И јас имам повремено некогаш болки во препони поточно кај усните како клукање нз како да објаснам поточно. и боцкања кај јајници и половината позади. денеска повеќе имав. Денеска ми беше многу стресен ден, за жал изгубив многу блиска особа се надевам дека се е во ред со бебуш. многу ми е страв плачев ама сега сум смирена, знам дека нема да се врати и да се откорнам од плачење. ама морав да се исплачам да ми олесни барем малку. Знам дека темава е за позитивни работи да пишуваме ама морав да се излеснам, ми треба поддршка и од вас, сите ве чуствувам како мои блиски Сите да сме живи и здрави и нека не чува господ сите, да имаме мир и спокој само.
До сега бев храбра, ама веќе ме фаќа и возбуда хехех Се надевам ништо невообичаено се овие болки за при крај
И јас порано пиев кога ќе ми се случеше, вчера и завчера и јас како тебе потврда ама денес некако ептен ми дојде а имам читано дека е еден од знаците за порагај, дека телото се припремува. Инаку 35 полни недели ама пред 5 дена кога бев на контрола доктотот ми рече има знаци на зрелост на постелката а цтг правевме некаде до 20 мислам покажуваше болки.
Исто. Накај 20та недела ми почнаа тие болки и уште си ги имам особено ако сум активна цел ден, сега сум 23+3.
Се враќа без гајле, првите денови имаш желба за односи ама ти текнува дека тече и имаш рана доле од прилика за 1 месец си спремна за акција јас чекав 6 недели,да отидам на гинеколог ,па се пуштивме во акција Инаку немам близнаци јас,друга Софија е Имав еден полабав од пазар, во тој хаос не ми текна однапред да набавам,а и не би погодила број. Тој ми го купија после 1 недела почнав да го ставам. После купив постегнат од локална продавничка го носев неколку пати и баталив, осеќав како некоја болка во стомак како мускул да ме боли. И сега по 3 месеци одвреме навреме кога ќе се наведнам ме боли стомакот,не знам зошто така.. Ова во приватна болница така? Зошто сосем спротивно искуство имам од гак и Самарџиски. Ништо не е 20 и јас ги имав 2-3 недели пред пораѓај, на пораѓање одеа 80 и 100.
Јас у сабоатата поради таква болка бев на клиника бидејќи не можев да одам. Мислев дека сум готова ми почнале болките. Препон страмна коска јајник половини, ме излепаа со траки и помина малку. Сега одвреме навреме пак ме заболува особено кога лежам, кога се вртам или кога треба да станам. Бебе си расте и претиска на нервите. иначе фала на сите за поддршката и советите да нњ ве тагирам сите посебно. Како ќњ биде така, царски ичи природно, бебе мора да дојде на свет. Ајде лека нок од мене. Имав малку киселини ми поминаа. Се надевам ќе немам несоница па ќњ мпжам да спијам.
Не сум памтела убо . Фала на одговорот. Инаку за мускулот на стомак шо те боли, да не е случајно дијастаз? Хмм.. следам една на Инстаграм како инструкторка по фитнес по породување и баш имаше една серија вежби за враќање во форма по бременост. Објаснуваше и за дијастазот - проширување на двата централни мускула кај папокот. Mojafitnessmama e потпишана.
Првпат слушам за дијастаз Ме боли кога ќе ми се свитка делот под папок. А баш мислев за 2 месеци да почнам со вежбање да се вратам малце во нормала со телово.
http://mojafitnessmama.com/sto-e-dijastaz/ разгледај тука. А сигурно е мускул, пошо велиш дека при виткање те боли.
Те разбираме, слободно искажи си се тука Тешко е да не дозволиш да те допираат такви работи, не е можно да останеш скроз смирена. Јас и без причина имам напади на плачење, а не па за такви случаи. Имај си бедоксин со тебе и не се грижи, бебето си е ок и ќе си се роди здраво и право и ќе ви биде на сите најголема утеха.
Добро утро. Јас пак со несоници . Температура 37.3 ме држи два дена упорно, уште кашлам и лечена, недолечена сум. Има денови кога немам мачнини, па малку уживам и заборавам дека сум бремена . @ddevojce се ќе биде во ред. Знам дека јас кога бев со првото трудна во 2016 та имаше мн искусни трудници што кажуваа некоја положба која помага да се врати бебето со главчето надолу. Ако успеам да најдам наназад ќе расчепкам и ќе ти пуштам. Нема што да изгубиш. Не се секирај, рано ти е, може малото и само ќе се сврти, голема е шансата чим имаш плодова. Јас па ја губев од седми месец. И во 37+2 ме породија без капка со итен царски. Чим има радувај се. Се ќе си дојде на своето.
И jас имав ситуациja како твоjата.Биди силна како што си.Гледаш ли?Уште од сега силно влиjaе маjчинската грижа за детето.Колку и да ни е тешко гледаме да сме смирени само поради тие мали душички. К'е помине,те гушкам.
@Sofi.ja Знам дека не е ништо и јас се замислив дека до стотче имам уште многу Повторно сум будна во ова време како навика ми стана, не ми доаѓа дремка, да си заспијам, убаво да се наспијам
Честитки за мама Старлич. И јас следев. По малку и се разочарав од некои дискусии. Немојте во темава, златна е!
@LadyC Без гајле за таа температура, нормално е за бременост да е 37,3. Болна или не, не е тоа покачена температура затоа што си болна. Над тоа ако оди, тогаш е веќе покачена.
Ама ме турка исто ко нормално кога не сум бремена. И главоболки ужасни ме фаќаат , не знам. Дали не сум имала вакво искуство со првата бременост и ова се ми е ептен чудно. Фала ти на одговор, убаво е да се знае дека е нормално.
Од бременоста ти се главоболките, имаше еден период имав големи главоболки и јас, но поминаа. Башка мачнини имаш, истоштена си. Течности ако можеш пиј, можеби затоа главата те боли, можеби и притисок ти паднал. Ќе помине, ќе ти биде подобро за некое време, ќе живнеш, ќе ти се врати енергијата.
Ете ме мене повторно по темите. Пак сум бремена ,ми доцнеа многу не знам ни јас колку,откако се породив немав веќе редовен циклус. Секој месец се менуваше. Месецов бројам гледам надминам 38 дена ај ќе почекам уште два дена, валда ради стресовите со малово ,нормално е цел месец испаничена. На крај чичко шур чек ме остави спичлес. (Не ни беше планирано за 2 дете не сакавме уште е мало првото)