За веќе искусните мамички .. на интернет читам симптоми пред пораѓај т.е. кога веќе е стварно породот започнат како на пример испаѓање на слузниот чеп, пукнат водењак, контракции на 5-10 мин.. но нигде не можам да најдам симптоми 2-3 дена пред пораѓај, како сте се чувствувале, дали сте осетиле некакви промени, дали сте имале диареја или запек, болки во горниот дел или долниот дел на стомакот,омалаксаност или фул енергија, активно или мирно бебе, чувство дека за брзо ќе се запознаете со вашето бебче или па сте се "изненадиле" со болките и водењакот. Еве јас веќе недела дена имам менструални болки ама тие фамозни контракции никако да дојдат на ред, од вчера вечер стомаков ми е тврд како камен и мислам дека може секој момент да експлодира, немам сила и се осеќам барем 20кг потешко него ли завчера, по 10 пати на ден наоѓам изговор само да се качувам по скали ама и тоа веќе не бива..
Кај мене беше вака. Во среда или четврток ми падна чепот после тие денови се најнормално ми беше и во неделата сабајлето кога станав бебе не беше ама ич активно. После почнаа како менструални болки ама цела бременост си ги имав и не обврнав баш внимание и сега со второ си ги имам. Попладне пукање водењак со не толку страшни болки и од кога влегов во болница за пола саат се породив Едит: уште памтам водењак ми пукна околу 15:30 а бебка е родена 16:45 Со лесно
Во првата бременост немав никакви симптоми. Си легнав да спијам и осетив како ми пукна водењакот. Отидовме вечерта во болница, немав никакви контракции. Следниот ден во 11 сабајле ми ставија провокација, болките ме фатија накај 18:30 - 19h вечерта и беа ептен јаки и наеднаш се појавија, на секои 1-2 минути. Ја удирав главата од ѕид до 2:30 сабајле додека не се породив. Се молам ова породување да ми биде полесно и побрзо. Утре влегувам во 39 недела (38+0). Имам од 7 месец Брекстон Хикс контракции кои станаа ептен јаки последниве недели. Толку јаки што на ЦТГ ми одеа до 80. Има некоја од вас да сподели дали овие контракции кои треба да се лажни ја болеле толку многу?
Здраво женски. Ме нема зошто баш ништо не се случува. Вчера кај 10 ми правеа цтг, синоќе во 01 ме разбуди сестрата во паника,стани уште едно цтг да правиме, правевме уште едно цтг, 40 мин лежев, ги зема сестрата резултатите и некаде ги однесе, чекав да ги врати, сум заспала 20 мин кога ете ме буди сестрата и мислам дека тоа беше анестезиолог, стани вика на бокс, отидов, преглед со рака ми направи, вика затворена си. Ајде правете уште едно цтг, се направи и тоа, пак со резултатот кај истиот доктор. И се враќа сестрата, со плачење ја прашувам зошто не ми кажувате што е работа, едвај уста отвори, бебето као проблем со срцето имало, на цтг покажуваше пребрзи отчукувања и затоа. Ама сега е се во ред ми рече. Ситуацијава се одвиваше докај 3 саат. Плачев, така сум заспала. Сабајле визита дојде во 8 јас топ, само слушам машки и женски глас зборуваат во нашата соба, беа кај цимерката, се свртеа накај мене и сестрата објаснува што и како, јас сонлива сеуште и таман да се тргне, Др. Кировски беше, му викам со плачење, Др-е ве молам правете ме царски, страв ми е за бебето, и на сестрата и кажа,ставете и клизма и уклучете индукција. Плачејќи станав и отидов додека ми ставаа клизма и викам на сестрата, добро ќе ме правите царски затоа што јас кажав или затоа што треба, викам многу ми е страв.. Вика не се плаши ќе бидеш мајка, биди јака. Се средив под туш. Од 09 до 16 часот ми течеше втората провокација, додека лежев имав болки во половината, и чат пат напред, на моменти ме тераше малку да напнам, мислев дека не сум завршила ко што треба работа во вц, ја прашав докторката вика можно е да си почната да се отвараш, а за напнувањето супер. Дојде Шишиќ после тоа, и на неа и кажувам, вика ааа нема шанси уште сега да те тера на напнување, викам тоа беше само момент. Не е кој знае колку. Едвај чекав да станам. Немам јадено од сабајле, гладна сум и жедна. Болки немам, само нешто кај половината, ама не се тоа тие болки, шетам цело време... Др. Кировски е и вечерва тука, сега сестрата ми кажа да не јадам, да чекам да дојде па он ќе одлучи како и што.. Тоа е жени. Ама како ми се јаде пржено рипче не знаете дека гладна.. ммм
Zdravo devojki.Jas pravev krvna slika.Kalium namalen,crveni i zelezo namaleno,proteini namaleni.Evo vtor den primam terpija ama so lezam stom se razdvizam malce mi se cini ke se strupolam. Me isplasi doktorkata vika kako ke izdrzis do kraj vaka a na pola bremenost si...se samo stresovi... Duso te citam celo vreme,i vo tekot na denot samo za tebe go otvoram forumot.Ti si hrabra i ke bide se vo red...
Ја мислам чим те држат гладна те спремаат за царски. Ако не се отвориш природно. Близу си мајка, многу те мислиме, пишувај од време на време. Ова веќе е крајно нехумано твоево...
Девојки дали некоја од вас има проблем со жолчка во бременост. Од вчера осеќам нелагодност и тапа болка, 21+3 сум
Денес сум 16+1. Претходнава недела на два пати ми се случи како да ја осеќам матката згрчена. Не знам како да објаснам.... Кога се возевме во кола го осетив ова. Па го спуштив седиштето во лежечка положба за да не го осеќам згрчувањето. Оваа недела сум на преглед ама се плашам нешто погрешно да не имам направено.
Подршка и од мене, те читам веќе некое време сум во катчево се изнамачи ама ќе биде, Кировски е еден од поискусните таму, само смирено и ќе биде, за брзо ќе се гушкаш со бебе.
Odmaraj raboti samo neophodnoto sto moras i se ke bide okej Mene edno nesto ne mi e jasno so ovie laznite kontrakcii, gi registrira li ctg kako vistinski ili kako ? Moze e glupavo prasanjeto ama ete ne mi e jasno
Дали размислувате каде ќе се пораѓате? Јас тек 6 почнав може ми е рано, ама лета време страшно бргу. дефинитивно скопје ќе биде државна или чаир. Ќе видиме здравје, ќе се распрашувам за искуства. Важно ми е да биде чисто, вц, постелнини спаваќи и сл.
И јас само за тебе доаѓам тука, ептен те мислам. Многу си храбра, истрајна, бебе за брзо ке биде со тебе Си се гушкам и јас со малава во болница (пнеумонија има), па ми текнува кога беше и бебче, вака сами не сме биле од кога се роди и ептен ми доаѓаат тие моменти овие денови тука. Дај боже како и да биде, да помине брзо и лесно, утре веќе Старлич со бебенце
На здравје мила. Не знам зашто цел ден те оставија гладна. Дај боже да се отвориш брзо веќе кога се измачи со се, бар брз пород да имаш.