Бравос бе, ама убаво си поминала Само јако мила, се ќе биде Секоја контракција ја кажува на цтг. Јас во првата бременост, сум си ѓи имала контракциите, и дури во 9ти коа бев кај матичната на цтг дознав кои се. Сестрата ми вика, те боли ли? јас ја гледам чудно..што да ме боли жено цтг ми правите ? Вика имаш контракции..ааа викам тоа ли е тоа шо ми се стега стомакот, добра е на крајот дознав Ги дава сите на цтг.
Ништо грешно,јави му на матичниот одма ,и објасни му ситуација. Може се лажните контракции, и ќе треба магнезиум по 2 пати во ден да пиеш.
Каде? На брис имаше од доле? Ако си кажала таму не е проб за природен пораѓај ама одма терапија соодветна даваат на бебето кога ке се роди. Другарка со стрептокока роди природно близначиња.
Ги регистрира, ама како што можев да изгуглам, различно изгледаат напишани. Башка не се редовни интервали така да одма се знае дека се лажни
Да се надевам дека ќе издржам, цело време ми се стега стомакот и силно ме заболува како со циклус, како грчеви и јас не знам веќе може многу се фокусирам на тоа..кај другите пто сте тука некаде така се осеќате или?? @SanelaS пробувам да не работам по дома ама ситничар сум и сакам се да ми е средено, па паники ме фаќаст ако се роди а не ми е спремно, како ќе биде што, главата ми е хаус..
@SanelaS јас вчера кога правев цтг одвреме ме стегаше стомскот и цтг ги регистрираше. Се качуваа до 26 што е ништо у споредба со вистинските породилни болки кога кје скокнат до стотка. Цело време беше околу 16-18 а кога ме стегаше стомакот 26 се качува значи рњгистрира се. Плус приметив дека бебето кога мрда откуцаите му се повисоки преку 160 до 166 стигаа, а нормално 120-130, и пулсот од 70 до 90 се движеше. Инску синоќа сонував како сум се породила и тоа со машко бебе не со женско. Ај се окупирам веќе со пораѓаи па и почнав да сонувам.
Имавме ние тука феминка со нас што цела бременост и викаа дека носи машко, а роди девојче. Се дешава. Инаку исто сакав да ти кажам, мислам ти имаше болка не можеше да движиш баш? Да кажеше одма дека не ти е прв пат ќе знаев дека е нерв. Кога ќе фатат бебушките некој нерв док не се померат не поминува. Тоа сум слушнала тука од трудници и другарки. Како ти е сега? @Starlič како си мила? Визита помина?
Хаха тоа се смеев на докторот и му велев можеби ќе порасне нешто до крај, а он па не не 100% еве и слика и јасно се гледа дека е девојче. Нека ми е здраво и живо што и да е. Инаку да, нерв. Деновиве сам подобра, подобро можам да одам по ми е опуштено ама уште поткривнувам и при вртење и при станување ми е малку проблем. Ама во ред е сега за разлика како што бев у саботата... тие траките исто ми помогнаа, не верував дека ќе помине од нив ама напротив. Ај уште малку. За многу години да ни е Бадник, живи и здрави со фамилија и со дечиња да си дочекуваме декоја наредна година. @Starlič @SanelaS некои новости??
Едвај чекам да дознаам пол. Триста мисли ме јадат константно како ќе биде со две,што ќе биде, ама ќе ми помине нели? Инаку во право си, што и да е , само Господ еден да ги чува од почеток до доаѓањето на овој свет. И денешен празник на сите раце да им полни од срце посакувам! Имајте убав ден мешиња.
Идеме сега со трета опција. Вагиналетка некоја ќе ми стават за да ми го омекне грлото. Ако почне процесот добро ако не, ќе ми стават уште една провокација. Викам на докторката мене овие две провокации не ми делуваа, не верувам дека и ова нешто ќе направи. Вика така во светот се прави така ќе правиме и ние. Ќе пробаме па ќе видиме. Пак не ми дозволуваат да јадам.. мака ми е.. Животот на пола ми се скрати.. немам сили.. Ми иде да му кажам на маж ми да ме отпише и да си одам дома.. Лошо ми е.. Прегладнета сум.. Ми се врти. Сега маж ми ќе го купи тоа ср*ње па ќе видиме..