Честитки мила Да сте живи и здрави @Lorins честитки и до тебе, живо и здраво бебчето. Гушкајте се и уживајте
Женички бабицата беше тука се е во ред, ми го испофаќа стомакот, како лежи бебето, ми покажа како да правам вежби на земјата за да се заврти бебето. Значи да клекнам на сите 4 нозете раширени, газот издигнат назад и полека да се движам со газот лево десно, така се лула и се масира бебето и му помага да се заврти со главата. Еднаш или двапати дневно по една минута, и потоа да лежам на десната страна 10 мин. Исто така да ви споделам за стимулација на градите за млеко , масирење на градите во круг минимум еднаш дневно или почесто. бебето може да биде родено и со газето, значи карлично ми објасни каква е процедурата. Има и една друга клиника блиску до нас околу 20 мин, тие секојдневно изведувале пораѓај со карлично, со газето прво. Ако се заврти бебето со главата надоле и ако сакам можам и во вода да се породам, треба само да напоменам кога ќе одам на пораѓај, да не е зафатена кадата.Исто така направив термин у клиника, попладне у 4 имам закажено за да раГовараме за царски рез. Ако бебето се сврте во родилна положба ( со главата надолу) на денот кога треба да се прави царски рез, нема да ме прават, туку ќе ме следат 24 часа да видат дали ќе се сврти пак. Ако си остане у родилна положба тогаш ме отпуштат од болница и се чека да си почне процесот природно. Значи нема царски рез. Ќе видиме денес шо ќе кажат таму. Торбата ми е спремна, уште некој ситници треба да се стават за мене и ќе чекаме момент. Можеби денес и термин за царски ќе ми направат право. Не знам!!! Леле мајко мила ме фаќа еуфорија, возбуда, нетрпение, страв од царски, ќе се сврти ли??!! Не снам кое смајлинда го ставам
Срцушкаааа, кога ќе дојде моментот ќе биде како што треба, следат професионалци ич не му ја мисли. Кога ти е терминот? Мене ми е спремна торбицата од пред некоја недела, не можам да дочекам веќе да се породам Што од нетрпение да го видам и гушнам бебето, што од тоа што веќе ми е све тешко, едвај се движам...не можам да се облечам како човек, не можам да се наспијам...не можам капутот да го закопчам надвор.. жива измрзната сум! А сум 38 недела... имам уште за „веслање“ ))
36+4 денес. Не само тоа и она ми рече карлично или не ако пукне водењак пак треба со брза помош и велам ќе се правам ли тогаш царски со пукнат водењак и карлично бебе. Вели не, прво те следат како се одвива, дали ќе се заврти. Потоа ќе се види како ќе се прави. Вода имам доволно, шо значи има време и шанси да се смени положба. Многу ми е активно бебето, нека ми е здраво и живо. Реков дека се плашам од толку вртење да не се замота у папочна. Вели да не се сеќирам дека е многу мека папочната врвца и скоро 60% од бебињата се раѓаат со папочна врвца замотама околу врат или ракичка или ногичка. Сј ќе видам шо ќе кажат после. Лелее пак треба да се бричам, се шалам едит: важното направив термин кај бабица после За гимнастика од март за стомакот да ми се повлече. 8 недели трае курсот
@Kate Rina 93 , ако ставаш вагинално утрогестан, може и од тоа да ти изгледа дека исцедокот ти е зголемен. Зошто тие се топат, и се обојуваат од исцедокот, па кога излегуваат надвор ти изгледа дека исцедокот количински ти е зголемен. Јас имав ептен малку розев исцедок, но бидејки сум со ин витро, и сум фул полна со утрогестан, неколку дена потоа на бришење парчињата од вагиналетите ми беа розево обоени.
@Yowannty ти благодарам многу, верувај сега сум поопуштена. Полесно ми е што знам дека и други има со таков исцедок што родиле здраво бебе Тоа е, такви сме сега, со хормониве башка. Размислувам позитивно. И ептен ми олеснува што одам 1 неделно на преглед да го видам бебуш @eta Ги пијам,не ги ставам вагинално. Докторот рече стара крв е тоа, дека претходно крварев. Рече мора да се исчисти тоа,после ништо нема да има. Па еве си чекам да се исчисти
Да, само со свиени лакта и рацете напред. @RAK91 јас имам од ќерками корито, си го ставав на маса у дневна кога ја бајнав. И на маса веднаш до мене екстра вода во вангла ( леѓен) шампончиња и се друго. А и со сталак да земаш нема да згрешиш.
Во врска со породувањето, јаготката на шлагот мислењата се поделени според искуствата. Сум слушнала дека супер поминале со природен тек и исто тие што си сакале со царски и за нив целата процедура поминала добро. И двата начина со свои предности и мани. Туку, од една слушнав муабет дека по природното, вагината не е иста во ширината. Ај тоа од шиење од болката ќе се опорави, ама демек сексот не би бил ист отпосле. Немој со природно, слушај ме царски - ми рече. Што мислите? Заминав малку потака јас, ама ете ме замисли дали е вистина ова. Ваши искуства?
Верувам дека се познаваат ама ме бунат 2-3 жени што ги знам упорно ги опишуваат како менструални болки, не им биле силни, до тогаш ги немале (а јас веќе недела дена), се истуширале, тргнале на болница, таму веќе отворени,два пати напнале и толку бебето надвор.. се зезам со нив им велам аман луѓе на голема нужда потешко оди хахах
Сограѓанка, дали ќе се пораѓаш во Охрид? Јас жива незнам иако има до јуни уште многу време. Размислувам и јас за царски, бидејќи многу ми е страв, а имам и поголем диоптер. А, дали се ширела дундата ако е природно, навистина незнам. Нека пишат поискусните т.е. тие што веќе имаат родено природно.
Во германија и карлично породуваат природно, зависно од положбата. Кај мене третото беше карлично и ми беше предложено да ми го вртат, одбија царски на клиника, но поради искуството од првата бременост одбив вртење, реков како е така ќе одам на пораѓај. Предходно матичниот ми рече доколку одам во приватната каде ми беа првите два пораѓаи веднаш на царски ќе ме стават бидејќи докторите немаат толку искуство, но на уни клиника има доктори кои имаат пракса за природно карлично, па таму да одам. После две природни сакав повторно природно, па таму отидов. Последен момент, кога почнав да се отварам, сменило положба, во хоризонтала, коленото беше над отвор. Ми рекоа тој вид на карличен не е препорачливо природно, па пак излезе царски. Царски супер поминав, без страв.
Следно кога ќе одам на преглед ќе го прашам докторот што ќе ме пораѓа, иако малку со страв пошо такви се докториве, се лутат ако кажеш дека си прочитала /слушнала така малку егото им го повредуваш
За жал не во Охрид. Сите велат немаме доктори во болницата, иако сестрите почесто пораѓаат. Немам ни доверба, а и страв ми е таму. Во Битола, Плодност ќе се породам, здравје Боже. Засега ја контролирам паниката, се трудам да сум посталожена, и да гледам на работава како нешто најприродно и пријателски. Мое бебе излегува од мене . Би сакала природно, ама овој муабет шо го слушнав не ми е баш верен дека после нема да е исто задоволството во секс. Како и да е, сѐ да помине добро.
Прочитајте ја убаво темава https://forum.femina.mk/threads/Враќање-во-форма-по-породувањето.14982/ Во категорија БЕБЕ има многу теми и за сите други прашања за после.