Срце убаво, да видеш па јас колку се радував кога ми кажаа дека е женско, не си свесна, а потајно некако си знаев дека е женско, сонував многу тие денови кога останав трудна и после тоа, ја сонував неа и мајка ми (за велигден во април ја загубив и мајка ми) и си реков ми ја испраќаат најубавата принцеза таму од горе, нешто потајно ми кажуваше дека ќе родам пак женско и ќе биде исто како ангелот мој.....офф едвај чекам да ја запознаам, а во мене некој страавввв пгфф Само живи и здрави да бидеме и двете, да биде се во ред, само тоа,се молам секој ден (смајли што се крсти) Дај Боже тоа што сакаш тоа да ти се оствари, од срце ти го посакувам
Ананас не смеело бидејќи поттикнувала некоја состојка во него на абортус. "Забранетите намирници" не се толку опасни ако се јадат умерено. До количината е. Јас и џигер јадев, ананас неколкупати, и туна во конзерва. Од еднаш нема такво лошо влијание. И сувомеснато да каснеш не е страшно. Еве да ги земам за пример циганките: гајле немаат нит со храна внимаваат нит па хигиена, децата на улица пораснати, па здрави живи се.
Па јас мислам дека олку ананас и калинка немам во живот јадено.. не ни знаев дека не смеело. И никако да се породам хахах при крај сум. За топла купка слушнав исто при крајов, а и тоа го практикувам нон стоп, ептен ми е убаво. Флорна киселина не пијам од кај 20та недела, викаја по мене во Ремедика мораш и ја пак по свое си терав. Бебушко е здраво, а и со мене е се во ред. Мислам дека сега ептен трудниците се понашаат како да е бременоста хендикеп (ништо не работаат, нозете само во вис) и живеат под стаклено звоно.
130-140 е нормален притисок посебно тој 130. Над 150 е ризично, мене ми беше на две контроли толку ама не добив терапија туку 1 недела нон стоп дома да си мерам, па не ми де качи повеќе од 145. Тахикардија е нормална во бременост, 120 е многу ама ако ти е нон стоп така тогаш прашај доктор.
Според мене и така треба тие 40недели да се посветат само на уживање за работа има време. Сепак доаѓа промена на животот.
Последнава недела чувствувам болка по должина на стомакот под градите, поточно горе над папокот под ребрата одма незнам дали добро објаснив, дури ми трне целото место кога седам. Дали е можно од лошо држење на телото и дека стомакот расте во горниот дел иако стомакот ми е доста ниско?
Леле ме помоча од смех како бе така 3 пати да не се исетиш, ваљда дека уште си спиела затоа. И тебе ли рекоа у лежечка позиција ако пукне водењак?? Кај си ти?? Мене спалната душекот ми ми е постеленсо водоотпорни навлаки, така да ако се помочаме само постелнина да сменам. @Bubish26 @elenaklasik @Vetruska 100 пати пишев до сеа пак ќе пишам, наикакви контракции не стварат ананаси, калинки, цимет итн. Јас јадам се, буквално се. У ноември не знам колку калинки изедов, бевме на одмор у швајцарија и така еенинубави сочни кога им седнав со лажичка си ги сркав зрната. Ананас, секако два три пати купувам у месецот, мангото исто ѓи е презреано треба да го сечам веќе и тоа вело манго само го јадам оти ни ќерка ми ни мм го бендисува. И да стварат контрљкции треба килограми да се изедат па да добиеш контракции.
А урми јадеш ли???? Толку ми се јадат,а прочитав дека омекнувале грло ама ако јадеш по 5 на ден-секој ден. Ваљда по 2-3 можам
И јас знам за тоа така, не знам дали е вистина, не сум прашала доктор. Земи си по една-две. Секако силни се и тие, доволно е по помалку
Fala ti mnogu.Ke se konsultiram za pulsot.Ne e bas sekogas 120,ama pod 100 poslednive denovi ne mi bil.
Не не , во спиење осетив дека се измочав, станав и појдов да со се домочам најнормално во ВЦ. Само што стасав во спална пак почна да ми тече низ нозе без да можам да го сопрам, а да трпам за мочање можам ептен, затоа и ми беше чудно. Одма мориснав и постелнина и пижамите воопшто не мирисаше на мокрача затоа и помислив дека можно е да е водењак. Сум слушала кај некој било како на филм, кај некој малку течење како да им избегала мокрача, на мајка ми не и пукнал дома, на болница и го пукнале. Прв пат ми се депават и стварно помислив тоа е тоа. Кога ми рекоја си се измочала само, маж ми почна да се смее мочла една ми вика цел ден генерална проба ни беше сношти, за следен пат да знаеме како функционираат сите процедури. Иначе да, ако ми пукне 30 мин лежење ако сум дома, ако сум надвор само мирно стоење, да викнам брза помош и не смеам да се туширам.
Не мислев да се креваат троседи и да се прави генералки нон стоп ама да тераш една вода да ти донесат затоа што си бремена според мене е лигаење.
И јас имам од секогаш многу висок пулс, мене 95 ми беше нормален, во мирување, кога не бев бремена Сега ми варира-85, 95, 110....... А притисокот највисок што сум го измерила е 115 со 70, понизок ми бил секогаш. Пијам таблети антикоагуланти, докторката ги препиша од почеток, сите трудници ги пиеле И мене од секогаш ме мачел пулсот дека висок, се’ викаат ок бил. Се надевам во право се.
Јас имам негде исто прочитано дека треба 1 Па само по 1 и грицкам А нели ви се гадни? Инаку мене ме фатија некои сафри место не ме држи само нешто правам организирам чистам готвам пари трошам Подобро беше додека одев на работа Вака самос во зијан