Мартка. Мислам дека треба да прекинеш. Зошто толку аверзија и потценување имаш кон државните клиники? Немаат услови ко у Систина,иако и таму не е богзна што но најтешки операции изведени во оваа држава се на државна клиника и докторите во Систина се дојдени од државни клиники,Петровска со години беше на клиника,мислиш дека била лоша додека работела на клиника? Им правиш страв на родилките кои раѓаат на државно. Нема потреба од тоа. Приватните родилишта не се гаранција за ништо,освен за ручек по мени,гратис марамици,пелени и останати потрепштини кои не чинат ни многу,и во приватните има лоши искуства,лошо изведени породувања,операции и смртни случаи.
Епа прво природно родено дека... чекаа природно да тргне процесот и со второто.. Скоро секаде си е така, чекаат доколку е се во ред.
Vo privatnite nekoj drug da ne ti go rodi? Pak nie ke go ragame, abre luge se da si bide kako sto treba nema vrska dali vo privatna se poragas ili vo drzavna, mi doaga vo pestera da se porodam od sekavi kometari sto se pisat za bolnocite.
Вистината е тоа мила,нажалост,и јас сакам да ги пофалам ама родилка да мачат така не ми ок.И криво ми е дека не е внука на Шпишичка иначе одма на царски без никаква Не ни започнав нешто,за да го прекинам.Имам искуство од сите клиники и споделувам искуство и не наметнувам ништо,а тоа дека здравството е дно дна тоа е вистина која сите ја знаеме,а ја фалат само оние со врски.Така да....
Без расправии ајде, да ја чекаме Старлич со позитивни коментари. Мислам дека денеска и е денот, ако не денес до сабајле ке биде со бебе во раце. Сигурно си знаат што прават, ја следат и на ехо, цтг, вагинални прегледи. Истото го прават и приватно кога е се во ред и кога може да оди природно процесот. Освен што е олеснето со епидурална за болките.
Не се расправии мила,секој си разменува искуство за тоа е форумот,мислење позитивно или не,нема љутиш.
За Чаир немам искуство,на клиника имам секаде и на гинекологија со мајка ми и со вујко ми по скоро сите други оддели. Со многу јаки врски мајка ми топ помина на клиника, Димитров ја правеше и у тоа време ја залепи кај што уште кај нас беше квантна физика и се правеше царски и операција со шиење класично. Ама мн јаки врски фативме. На другите оддели од многу професионалност вујко ми заврши на дијализа оти не знаеја 2 години што му е проблемот. Док открија дека се бубрези него му откажаа. Јас имам многу трауми од клиника. Тие исти доктори што биле државно и не те вртеле 2% сега ти се лижат за пари. Ете тоа е за жал реална слика во Мк. Јас од мое искуство никад не сакам да ја видам клиника , Господ само да ме чува подалеку од неа. Моето искуство е катастрофално и ми го уништи најубавиот тинејџерски период. Така да не велам не идете да се пораѓате таму, многу мои другарки и познанички се породија таму презадоволни се, но секој има свое мислење. А за Чаир секогаш сум се мислела дури и претходната бременост зашто секогаш само пофални зборови сум слушала. Како и да е Господ сите да не чува само и да ни помогне да истераме до крај како треба.
Баш дека е Божиќ олабави малце со такви коментари, жената не е во кланица во болница е. Тебе мајка ти во приватна да не те родила? Ако толку ти е дај уплати на сите тука да можеме да одиме на приватно.
Ве читам сите и смешни сте ми многу, се расправате. Некој спомна да не ви ги фаќам мислењата здраво за готово, секако дека нема. Јас пред да одлучам каде да се пораѓам, пишував и прашував членки на форумов, и затоа се одлучив за Чаир. Отидов без врски, може да имав врски ќе бев породена до сега, ама ете не фатив, бидејќи не сакав. Секој си го споделува своето искуство. Од 3 саат ќорав доктор не помина, тука е сестрата, ама и она не е нешто ангажирана околу нас, лежев на кревет и на цтг, болки имав до пред саат ипол, сега на моменти само половината ме боли. Прееска имав преглед со рака,немаше ништо. До утре ако не биде, ќе ми стават провокација повторно и ќе чекаат. Маж ми со золвата кршеле лепче дома, кај мене се паднала паричката,и лани на работа се падна во мене.
Мила само ја кажувам вистината.А што се однесува на мајка ми,кога и да ја прашам за тоа какп п Мила не се расправаме само си разговараме,немој да се секираш,со лесно.Не е баш смешно,ама ајде хормони во прашање.
Многу добро кажано. се согласувам со тебе! Нека не чува господ сите и да поминеме сите со лесно и убаво се да се заврши било во која болница да сме.
Мили дали вие го читате она што го пишува членката.Ако го поддржувате тоа...немам зборови....поздрав и убав Божиќ
@Martka јас живеам во Грција. Се пораѓав во приватна клиника каде пристигнав во 7:30 утрото, се породив во 19:55 вечерта. Цел ден ми помина со 3 различни провокации, гладна и жедна шетав по скали нагоре надолу, се додека на крај морав на итен царски од Х други причини. Никаде, во ниедна развиена земја царски не е избор туку крајна опција и со причина е така. Раѓаш нов живот, целото тоа малтретирање низ што се поминува не е ништо во споредба со радоста што ќе ја гушкаш во раце на крајот. Не се обесхрабрувајте! Не барајте царски ако нема основа за тоа. Пораѓајот е крајот од патувањето и трае броени часови. И на глава да ве стават ќе издржите чим сте стигнале до таму. Не се заборава, ама поминува.
Битно ние те мислиме и ти посакуваме среќа Само храбро и позитивно. Од глупави расправии некогаш се губи поентата и на некој да му треба корисна информација не може да се дојде до неа.
Не е мачење. Прворотка е,споро иде процесот,под контрола е и ќе си роди прекрасно бебе наскоро. И јас бев внука на гинеколог,па се пораѓав 18 саати природно,замисли. Незнам зошто мислиш дека царскиот е привилегија ,кога не е,ниту би требало да биде привилегија во приватните,како што мислиш ти. Ниту е прв избор. Тука е осетлива тема,не треба да ја полниме со застрашувачки муабети за местото каде трудниците треба да родат живот.
Не мила јас не викам царски,него да ја породат,а они и бараат документи,го шетаат мажот и самата членка пишува дека доктор не видела,тоа не ми допадна,доаѓа како бегање или преџи бриго другога.Иначе сум лежела таму и знам многу добро како е,нажалост.Ок,како и да е.....
Не мила јас не сум за царски,ама докторите ништо не прават,а членката е веќе доста поодмината во неделите 43+3 е веќе.Ризикуваат,и се надевам дека ќе биде све ок.