Да ни се живи и здрави само, друго нејќам..коса ако треба ќе кубам, нема да спијам, костур да станам..ама се за нив, знам душа ќе ми испадне, дека и поголемово уште не знае да зборува, треба и на двете да се фокусирам максимално..ама газ нека ми падне ако треба Тоа е..никој не ме тераше зорле, наша желба беше..ваљда и секоја жена вака се плаши со второто..ама верувам мајчинскиот инстикт и за второто ќе си ја избрка работата
Јас ученичка ќе имам здравје и живи од септември, прволаче и бебе 5-6 месеци. Мора да се снаваѓаме, ќе си поставиме ритам, од нашите задоволства ќе се скусиме за децата да бидат средени. Секоја вечер кога станувам за у вц едвај одам очи залепени стрија пуштам насекаде дека спиејќи одам и право си мислам ми тоа бебе ко ќе вресне, ќе плаче па шо му е шо не му е, па сабајле рано треба да станеме, ама тоа е тоа, живот, фамилија. Сите велат таткото е столбот на куќата, ама не е така. Мајката е таа која го води домакинството и која сичко организира, од неа зависи се. И мажот игра улога ама тој повеќе финансиски го држи семејството, работи и се мачи. Сакам да ве прашам вие што сте царски правени дали одма ви дојде менструација веднаш по операцијата или??
Мислам на тоа веднаш по породувањето. Тоа крварење или чистење како се вика. На природен одма крвариш, а кај царски како е?
Имаш и многу поефтини од тие, мене ми помогнаа (заедно со Гингивал гелот) и уште си ги користам, од ДМ се.
Таму е хаос од гужви, отиди и порано и речи им да ти земат крв ако не одиш првпат, ако си првпат ке се изначекаш штом си од сабајле. Пиј си ја терапијата без проблем во 9ч. И фибриноген барај да ти испитаат, јас ради него сум со фраксипирин од 0.6
Од одма со улошка бев. 40 дена крварев и после одма ми дојде и иако доев. Исто ко природно што е така и со царски .
Добро утро на сите Денска сме 29+1 а ова мислам дека значи полни 28 недели. Малку изнастинавме околу празнициве, одам на работа и како мака да почнува да ми биде и станувањето и движењето. Ме болат нозете и кичмата. На работа по цел ден сум во канцеларија а потоа едвај станувам како укочена сум. Бебе нешто од вчера слабо ми е активно изгледа му е ладно и него па си спие. Повторно се изнервирав и замислив околу носењето на бебето, стварно стомакот ми е ептен ниско го гледам и јас тоа но докторот ништо не ми кажа дека тоа е лошо иако доаѓаат коментари лелее па ниско ти е, се ли е во ред, ауу карлично свртено ако не се сврти ќе мораш царски, барај си некој лекар уффф На контрола сум околу 20ти Се надевам бебе ми е добро и расте доволно бидејќи мал ми бил и стомакот...
Нема врска не слушај, од кај знаат они како ти е бебе свртено, мал ли ти е голем ли ти е, да не те прегледале случајно па да дават дијагнозни. Бог да чува колку прост народ има, неможам да се начудам. Мене и во првата бременост и сега стомакот ми е во скут, толку ми р ниско што неможам да седам морам да сум раширена. Кај секоја трудна ѓена дофрлат комемтар и кај имаше у пети месец лелее колку ти е мал стомакот и тоа од млада мајка шо родила 3 деца. Само и реков мене ми е таман стомакот а ти изгледа си заборавила ккао е да си бремена јас одма контра човек сум шо кажува у лице се
Добро утро. 29 полна си и почнуваш 30та недела. За коментарите ги добивам и јас и тоа од блиски луѓе и баш ме погодуваа на почеток ама не сум тип што се спротивставува, па си плачев дома. Будала Сега не ги ни слушам ама можам да замислам што ќе биде тек кога ќе родам.. Последен коментар ми беше 'Само пола кило тежи??' (ова за беба, а толку и си беше нормално за таа недела). Само не им дозволувај да ти влезат во глава и супер си
Добро утро женски.. денес 33+1, ја почнавме 34 недела Јас се разболев, еве веќе 2 недели не можам да се опоравам... Грло, нос, кашлање, бронхитче... Прво почнав со инхалации со физиолошки раствор и сируп Аленкрафт, спреј Инсомар, па немаше подобрување и ми препишаа Сумамед. На сета таа па мораше да ми ја извадат 8мицата и се ми се насобра, ама само помин да има. Бев на боледување со празнициве си поврзив, ама некако тешко оде закрепнувањето. Во првата бременост бев како пушка, а сега трт.... Од страна на витамини мислам дека сум и предозирана. Сабајле на гладно прво Еутирокс од 150мг (ради тероидната), па после МагЦИтра, Фемибион 2, Витамин Ц од 1000, Капсули со масло од Алги, Провен пробиотик за трудници и Фероглобин... Спиењето е се потешко, башка и синко го одделивме во детска соба си спие и нез по колку пати станувам де да го ѕирнам, де да мочам Дали некој консумира Цинк и искуство? Поздрав, имајте убав ден и викенд
Уф досадни и безосетни луге Да ти го јадат газот Не се секирај големина на меше не кореспондира со напредок на беба.
Грст народ, ама до последен сезнајковци. Аххх беее да ги фатам, да ги операм . Е па такво ти е носењето; негде прочитав дека е до мускулите, колку се еластични, стегнати...па до конституцијата на телото е. Види, ако можеш да ги пресечиш - ок, ако не, не земај за срце, зш ништо од тоа не е логично.Народија се` ќе каже, од око вака лесно е. Има една фитнес инструкторка на инстаграм- dragana_fitlife. Разгледај ѝ слики на профилот, да ја видиш во бременост колку слаба била. Во осми месец, стомакот со мускули ѝ беше, изгледаше ко за четврти. Ама дека ние балканијава научени, што подебела, помрсна, ааа поздрава - јаде за двајца Еве оваа здраво право бебе роди, со нормална тежина и должина. Мене последен коментар во врска со изгледот (обично сум осетлива за изглед да ме критикуваат, нејќам ич. Нит коментирам, нит па сакам да ме коментираат) што ми го даде беше една продавачка во бутик, ја познавам. Јас дека не сум мн здебелена, кај градиве минимално, мали ми се и претходно, колкови и газ ми се таргет точка, ама и тука сум малку здебелена, плешка врат раце јок. И си барав фустанче, разгледувам и ѝ велам, а бе не сум здебелена, повеќе во стомак ми е се налепено, (ама јас си коментирав како факт, онака) и паметнава, е па мн лошо ми вика така, ич неубо. и одма ѝ вратив, баш преубо ѝ викам, најубо! Не ѝ купив фустан, нек се сликаТ! си најдов поубав, кај шо ме пофали продавачката хахахах
Здраво, имам прашање во врска со Провен пробиотикот. Ги земаш капсулата и таблетата наеднаш 2те еднаш во денот или друго ти е дозирањето? Цинк пиев пред бременоста и супер ми делуваше ама на кутивчето прочитав дека не е за бремени(не знам дали заради дозата или некоја друга причина) и го баталив. А витамин Ц, нема во Фемибионот или заради настинката земаш плус? Побрзо опоравување