Труднички муабети

Дискусија во 'Бременост' започната од meU, 23 јули 2012.

  1. LUCI 99

    LUCI 99 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 февруари 2015
    Пораки:
    996
    Допаѓања:
    3.078
    Пол:
    Женски
    37 sum bebeto mi e nisko dolu padnato od 8 mesec mozebi zatoa kako tvrdo osekam :?:
     
  2. ddevojce

    ddevojce Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јуни 2013
    Пораки:
    3.492
    Допаѓања:
    4.549
    Хм, различно кај секоја трудница е. Јас сум утре попладне на контрола па да видиме шо ќе каже.
     
    На SanelaS и LUCI 99 им се допаѓа ова.
  3. Martka

    Martka Популарен член

    Се зачлени на:
    8 април 2017
    Пораки:
    1.871
    Допаѓања:
    4.857
    Пол:
    Женски
    Мила овде сме за искуство што позитивно,што негативно.Доктори не сме,но што сме доживеале сме споделиле.Нема љутиш:*
     
  4. gjoker4e

    gjoker4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2016
    Пораки:
    7.420
    Допаѓања:
    37.620
    Пол:
    Женски
    Докторите се во право. Кажале дека е мало бебето и се сомневаат дека датумот на последна менструација е погрешен или станува збор за доцна овулација.
    Повеќе верувам дека во приватна би направиле нешто за пари отколку во државна. На пример во приватна може да те породат одма со царски ама не е тоа тоа. Царскиот не е сечи, лепи. Тоа е операција. Природното породување не е операција.
    На крај се ќе испадне како што треба.
    Секаде во светот одат до крај за природно. Кога ќе видат дека мора царски тогаш царски.
     
    На VDT2906, eta, Мариаа. и 14 други им се допаѓа ова.
  5. Dikinzi

    Dikinzi Популарен член

    Се зачлени на:
    20 април 2019
    Пораки:
    2.598
    Допаѓања:
    6.162
    Пол:
    Женски
    Кумовите ни се во Шведска, таму не даваат царски, освен ако има некој проблем не дај боже. И исто како Старлич чекаат над 42 недела, и кај нив тоа не е ништо чудно. Затоа и во Чаир постапуваат така, затоа што на запад е така. Ништо чудно нема во тоа да го надносиш, ја следат цело време и тоа е тоа.
    Јас еднаш пишав ако сакаш Чаир царски Аврио !Таму нема на лепе очи царски, ќе се мачиш до крај. А ако сакаш да не те чекаат и одма царски ќе си одиш на клиника, или во другите помали градови како Велес, Струмица, Кавадарци..ќе си дадеш пари, и коа сакаш ќе ти го извадат, ама не е тоа поентата.
    Имам две пријателки, ни двете нејќат да чујат за природно, едната е породена во државна, и тоа ја прашале сакаш вечерва да ти праиме царски да си го видиш бебчо до вечер или ? И она рекла сакам, во 37 недела и некој ден, а другата верувам исто ќе договори.

    Старлич, верувам ти е тешко што не си за празнициве дома, ама ќе помине се. Се надевам ова исчекување да ти е најлошо искуство до сега, и натаму да немаш лоши искуства, само убавини.
    А за тоа кај се купува второ дете требаше порано да кажеш :rofl::rofl:
    @Starlič
     
    На kikin, eta, green.eyes и 5 други им се допаѓа ова.
  6. ddevojce

    ddevojce Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јуни 2013
    Пораки:
    3.492
    Допаѓања:
    4.549
    И јас дека бев без болки додека дремев на цтг замолив за царски, а немав појма тогаш на кој свет се наваѓам, изгубена без јазик и ми рекоа нема потреба од царски, ќе се оди природно ако се може. Така да, тука колку истеруваат човек кога е болен, дур со после не дојде не му дават антибиотик или инфизија а камоли па царски. А Струмица и се е можно. Пишав оддамна за братучедка ми, без индикации се договори за царски, даде некое денарче, може и врски фати и ја средија, не само неа туку и мн други. Од лигавеж е тоа. Ај Дравје само. Кој царски кој природно битно е да се биде бонред и со мајка и со бебе. @Starlič гукни нешто
     
    На eta, Dikinzi и Starlič им се допаѓа ова.
  7. Sofi.ja

    Sofi.ja Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 јануари 2012
    Пораки:
    9.449
    Допаѓања:
    18.700
    @Starlič А мене не ми е јасно зошто до сега матичниот не го корегирал крајниот термин според мерките на бебе од ехото?

