Женички, Кога ика бебето, осеќате пулс, дали на тоа место кајшто го осеќате икањето т.е пулсот, значи дека и главата е таму??
И јас мислев така, ама главата не е , торзото е..баш вчера на доктор бев, она икаше, се гледаше на ехо. Она ми кажа каде е главчето, а ја икањето го сетив на друга страна..еве пробај емитирај икање, и ќе видиш дека не мрдаме со главата, тоа што го сеќаваш е телцето нејзино, најверојатно грбчето. @ddevojce
Леле и јас истово денес и вчера го мислев. Баш пулсирање осеќам и си мислев ех ете го главчето, ама ко шо вели @Dikinzi дека не се поместуваме со главата кога икаме туку со телото. А јас осеќам пулс под папок, па тогаш како да е завртено? На последна контрола 28ма недела беше завртено со главче надолу, можно е пак да се поместило со цела положба? А вие каде осеќате пулс? @ddevojce @Dikinzi ?
Ајде мајка со лесно да е Инаку јас 8 прсти бев отворена и не осетив ништо посебно така да не е чудно, а во болница видов жени што со два прсти коси кубеа
И јас истово сакав да го пишам денес,вчера го осетив тоа туп туп во едно место и доле некаде ниско и си викам таму да не му е главчето.. завртено ли е? Последен пат главата горе му беше па го осеќав како се врти пред некој ден па сеа до следен преглед да видам баш ме интересира како се наместило..
Па затоа и прашувам ако му е главчето таму кај шо е ика, значи доле е, ама изгледа не е према тоа шо кажувате. Плус вчера и денес многу претеше сигурно пак се завртело некак ама не верувам да е со главата на долу затоа што сега удари осеќам на лева страна и долу на лево накај јајници. Исто и на средина кај папокот ми е цело време испапчено, па претпоставувам дека главата му е на десна страна горе кај бубрек или под реброто и се спушта у правец накај лев јајник. @Ann.loves.you @Dikinzi сеа прочитав тагирана си, има ли малата сипаници?? Со помин нека е. @elenaklasik момемтално осеќав долу на десна страна кај јајник, па затоа и помислив дека е завртено. Инаку на различни места осеќам. Или можеби ско се мрават меурчиња у водата од икање, па нив да не ги осеќаме. п.с мм ми рчи, неможам да спијам од него, ауу ќерамиди крева
Вечерва така сама од себе се разбудив. Боже сум зарчела ко да сум упалила моторна пила, па и скокнав од сон. Овој син ми до мене спие, човече мува не го лази. На кој до што му е очигледно .
Кај нас вечерва драми се исподешаваја во спиење осетив течење низ нозе, му викам на маж ми стани се измочав малу да смениме постелнина ама прво да одам до ВЦ да се домочам. Си го наместивме креветот спремни за спиење и кога рече течаммм. Брзо проверка дали е се спаковано, викнавме брза помош (тука кај што живееме не е дозволено сам да си отидеш на болница, туку мора во лежачка позиција да те однесат). Јас цела возбудена, напад на смеење добив, среќна, ме носат по скали на стол и викам леле како права кралица. Стасавме на доктор, испадна според нив стварно сум се помочала 3 пати со ред убедена бев дека не е можно во рок од максимум 5 мин да не можам мокрача да задржам и тоа не капки, туку она право мочање... што е најчудно воопшо немаше боја и никаков мирис ама ако велат дека не е плодовата вода ОК. Цтг 40, бебе во ред и назад дома. Следен пат и да е пукнат водењакот ќе мислам пак сум се помочала. Не знам дали кај некоја од вас е десено да ја убедуваат дека е мокрача, а сепак не било или вистина не можела да стисне мускул.
Е, гледаш ли, ти уште не си го завршила првото тромесечје и си се офарбала, а мене ми рече до 12 недела да не се фарбам, нокти не, тоа не, друго не, што и до некаде е во право, нели органогенезата е тогаш и многу е битно што правиме и што внесуваме, што да кажам не знам. И да се тресеш на се не бива, знам, ако треба да биде нешто ќе биде, ооо јас што не извидов ама ај да не ја почнувам таа тема, ме разбираш за што зборувам, не сакам да ги плашам другите членки и немам таква намера... Нејсе, ќе се исфарбам и јас тогаш, ќе земам фарба без амонијак Инаку од понеделник почнуваат попустите тука и ќе излезам да го купам првото нешто за мојот живот во мене, до сега ништо немам купено, за недела дена ќе влезам во 8ми месец и мислам време е полека да почнам да средувам, чекам пакет и од другарка овие денови алиштенца за почеток ми праќа, па да видиме што ми недостасува да купувам. Поздрав и имајте убав неделен ден
Знам мила, ама овој пат се ќе биде во ред. Држи ми среќа и јас мн сакам женско да е. Изгорена сум за девојче. Од пуста желба само знаци си барам да докажам дека е цуцка. Те гушкам јако, радувај се мајка и купувај. Тоа е најубав благослов за сите нас.
@Bubish26 значи ме изнасмеа од срце. Душо секому може да се деси тоа, башка ти и веќе си на крај, може не си ни осетила што е а и ако ти е прва бременост од кај да знаеш. Може е предзнак дека се ближи Д Деј?
За икањето не сум запазила каде точно ми мрдаше стомакот, ама околу пупакот тука се случуваше. А бебе цело време беше со главата надоле. Делот кај градите и мешето на бебето ваљда се движи тука, нема врска главата..
Како ви се со мрдање бебињата деновиве? Моево дали нема место веќе па многу послабо се движи, нема такви клоцања и превртувања како порано. Мрднува повеќе пати во текот на денот, ама понежни се движењата во споредба со порано. Во вторник влегувам во 40 недела.
Исто и кај мене е така откако влегов во 37 недела бебето ми е многу слабо активно и и споманв на докторката и ми рече помалку од 10 удара да одам на клиника. Си мрда ама ептен нежно дури не го осеќам освен ако не се погледнам во стомак па гледам мрдање и јас од вторник ќе бидам 39+ нема веќе место како порано тесно им е стигнавме до крајот уште малку ќе си ги гушкаме
Туна и сите големи морски риби не треба да се јадат, ни џигер, ни ананас. Треба да внимаваш и на сецкани сувомеснати производи. Салати по можност само по дома, незнаеме по ресторани колку добро се измиени па постои опасност од токсоплазмоза. Јас јадев исто како и претходно, за жал живеам повеќе на пржена и брза храна но се трудев да јадам повеќе овошје и зеленчук салати. Докторката ми рече јади си тоа што си јадеш, па ете проблем немав никаков и родив бебе 3780