудникот, посебно ако примаш мн лекови. Јади нешто суво, двопек или бејк ролс обичен. Јас тоа јадев и понекогаш со малку кисело млеко, битно да не си целосно гладна.
Извини мила,ама врвниот доктор не ја чека пациентката за пораѓај во 43недела(членката е 43+1),44 влегува и не гледа дали е викенд,дали се споени празниците,како ќе заврши истанбулската невеста.....едноставно си ја породува членката по протокол.Цццц,ова и јас првпат го слушам,во 43 недела се мислеле што да и прават Браво ептен се врвни.
Сум слушала дека ако бебето не напредува веќе се закажува царски. Ако познаваш било кој сестра, болничарка ќе ти најде контакт од доктор и ќе ти среди, ќе си бара одредена сума за да дојде ама ќе ти олесни. Ова стварно да не знаеш кој е луд, кој е нормален. Не е фер ти да ги чекаш викенд и празници да си истераат, како за тебе да не е празник. Или пак државна да идеш да ти пуштат денеска провокација и да се олесниш. Се е многу чудно како што рече членката погоре. Немам коментар.
Znaci gastrogard e dozvoleno?Ova zrnca oriz da se zvakaat,progoltaat?Sodava so malku voda da ja rastoram?Ke probam neshto suvo da jadam iako od se mi se gadi.Fala ti mnogu za sovetite
Душо прво инатот не ми даваше да фатам врски, се силев дека природно ќе раѓам. Дојде момент, се е супер, бебево е супер, мало било,на ехо сликите тука што ми ги правеа сама видов дека касни со недели. Маж ми дреме пред болница се нервира. Отиде со еден колега да се види и ќе збори, да се јави на некој доктор и да праша што е работа. И да фатам врски заа царски, денес и утре нема да ме породат, понеделник веќе е касно, празник, девојчево што е со мене у соба има царски кај Илиевски договорено, и рекол во Среда. Битно празнници да си истераат сите.
Што ако и таа провокација не ми помогне? Шишиќ вчера рече на бебето му е рано да излезе, затоа е можно и да не ти реагира провокацијата.
@Starlič сега ќе слушнеш од нас многу мислења или искуства. Да си фатиш врски или да бутнеш некоја пара на некој доктор па да те направат царски?? Ај докторите знаат они гледат ехо и се разбираат. Не знам шо да ти кажам. У струмичката болница ќе бутнеш пари на доктори кога сакаш тогаш царски ќе те направат. За бадник не се секирај, секоја година е бадник. Оваа бебенце еднаш го раѓаш. И јас пред 4 год бев со ќерками ми у болница беше болна за бадник и за божиќ, маж ми сам беше дома. Ќе дојде ќе седи со нас и мора да си оди вечерта. Така да се знае сега шо е приоритет. Ќе се молам за тебе да поминеш убаво и да те фатат болки да се породиш па да ти олесни. Ситуацијата ти е психички исцрпувачка, ама мора да бидеш храбра и да издржиш до крај.смирено и релаксирано само. Мајка Богородица нека ти е напомош, да ве чува со бебенцето.
Те разбирам, не можеш да бидеш паметна во ваква ситуација. Ајде само без нервози, сепак за убаво е, како што кажа ддевојче ова е приоритет. И на Божиќ да се роди убав ден е
Да,мила и јас знам дека ако беба не напредува некое време и ја има родилната тежина,а членката е влезена во 9-ти,ја породуваат со провокација или царски.
Маж ми преку еден колега се јавил на сестра што е тука и рекла дека ме следеле, се било во ред, ама морале да чекаат, бидејќи бебето не било спремно да излезе.. Затоа и чекале природно да почне процесот, а оно абер нема..