    Кај мене на почетокот како растеше бебе се сменија неколку датуми,за на крај да остане 15.10. Се породив на 10.10.
     
    На Dikinzi му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Bubish26

    Bubish26 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 март 2019
    Пораки:
    5.222
    Допаѓања:
    26.243
    Пол:
    Женски
    Затишје пред бура се надевам хаха овие дена беше малата преактивна денес ми е поспана, на моменти не како до сега притискање долу на коска па болки туку како наеднаш да ме сече и престанува
    Како си ти? Сите чекаме гледам нестрпливо,а малечкиве наши си се топлат внатре и не им се слуша за гушкање :inlove::D
     
    На Dikinzi, crazylady и SanelaS им се допаѓа ова.
  9. SanelaS

    SanelaS Популарен член

    Се зачлени на:
    7 октомври 2016
    Пораки:
    2.476
    Допаѓања:
    7.053
    Da a nie vo iscekuvanje ama ne zezaat .Sinoke cela nok setav do wc rekov gotovo toa e toa uste malku go budam maz mi da me nosi, potoa sum zaspala , a deneska cel den si spremav za badnik niz doma.
     
    На Jana06, Dikinzi, LadyC и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. 0ли

    0ли Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 август 2016
    Пораки:
    11.618
    Допаѓања:
    35.539
    Пол:
    Женски
    Темава стана катастрофа, да не му се влегува на човек тука, а не па да учествува во неа.

    @Martka друшке, секогаш сум за да се напишат и позитивни и негативни искуства, но и овде ли најде секој твој коментар да е за плукање по државниве болници? Само чекаш некој некаде по темиве да спомне ГАК и Чаир и веднаш со истиот муабет за "дно дна". Ама не ни помислуваш како се осеќаат трудниве што одат на државно, па продолжуваш. Најдругарски те замолувам да олабавиш, многу тензија создаваш овде и на карање оди целиот муабет. Мене, која не одам на државно, ме напнуваш, а па можам да замислам како им е на другиве што одат. Не се лути, но претеруваш. Дај споделувај убави работи, имаш ти што да пишеш убаво и да ги мотивираш другите.

    Темава е убава, жени со години го чекаат моментот да напишат тука некој збор, да споделуваат за своето секојдневие, а не да читаат расправии.
    И не, не сме прости, па сега и баш на оваа тема ни треба просветлување за нашето здравство. Овде живееме и сè си знаеме, нема потреба од верглање на истото па истото кога и да се спомне нешто малку за државниве болници. На крајот на краиштата, си има претпоставувам тема во подфорум за здравство за состојбата во здравството и би било добро да се прекине со тапење во оваа тема. Темата е убава и мислам дека треба осет да се има и да се прекине со расипување на темава.

    Ве молам да не се продолжува со ова, сакаме да си пишуваме за бебињата, за прегледи, за тоа како сме, каков ни е денот и сл.

    Бев на втор скрининг, пиленцето мое си се развива, сè e во ред. Сега го осеќам и клоцањето, јасно ми е дека е тоа. Околу 19+4 го осетив баш дека е тоа. И секој ден ме клоцка, уживам, многу интересно чувство е :inlove:
    На ехо само мрдаше, многу беше неумен и едвај го фаќаше докторката и прегледот траеше 45 мин, уживанција ми беше. Вика немирко е ова бебе. Јас и маж пресреќни, убавини :inlove:
     
    Последна измена: 7 јануари 2020
    На EvieBabe, kikin, duffi и 46 други им се допаѓа ова.
  11. green.eyes

    green.eyes Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 јули 2011
    Пораки:
    2.886
    Допаѓања:
    31.524
    Пол:
    Женски
    Не е баш дека нема никаква теорија за царски во Шведска :^) Породувањето од старт се разговара со матичната и со докторите, на крај и со клиниката кај што ќе се пораѓа жената. Нормално дека жена која ни под разно не сака да се пораѓа природно нема да ја присилат природно. Да, ќе пробаат да ја советуваат, ќе и објаснат се околу природно породување и царски, ама ако некоја одлучила стриктно царски да биде, нејзиниот збор е последен.

