Здраво колешки. Јас уште во Мк, ептен се заседнавме, во вторник си одиме, доста е, се прошетавме доста и Скопје и градот каде што потекнувам и супер ни дојде промената и мене и на син ми. Е, да прашам друго, дали знаете колку е дозволено да се јаде/пие чај од ѓумбир во бременост? Јас секое сабајле пијам, ми прави татко ми ѓумбир свеж, мед и лимон и сега си направи за него па и јас пак испив една чаша. Знам дека е дозволен, не е забранет, ама не знам по колку и тоа секојдневно можам ли да користам, да не претерувсм по 1 чаша дневно секој ден? Инаку прв пат во живот пијам ѓумбир, никогаш не сум пробала до сега и ми се допадна многу и секој ден му реков на татко ми да ми прави додека сум тука, кога ќе си одам ќе си купувам и во Гр ќе си правам. И така. Поздрав на сите и убави бадникови и божиќни празници
Zdravo moze.li da mi kazete dokolki znaete sto e razlikata ako postelkata e na preden dzit a sto ako e na zaden dzit ?
Мојата е на преден зид и единствено нешто малку негативно за мене е дека покасно почнав да го осеќам бебето, инаку нема ништо негативно, за заден зид па не знам, мислам дека и тоа не е ништо страшно...
Ништо не направив отидовме до рабоата на мм таму го почекавме да заврши и си дојдовме дома. Се истуширав и легнав малку да одморам. Ќе почекам да се вратат отидоа до маркет да купат шо треба за дома, па ќе видам како ќе се осеќам, ама најверојатно ќе одам да ми кажат од шо ми е таа болка. Не ми е од денес таа болка и пред тоа ви се жалев ама ептен е исразена денеска. Ај и не трчавме којзнае колку поваркавме као 10 метри и седнавме на клупа. Најстрашно ми е шо неможам да си ја подигнам ногата, ни едната ни другата.
Момичиња, ве молам кажете ми дали има нешто негативно за бепче ако ставам крпа со ракија на врат? Имам грлобол, па ублажувам со народни лекови. Би му штетело, да не се опијани?
Здраво Еве мене докторот на 4д ми кажа дека постелката е на заден ѕид но јас не го прашав што има разлика. Почнав да го осеќам бебето уште кога бев 17+ , а како поминуваа неделите ударите се појако се осеќаа дури преку блуза ги гледам поместувањата и јас и мм. Сега веќе 28+2 а принцезата си рита како топка да игра.
Здравп женски,треба да патувам со авион,тогаш ќе бидам 20недела а за враќање назад 24,па дали имате да споделитр некој совет?? Што како поминува летот на бремена жена? Фала ви
Најнормално, секој месец по два пати летав од 5та недела до 36та. Само опуштено, ако има турбулемции биди смирена. Секогаш имај водичка со тебе, не мисли на лошо. До крај на 36та недела имаш право на лет доколку е во ред бременоста. Некој компании можно е да ти бараат потврда од доктор дека е се во ред, јас претежно со Wizzair летав па немав со нив потреба за потврда.
Neli e mn rano da imam pred mleko (kolostrum ) uste vo 19 nedela ? i dali ako imam toa e znak deka sigurno ke imam mleko ili nemora da znaci ?
Жени јас бев на клиника, многу ме болеше. Најверојатно е некој претиснат нерв, неможат нимони 100% да кажат. Едвај се движам дури докторот ми помогна да се облечам. Ми направија цтг супер е, ме гледаа на ехо бебето се завртело со главата надолу, фала богу, протоци гледаше исто како минатиот пат на левата страна малку е поразличен од десната ама не е страшно сметат дека е добро оти плацентата е на десната страна.Супер е бебето. Вагинално ме прегледа затворена сум и уште не е со главата во каналот што значи при пукање на водењак останува да викам брза помош или со кола назадно седиште да легнам. ме излепаа со траки таму кај шо ме боли и до една недела можам да ги носам. Магнезиум до 37 недела може да се пие и топло шише со вода на половините кај шо ме боли. Пред нас извадоа една жена штотуку породена си го држеше бебето во раце ја бутеа со креветот а мажот и го бутеше бебешко креветче. Леле се стопив кога видов, ќерка ми радосна мама к ние ќе сме така уф милина да гледаш. Во чекална една сурија народ чекаа да се породат родилките @Sandra456* не е рано таман си е, а дали тоа значи дека имаш млеко не знам точно да ти кажам. Играат улога млечните жлезди и добрата стимулација по пораѓај. @Starlič @SanelaS како сте??