Јас си одам на депилација не можам да сесредам сама пробав пред некое време ама нема шанси и си закажав утре
Јас бев пред нова година, ама ако не се породам неделава, дефинитивно ќе одам пак следниот викенд Што направи Старлич, имате информација? BTW и јас се спремам за Чаир. Нема теорија повторно да ја поминувам голготата на клиника. Се надевам дека во Чаир ќе биде се подобро, пуштете ми среќа! <3
Здраво мешковци, Честит Божиќ на сите, за многу години!!! Јас утрово се разбудив со познат сон за трудници -сум се породила,го држевме бебево, се' нормално. Само, беше женско (а јас носам машко) и се чудевме малку, ама си велев ајде тоа е, можи погрешија докторите))Искрено сонов ми дојде некако од што читам во темава како и многу членки сонуваат како се пораѓаат а и од последните разговори во темава. Инаку јас сум многу голема паничарка од секогаш. За на забар да појдам или недај Боже крв да ми земаат секогаш се' со страв. Сега додуша за земање на крв се поднавикнав....Само се чудев, демек како се породив а колку се плашев од тоа (тоа на сонов си се чудев). И сабајле одма на соновник да проверам што е (обично проверувам онака за разонода а не сфаќам сериозно). Ајде за арно само да е, со лесно да ни биди на сите. Позз. ЕДИТ: не се депилирам од кога останав бремена, страв ми е да не се стегнам неубаво. На почеток сакав но поради кафениот исцедок не сакав да комплицирам. И се мачам со брич некако, ама на секое бричење ми се плачи дека пред тоа влакната ми беа меки а сега вака си ги зафркнав...ама ајде здравје, има време
Мислев во Систина да одам како и за првиот скрининг, но одлучив да не одам таму, не го правев во Македонија. Не може повеќе од 15 минути да те гледаат бидејќи термини закажуваат на 15 минути, без разлика дали е обичен преглед или скрининг. Секако во тој период планирав шопинг и шетање, па за истата цена си бев на скрининг надвор. Но неверојатно е какво внимание добив и како го гледаа бебето, вакво нешто не сум видела, уште влакненца на глава што не му броеја. И извештајот ми е 3 страни со секакви можни детали од прегледот. Јас се депилирам на интимниот дел, нема шанси да се фатам со брич, рани ќе се направам. Срам не срам, не знам да се бричам Од мала почнав со депилации и ако некогаш сакав да се средувам со брич за набрзина, секогаш се касапев. И не знам ни сама колку години не сум фатила брич. Нозе сама си средувам со депилатор, но на интима нема шанси со депилатор
Ќе си му кажеш на маж да те среди. Мене маж ме средуваше последните месец ипол. И нокти ми сечеше, турпијаше и ме лакираше на нозе. И бременоста е обврска на двајцата. Тој настапува таму ти кај што не можеш. Туку како си ти? Почна да се движиш?
Девојки во рана бременост сум и многу сум среќна... но во последно време ми доаѓаат лоши мисли дали се ќе биди во ред дали ќе се роди здрво и живо да не кма некои деформитети... многу се плашам не знам зашо такви мисли
Жении се породив и јас, си имам ќеркичка, 2900 тешко, 48 долга, природно не сакаше да излезе, иако бев отворена 9 прсти, беше многу високо, и мораше царски. Има коса за кикици.
Реков Божиќно бебе, чекаше да се роди на празник. Нека е жива и здрава мама, брзо опоравување на тебе и за брзо домче да се гушкате.
Срце се расплакав (тоа не ми е тешко деновиве) да сте здрави и живи големи да растете Многу гушки за двете
Честитки, жива и здрава да е, на убав ден, те мислевме сите од катчево ми се чини ☺ гушкајте се сега.
Честитки @Starlič ,жива здрава , цел живот да ве радува. Сакало девојчето на еден од најголемите празници да се роди.