    Среќен Божиќ на сите :f:
     
    На lejlla, Vetruska, SanelaS и 5 други им се допаѓа ова.
  12. Martka

    Martka Популарен член

    Се зачлени на:
    8 април 2017
    Пораки:
    1.871
    Допаѓања:
    4.857
    Пол:
    Женски
    Не мила,јас не се лутам и не расипувам ништо,не правам тензија и не учествувам во ништо,ниту пак за клиниките.Знаеме каква е состојбата.Јас се надоврзував на муабетот на членката која требаше веќе да е породена,и разговорот беше во врска со нејзе(која само опишуваше во каква состојба е),така да ништо не измислив.Ова е форум и се разменуваат мислења и секогаш не можеме да се сложиме за све.А тоа што повторувам(пред све се чудам и си велам-дали е ова возможно,зар постои толку нечовечност),ама еве постоело.За многу години празнициве
    П.с.Мили мои (се однесува на сите вас)прво убаво прочитајте пред да нападнете.А приказните од темата Гак или Чаир си ја кажуваат приказната сама по себе.Со лесно
     
  13. elenaklasik

    elenaklasik Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јануари 2010
    Пораки:
    4.969
    Допаѓања:
    12.278
    Пол:
    Женски
    Споделуваме искуства, одговараме на прашањата, даваме совети според она што сме го доживеале, слушнале, но сепак велиме дека докторскиот преглед и совет е последен. Ние ниту ја знаеме лично Старлич, ниту ја следиме директно нејзината состојба, ниту мерки ехо итн сме ѝ правеле. Така? Па од каде да знаеме сега(дури и повеќе од докторите) што треба да ѝ прават?! :x
    Да, кажуваме мислења, здравството секоја од нас го знае какво е, не е дека не сме доживеале ниту една ситуација нечовечна во некоја држ. болница. Старлич е веќе таму, а овде на темава муабетот стана судска расправа... Требало досега да ја породат?! Од кај да знаеме ние бе овде од далеку нит видено што треба. Едно породилно искуство, сигурно не тежи повеќе од години студирање на медицина.
    И друго, Старлич си пишуваше, како и секоја друга, сега во моменти пред породување за да добие поддршка, да ја сподели со нас ситуацијата, а не за да постане муабетот арена. Значи пред сѐ поддршка, убав збор, храбрење.

    Ајде со убаво само :)
     
    На kockichka, Kallias2, Bubish26 и 11 други им се допаѓа ова.
  14. kitty.m

    kitty.m Популарен член

    Се зачлени на:
    10 мај 2012
    Пораки:
    493
    Допаѓања:
    1.907
    Пол:
    Женски
    Јас се породив во Чаир, со пукнат воденик бев 72 часа. Лежев тие три дена на патолошка. Ми беше направен преглед на прием, имаше сеуште доволно плодова вода, бебето си беше добро, бев покриена со инфузии за заштита од инфекции, ми направија крвна слика добар беше црп па се чекаше да се породам природно. Тоа што ми се погодила таква ситуацијата да ми пукне воденикот а да не почне процесот за раѓање не ми е Чаир крив. Секој си е различен организам. После 3 дена ми почнаа болките, се отварав споро па траеше подолго. Врски немав, ме пораѓаше др. Ана Коцевска, беше многу трпелива се добро се заврши. :) Со мене во соба имаше девојка која имала алергија во бременост во систина примала терапија за тоа, ама не знаеше да каже од што била алергијата, па за неа се правеа дополнителни испитувања. Сакам да кажам дека се води сметка за ситуациите на пациентките. И да во чаир се чека на природен пораѓај. Со лесно девојки, уживајте во бременоста, не си стварајте тензии и нервози, ќе ви треба сила и нерви :D за новата најубава етапа во животот :inlove:
     
    На Deni87, lejlla, Kallias2 и 10 други им се допаѓа ова.
  15. eta

    eta Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2009
    Пораки:
    1.977
    Допаѓања:
    5.380
    Пол:
    Женски
    Браво @0ли , многу убаво кажано. :clap:
    Уште сум на почеток и немам многу искуство, но иако одам повеке по приватни болници, никогаш не би го нападнала државното здравство.
    Напротив, од некои доктори во државна болница сум многу позадоволна отколку од некои нивни колеги по приватните болници.

