Неможам и неможам и јас,не си сама машинка и брич си вршат работа.. @Fallen.Angel еднаш видов на ред бул-от стоеше не е препорачливо за трудници,види на самата амбалажа ама мислам дека не ти треба баш тоа во моментов..
@Starlič ауу шо убави вести, бравос на најубав ден. Да ви е здрава и жива ќеркичката да ве радува цел живот. Не само тоа со 9 прсти отворена си искусила и природен и царски, најважно е дека се испили @Lorins честитки, да е здраво и живо бебчето, да ве радува цел живот. смогнете сили и напишете некоја рњченица у породилни. @Dikinzi јас сум циркус, и самата си се смеам на муабетот шо го праам ај да не се фалам ама омилена сум у друштво, вицкаста @SanelaS бев на контрола, ми зеде за стрептокока, Ме гледаше на ехо, мојто бебе пак се свртело карлично, а у саботата кога бев на клиника рекоа дека се свртело со главата надолу. Ми даде упат, и сега утре здравје ќе се јавам у клиника да закажам термин да одам на разговор за царски рез. Велам ако се сврте баш на денот кога ќе биде договорен царскиот, тогаш се оди на природно. Здравје има време да се заврти пак. Бабицата доаѓа утре сабајле ќе видам и она шо ќе каже. Цтг добро помина. контрола за 2 недели. Иначе брисот за стрептокока си го платив на привстно 8 евра, и плус уште 8 ќе ми пратат од лабораторија сметка за испитувањето.Не го плаќало здравството, нема веза битно да е чист. @Fallen.Angel никако енергетски, каков сака нека е. Штетен е.
@Starlič cestitki zdravo I zivo da e maleckoto crcence @Lorins cestitki zdravo I zivo da e maleckoto,
@Yowannty Ама јас на моменти обилно имам. Влошки почнав да носам.. и обилното е нормално? Цела влошка полна за 2 часа.. Да,покриена сум со терапија, му верувам на докторот, мислам дека ќе се заврши добро. Кога ќе се породам ќе частам само гриживе да си ги тргнам од глава
@Starlič & @Lorins честитки мајки, да Ви се живи и здрави бебушките Среќни празници на сите и секое добро во Новата година
Здраво мешиња, Само да ве поздравам и да ви посакам среќни празници, честит Божиќ. Да бидете живи и здрави и најсреќни. Ние, после 30 дена во болница - сме дома.Добри сме. Си дојдовме на 01.01. 2020 Нова Година ја дочекавме во болница. Фала ви многу на сите што ми пишувавте и не мислевте. @Starlič @Lorins честитки, да ви се живи и здрави бебенцата, а на вас побрзо оздравување. Поздрав од мене и ви посакувам лесна бременост и уште полесен пораѓај
Мајка се смири конечно Да е жива и здрава девојката, а тебе побрзо да се опоравиш @flower30 добредојдовте дома уживајте
Дали е штетно да се пие сода во бременост за киселини? Веќе ни рупурут ни ладно млеко ми помага сега за сега само сода со лимон и вода
Мајки јас не сум активна на темава, се породив и сега ретко ја посетувам, вечерва ја отварам и читам неколку страни наназад и неможам да се изначудам во која насока заминала темава Како најпрво сакам да ви кажам дека еден месец лежев на ГАК и многу видов, скоро сите одделенија ги поминав и искрено да ви кажам дека многу пријатно сум изненадена .... некои жени незнам што очекуваат, црвен тепих, држење во раце или пораѓај за еден час и тоа без никакви болки... е тоа женички никаде нема да го добиете ... здравството не ни е сјајно, тоа знаеме сите но колку што видов јас сите жени добиваа соодветен третман, за повеќето доктори имам само пофални зборови.... јас месец дена останав таму, во лежечка позиција, со подигната карлица, станување само за во вц, јадење и пиење од лежење, болки трпев еден месец, само господ знае како ми беше....ама за тоа што мене ми се случи така не ми е крива ни болницата ниту пак докторите... на крајот се породив природно, родив близначиња, бескрајно му сум благодарна на докторот што ме породи и на сите што беа околу мене. Сакам да ви кажам на сите идни мајки дека секоја жена е своја приказна за себе а за ГАК имам пофални збориви!
@Lorins cestitki da ste zivi i zdravi Кога сум легнала уште од 9ипол се изнаспав, 2 пати отидов до тоалет ама сега кога се разбудив се осетив некако одморена, цела снага ми тежеше пред тоа, нозете многу ми отекуваат во последно време и нон стоп ме боли ниско стомакот, како грчеви. Дали кај сите е така?? Јас само прашувам, само анализирам некои симптоми ама ми е страв да не ме фатат болки или да почнам да се отварам а да не осетам на време затоа што сакам во Скопје да се пораѓам и имам за патување околу саат ипол до таму, прва бременост ми е. Инаку 34+6 сум
Исти маки не мачат а и со термин до ден сме исто. Само се анализирам дали нешто ме боли или има некоја промена. А најмака ми е што не ми спремна торбица за во болница. Моментално јако ме стега лева препона но и буцко си се тегне. Но да се раздени прво куфер пакувам па што сака нека биде А кај планираш да се породиш во Ск?