Јас земам од 400 мг таблетки, ама читам овде дека некои и по 2 пати пијат во денот па ме интересира колку мг вкупно излегува тоа. Дека некогаш кога имам болки сакам барем уште пола таблета да испијам што би му дошло вкупно 600мг па велам да не е многу...
Смири се , кога ке заврши се , се ке заборавиш, ова ке биде само едно сеќавање , битно е да си смирена , ке поминат и овие два дена и се ке заврши , само биди смирена тоа најповеке ти треба во моментов !!!
Па мoжеш да се напиеш. Jас на краj на бременoст пиев пo 2 пoради бoлки. Наjдoбрo кoнсултациjа сo гинекoлoг.
26та недела сум и бебе веќе повеќе си клоцка, сега баш ме шибна јако долу некаде дури ме здоболе. А дали е ок што често стомакот ми се стврднува, до тој степен што ми прави и нагони на повраќање? И онака си ги имам ама кога ќе ми се стврдне уште толку повеќе.
Ако смееш течност земи кока кола да те крене малце... Со лесно,денес и утре се убави празници, ќе ти пушти Господ сила
Јас пијам по 2 на ден. Од по 400мг. Матичнатами кажа дека е дозволено до 1000 мг на ден. Мене 800 мг ми се фаќаат .
До пола истече, без прекин. Еве докторката вика сум требала да јадам, сестрата сабајле три пати ми рече немој да јадеш и да пиеш. Си добив вагиналетка и сега ќе ме стават на цтг и ќе лежам неколку часа.
Само со лесно и да помини побрзо се во најдобар ред. Постојано отворам да видам како си. ❤️ Мене утре ми е термин. Сношти имав контракции, малку болни. Сега не, но се чувствувам како да ќе биди за брзо, некако како потешко ми е. Кизнај... Чеп ми нема паднато се уште...
Знам како ти е. Мене 2 дена исто ме маткаа изеди само едно залче лепче зошто не се сигурни како ќе се пораѓаш на крај. Јади си зошто не знаеш кога ќе почнат болки, а кога ќе почнат ќе ти треба сила. И знам дека си истоштена психички, ама мисли на тоа што следи. Со среќа ајде .
Леле не се нормални официјално. Нема шанса да одам у Чаир па мајка Јана. Дефинитивно си одам у Систина пак. Се што мислев со Старлич се сруши. Скроз се изнервирав како се понашаат со нас државно. Како да сме некое парталче и ајде ќе го фрламе ваму таму. Вријам после секој нејзин пост. Се повеќе и повеќе се нервирам. Така правеле у свет. Аха. Детето го оставаат мајката да го носи 10 месеци. Извинете на негативноста, ама мн се напнав.
Констатацијава е пошо и ти си докторка? Ти се напнуваш ама ја напнуваш и членката. Како треба да биде така ќе биде, под надзор е. Олабавете ја со ваши заклучоци.
Ич не сакам да ја напнам членката, не биди дрска, криво ми е што ја мачат. Овде инаку ако збориме за тоа многу докторки има нели?
Верувај чепот или вагиналетката ќе ти оомогне јас сум породена така со првото, тоа е директно внатре во матката, ќе го омекне грлото и ќе почнеш да се отвараш. Подруго преку инфузија и не делува. И гледај да шеташ штом завршиш со цтг. Штом ти вели докторката да јадеш значи да јадеш и да пиеш. Јас за време на пороѓај 3 литра вода за 45 мин испијав. Ајде прашај одново барем вода, ќе ти треба сила за да раѓаш. Не се секирај денес , најкасно до утре ќе биде. Убави празници мајка Божја ќе ти е напомош ќе се молиме и ние за тебе.
Значи да разочарана сум, мака ми е, тешко ми е.. Ама здравје за второ (ако се решам да раѓам, иако ни првото не сум го родила уште, ма да мислам ако има второ дека ќе го купиме, нема да го правиме) пак би дошла тука, во Чаир. Чисто е, средено, имаш нон стоп чиста постелина, и сама си земаш ако ти треба. Јас за жал излегов ваков случај, ти, и сите други дај боже 100 пати полесно да поминете, може нема да ја имате оваа среќа што ја имам јас.. Размислував и ќе речам, докторите прават што можат, сабајле бил маж ми и зборел со некој доктор, и му рекол дајте царски направете ја, он му рекол, не е тоа решението,ќе пробуваме вака... Царскиот си носи свои маки, и не е лесно воопшто.. Така да нека мојава приказна не ве предомислува. Јас само можам баксуз да бидам не верувам дека има други како мене..
Издржи мајче! Јас вториот пат за поарно отидов приватно и не поминав пак сјајно. Таков организам и конструкција, мислам 3 одеднаш да носам ке ги носам до 41ва и пак со помош ке треба да се отворам. Потешко отварањето оди кај некои жени, појако грло на матката, ама бебе ке излезе не се грижи. Едно природно, едно царски имам и мака и вака и така има, но брзо поминува, се заборава после. Другарка ми со вагиналетата успеа да се отвори, па дај боже и ти
Твоето искуство стварно не е убаво, ама мора да издржиш. И јас планирам да се породам во Чаир, и сепак мислам дека се е во Божји раце каде и да се оди. Ако треба нешто лошо да се деси ќе се деси и во приватна болница.