    Ме стопи со последните реченици од постот :inlove:.
    Гали меше и уживај со немиркото :*.
     
    На lejlla, LUCI 99, 0ли и 5 други им се допаѓа ова.
  16. Veki4kaa

    Veki4kaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2012
    Пораки:
    5.521
    Допаѓања:
    18.517
    Пол:
    Женски
    Ај колку убавоо мила, исто и јас ја осетив 19+3 и еве ја секој ден клоцка, вчера турбуленција многу мрдкаше еве ја и сега додека пишувам мрдка, душа на мама,
    Сега нека ни растат во меше само, нека бидат буцки бебиња,
    А сакав да те прашам кај правеше скрининг ? Што убаво 45 мин , ти љубоморам :lol: ја 15 дали се задржав,
    не ми се одеше сакавме уште да ја гледаме со сопругот :D ама битно е дека помина добро и е супер :l:
     
    На eta, 0ли, SanelaS и 2 други им се допаѓа ова.
  17. anastasijaki

    anastasijaki Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    5.238
    Допаѓања:
    48.597
    Пол:
    Женски
    Зашто мислите дека на приватно одма пораѓаат на царски :^) уште во тек на бременоста од страв знаев да напоменам на докторот да ме породи царски, добивав само одговор, ма каков царски не сакам да те сечам. За време на породувањето пошто синко заглави пак побарав да ми прави царски, ми се развика дека ќе пробува природно се додека бебе е ок, и успеа ме породи природно.
    Ако даваа туку така царски одма ќе ми ја исполнеа желбата.
     
    На LadyC и Dikinzi им се допаѓа ова.
  18. elenaklasik

    elenaklasik Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јануари 2010
    Пораки:
    4.969
    Допаѓања:
    12.278
    Пол:
    Женски
    Во која болница си породена?
     
  19. Kate Rina 93

    Kate Rina 93 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 декември 2018
    Пораки:
    3.610
    Допаѓања:
    53.081
    Пол:
    Женски
    Ете и јас одев на приватно, после тоа што ми се случи почнав да одам кај докторот кој ме среди кога прокрварев во државна. Да, со врски е, семеен пријател им е на моите човекот. Ама сметам дека за здравје сите ќе направиме што мислиме дека е најдобро за нас и за бебето.И врски ќе фатиме и пари ќе фрлиме..се.
    Сакав да одам на прегледи и пораѓај каде што имам доверба и се чувствувам безбедно. Ете после тоа што бидна повеќе би да одам на државна. Да ,нема хигиена, да ,можеби нема да имам можност за епидурална. Ама ете таму им верувам. 3 дена се. Ќе поминат.

    3 недели поминаа од крварењето јас не фатив овде да пишувам против систина,има жени што одат таму.
    И золва ми си оди таму на прегледи,кај истиот доктор, жената си е презадоволна.
    Поентата е секој да оди каде што има доверба и да не ги стресува останатите членки.
     
    На Scorpio87, kockichka, maaitka и 12 други им се допаѓа ова.
  20. Dikinzi

    Dikinzi Популарен член

    Се зачлени на:
    20 април 2019
    Пораки:
    2.598
    Допаѓања:
    6.162
    Пол:
    Женски
    Женчиња, да ве прашам..кога ќе влезете 9ти на колку време си ја средувате мушмулата :D Јас почнав еднаш неделно, доволно ли е за да изгледа таман ? :D Ако се фанам порано, се сечам многу..прееска се средив без огледало(highfive) од после се видов арна беше :whew: :D
     
    На malecko5, maaitka, LadyC и 3 други им се допаѓа ова.