Така е, во право си ..мајката е најголемата жртва,не викам и таткото дека не е, ама ај он шо не стане да ја провери навечер дали е откриена ! Или јас станувам и кога ми се моча и кога не ми се моча. Стално му викам на мојов, знаеш да ми дофрлиш ако нешто што правам не ти се свиѓа, а кога ќе згусне вика по мене Мамичкее дојдии , не знам шо да праваам..а сеа ме викаш ? Таму кај шо ќе згусне јас треба да средам.. Па шо ако е мало мешето, и јас имав мало меше, и со првово и со второво..мене ми е комплимент тоа Ич не се тревожам А нареден пат ако те повредува тоа, па и за било каков да е..дали мал или голем..има едноставен одговор" Шубаво нели" и ќе се заќутат. Да, раздвижувај се малце, болката ќе пушти Ќе се изедначи се, кај мене на почетокот рипна, па после стагнираше долго време, големината на бебето со стомакот се изедначи некако, не знам како да ти објаснам Па од прилика би требало да биде околу 1 300 гр или 1 400гр, мада плус минус, тука некаде..за рипнувањето на стомакот, сакав да кажам колку чудна работа, преку ден може да порасне И после пак да си стои таа големина За стравот од после ќе се тешиме сите Леле ќути, и тие сценарија ѓи свртев во глава. Ама си давам кураж сама..маж ми не ме разбира што сакам да му кажам Фала ти мила, нерви , трпение и секако здравје е тоа што ми е најпотребно
Да, имаме сертифициран масер кај нас во фирмата кој ни е на располагање секој ден. За вработени е максимално 1 саат месечно масажа, за трудници или некои со специфични повреди нема лимит. После 3ти месец не лежам, ме масира седечки. Ме масира само на грб, сите трудници со години во фирмава ги масира така да нема фрка. Треба да најдеш некој искусен. Нашиот не работи приватно по дома.
Сега филм си правам како би било. Ееееј блазе тебе. И јас сакам @Kallias2 многу ми се свиѓа и јас ќе си ја сминам.
Здраво мајки Од кога влегов во 7ми месец имам проблем со затнат нос, а не сум ни настината, ни температура имам. Едвај дишам со устата само веќе две недели ми се чини ќе се угушам. Споделете некој совет ако сте имале слично искуство. Денес сум 28+4.
Здраво мешиња, денес влеговме во 41 недела и сабајлево го направивме првото ЦТГ. Бебуш е одлично и абер си нема сега за сега, си плива безгрижно во водичката ни дадоја фора уште 5 дена, ако не тогаш пак на преглед.
Колку што ме држи сеќавање не смееше на стомак, само странично...и тоа само определени делови од телото . Не секој масажер е стручен за ваков вид. Затоа да се пази.
Здраво мешковци Мене во понеделник ќе ме примат на паталошка бидејќи притисокот ми е висок. Е сега не ми е јасно зошто ми ги прекинаа клексаните ми рекоа до понеделник да не ги примам па ме фаќа страв да не ме пораѓаат бидејќи читав на темата 12 или 24 саати не треба да се боцкаш со клексан ако се пораѓаш ако има некоја искуство со висок притисок ако може да сподели. Инаку сум 38+3 постелката 3 степен имам некои минимални менструални болки и болка во кичмата. А што се однесува до големината на стомакот мене секое идење на контрола ми кажуваат дека стомакот ми е голем дури со една трудница на цтг бевме со ист термин и сестрата вика еве види која разлика ја имате ама јас искрено не се замарам се додека бебе е добро и одлично напредува такви коментари не ми значат Инаку место не ме држи што ќе ми прават искрено не сакам со провокации сакам природно да си дојде моментот кога треба да се пораѓам, несакам царски
Мене "комплекс ми набија" дека имав мало стомаче, сега последнава недела си пркна како право трудничко топче. Уживаат да даваат коментари, мала си-голема си, потечена си, чудна си.. страшно
@Jana06 не смееш секаков вид на масажи, само специјално наменети за трудници, благи,нежни кај масери кои имаат завршено курс за таков вид на масажи. Бар мене така ми кажаа.. на интернет има во кои салони прават труднички масажи. Ептен било осетливо као заради циркулацијата на крвта, исто важело и за време на доење.
Zdravo znam deka prasanjevo ne e za tuka no ovaa tema e najjaktivna smeniv przime i dokumenti sega mi ostana samo zdravstvenata kniska ,dali nekoja od vas znae kade treba da ja odnesam da mi ja popolnat i zaverat ? Dali kaj maticen , socijalno ?
Во фонд за здравство кај Корчагин се носи. Само фотокопија од новата лична карта однесов јас. Во книшката сама го сменив презимето.
Епа мене ми остана старата книшка, не сум купувала нова. А и книшката никој ми ја нема побарано. Сите електронски гледаат кое е презимето.
@Sandra456* Прашаj во фондот за посигурно што и како да правиш. Jас сум од Битола.Тука само отидов со лична карта моja и венчаница.Таму електронски ми сменаа презиме.Нова книшка зедов но таа ми ja пополнаа каj што работи мм затоа што преку него сум осигурана.Во фондот само ми ставиjа печат и толку.