Мене маж ми од Chicco ми го зеде појасот, а мидер викаат дека во Стружанка биле поефтини само за бројче ми е проблем.. од кај да знам со ќе ми е точно.
Прашај ја матичната,патолошка даваат докај 34та недела,ама незнам дали ке ти дадат ако немаш причина. Ако не, можеш да земеш одмор и боледување од матичен и почеток на 9ти да го отвориш породилното. Сепак збори си со матичната ваљда ке ти ги објасни опциите..
Разбирам дека се грижите и го сакате најмногу своето бебе ама не можам да сватам зошто до толку претерувате со црни мисли и страв? Знам жени што работеле фризерки на бременост па родиле здрави деца, јас барем не познавам некоја која не се исфарбала, за лак? На интернет ако читаш 1000 дијагнози ќе си дознаеш дека имаш и дека све е штетно.. ноктите сега пред термин ги скратив, нон стоп се лакирав,а на нозете и гел лак ставав, летав наваму на таму, останав по вртење ора на свадби, топла купка, теретана па носам здраво дете.. уживајте максимално во бременоста, се разбира дека треба пазење ама за секоја ситница страв не е работа.
Дали на некоја и се појавило црвенило на лицето во бременост?? Предходно го имав ама од ладно на топло пример,се појавуваше и се губеше,а сега го гледам секој ден ми стои такво лицето,скоро на цел образ
Бевме денес на контрола, бебка е супер, цело време мрдаше, со ноџињата најмногу, си расте. Рече сега дека личи на машко, ама не се гледаше добро. Вели ко да гледам нешто меѓу нозете Се надевам дека на следна контрола ќе се види подобро
Во вториот скрининг се мерат органите,срцето (лева, десна комора),мозочето, цервиксот, постелката се во детаљи Кај ќе правиш втор скрининг во Охрид ? Или Плодност ?
Јас се мислев помеѓу Охрид и Плодност и на крај се одлучив за Плодност за вториот скрининг. А за Охрид знам дека кај Љушев повеќето одат. И е единствен со 4Д абдоминално ехо...Најдетален и најстручен во Охрид бил според искуства од други што биле и ми кажувале
Јас се запознав со неа но немав среќа да ме породи она...иначе супер докторка е... на смена бешекога ме примиа , два три пати преглед ми направи.. и таа беше иницијатор да ме задржат на патолошко.. плус тоа кога замина дома два три пати се јави на нејзина колешка за да се информира за мене.. и мојата состојба... значи само за неа имам пофални зборови...
Da sum slusnala deka samo Ljusev pravi,nemame bas izbor tuka vo Ohrid.Jas sega zasega odam vo Struga.
Бев сабаjле на преглед.Бебе е добро ама било помало.Спрема менструациjа сум 35+4 а спрема мерки 33+6.Малата моja е 2200 грама.Според докторот покасно било зачнато и сум имала доцна овулациja. Ама како и да е,важно е добра.
so sreca milicka ,otkazi se od site lekovi osven sto maticen ginikolog ce ti gi prepise ,bidejci sega se mnogu stetni lekovi
А да те прашам имаш ли веке одбрано доктор во Плодност и дали знаеш колку чини ехо таму ? Сакам да се префрлам и јас таму па да знам што да очекувам
Жени се вратив од клиника. Правев цтг у редо е. Ме гледаа на ехо бебе си е завртено карлично и има многу плодова вода и тоа му го олеснува вртењето. Ми дадоа три опции. 1. спонтано да чекаме да почне процесот и да е карлично, се мисли со газето да е во каналот. Има многу ретки несакани последици. Бидејќи главата и рамениците можат да му заглават оти при пораѓајот излегуваат последни. 2. Надворешно вртење на бебето, да го донесат у родилна положба. Тоа е опасно и не гарантира дека 100% ќе се сврти и ќе остане така, бидејќи има мн вода. Не само тоа при процесот бебето се следи на цтг И секогаш се во припремност за царски ако нешто не оди како што треба. При вртење може да се одлепи плацентата и може да биде опасно и за мене и за бебето, може да дојде и до пукање на водењак. По тој процес, ме следат на цтг таму 6 часа, и ме пуштат дома. Дали може да се случи нешто после кога ќе си одам дома или нареден ден, рекоа многу ретко но не ја исклучуват и таа ситуација. Тие две опции не доаѓат у обзир кај мене и ги одбив. Премногу ми се ризични. 3. Царски рез - закажав термин Не ви споделувам кога ми е терминот. Еден ден пред царскиот треба да одам на подготовки. Прашав дали недај боже доаѓа до ситуации да морат да бират меѓу мајката и бебето, ме погледна и ми рече многу многу ретко, се борат и двајцата да ги спасат Бебе има време да се сврти, и тогаш го откажуваме царскиот ќе си чекаме природно да си почне процесот. И пред тоа ќе одам на контроли кај матичниот. Останува пак во лежечка позиција да одам на клиника ако пукне водењак или прокрварам. со бога напред како ќе биде така. Малку ми се стегна душата ми се плачеше, ама и ќерчето беше со нас па не сакав да ме гледа и се воздржав. Мм ме утешува ќе биде се во ред, не сум прва не сум последна и така. Треба да ги правам вежбите од бабицата и можеби ќе се сврти бебка
Јас во Плодност првиот скрининг со приската го правев кај др.Кристинка. и беше 7500 ден. Втор скрининг имав кај нејзе закажано ама во тој момент таа беше во операциона сала и појдов кај др Обедниковски (3000ден е втор скринин). Од двајцата сум презадоволна, и размислувам за пораѓај таму (сега и зависи како ќе се погоди моментот,има време до тогаш ) само не знам за кој од двајцата да одлучам ама знам дека немс да згрешам кај кој и да е. Кај Обедниковски имам одено и порано еднаш кога не бев бремена на обичен преглед, а и во 18 недела кога ми се јави кафенко бев, тој беше дежурен. Така да, повеќе пати ми се погоди да е тој, па можи и за него ќе се одлучам....
Извини, не прочитав од предходно зошто е таква ризична ситуацијата само ради позицијата на бебето или??
Само позитивна мисла и ќе биде се во ред, има многу случаеви каде што во последен момент бебињата се местат со главчето за пораѓај. Ти имаш уште време до термин мислам дека беше фебруари беше на почеток така да само биди силна и позитивна