И јас постојано анализирам, се фокусирам, мајка ми само ме кара дека не е добро тоа што го правам, на секоја ситница обрнувам внимание ама страв ми е.. за порагај сакам во систина
@Starlič @Lorins на преубав ден ги добивте Вашите сонца! Нека се здрави и живи, Бог да ги чува и да им дарува среќа!
Мешиња дали е можно постепено испаѓање на слузниот чеп? Два пати ми се деси ептен лигава долга "врвца" да ми падне ама без крв.. не знам дали е тоа тоа или си измислувам. Вечерва ми се деси 1 саат да имам на секој 15-20 мин ненормално притискање, грчење, сечење во стомак, си пешачев по дома па на секое болење не можев чекор да напрам и мислев почнало. Маж ми ме гледаше и наеднаш скокна цел возбуден се заклучи еден саат во купатило јас заборавив дека маж имам дома, што правиш му викам, испаѓа радосен и ми вели еве се средив , се пицнав за кога ќе ме види ќерка ми да сум убав блазе си му. Мајка ми па ..да е вечен овај интернетов да не беше он не ќе знаев ништо што ме чека, жената врска нема се си заборавила хаха. Јас си легнав као да одморам, пошо сила ми треба и му викам на маж ми ти дежурај ахаа еве го до мене спие, топ не го буди, а јас ни болки ни ништо само ме удавија киселини. Стварно немам представа како изгледаат прави контракции секој различно ми ја објаснува болката ама сигурно ќе ги препознаам.
Сите на иста мака и со надеж дека ќе ги препознаеме вистинските навреме. Со лесно да ти биде, ти може ептен близу си веќе
Жени сон немам.Мм го испратив на работа,до вчера беше на одмор.Jас во 8 часот сум на гинеколог па уште малку да полежам па да се истуширам.Го загинав ливчето за крвна група што треба за на болница. Па треба на ново и крв да ми земаат. Се зборуваше за депилацjа,епа теди се изренда.Ставив секоjдневна влошка и потоа кога отидов до тоалет од памет се извадив дека имав крв на влошката.Заборавив дека се бричев Аjде уште малку к'е си jа видам малата на преглед.Одваj чекам да jа гушнам. @MumToBe @Bubish26 Мене докторот ми рече дека се препознавале породилните болки и jaс не знам какви се @Lorins да е здраво и живо бебчето.
Јс цела вечер не сум спиена,! Несоница ме фати, дури се иснервирав. Сеа у 9 ќе дпјде баницата да ја испратам и неа к коа ќе Си легнам ќе спијам додека не се наспијам.
Честитки. Жива и здрава да е малата кукличка, од Бога благославена. Уживај во најубавиот момент од животот. Поздрав и бакнежи и до двете
Катке, мене гинекологот вака ми рече - се што не било нормално претходно, во бременост е нормално. Значи имаш исцедок, ама бебле е во ред при тоа немаш инфекции или нешто, значи тоа е тоа. Се случува и тоа. Ја имав секакви исцедоци и кафен и зелен и жолт и на крај проѕирен. Кога и да отидев на контрола се беше во ред и докторот на секое одење ми велеше носиш нов живот во тебе, бебе се развива се е нормално. Знам дека ова нема да ти помогне многу, и мене не ми помагаше грижите си стојат и ќе си стојат од сега па цел живот за тоа дете. Безгрижноста веќе си замина. Само мораш да си ги средиш мислите и да си ги држиш под контрола негативните. Овде каде сум ниту еднаш не ми измерија цервикс, поима немав што се дешаваше со цервиксот мој, дали е скратен, дали не, само читав во труднички сите девојки генерација со мене си имаа мерки и се нервирав. Железо само еднаш проверив и толку беше. Ама овде е друга пракса, морав да прифатам дека така е овде жени раѓаат и вака и овде вака е нормално и толку. Супер си. Под терапија и немаш гајле. Ајде нареден месец па да почнеш со шопинг. Ја во 5ти имав изнакупено 70% ствари за бебле. Само позитивно и се ќе биде во ред.