Оди на лекар, треба да бидеш под надзор ако е водењакот. Можеби е само напукнат, па протекува по малку, ама урина да е и да не осеќаш, не верувам. Со напукнат водењак постои веќе ризик од инфекции и треба да те следат во болница. Оди пак на преглед те молам, не се оставај така. Мора да бидат сигурни што е тоа што истекува.
@Bubish26 убаво те советуваа,да се подмочаш ми е сосем ок,јас сум 7ми месец па уште сега ми се случува,ама толку урина да истече ми е чудно.Плус мириса,аноњак е. @mariz ми се чини имаше спомнато дека постои тест за дали е плодова вода.Побарај таков.
Мене со првото одеднаш ми пукна и како водопад истече од мене. А со второто високо ми напукна и ми протекуваше на 2,3ч млаз, ама правев лом и гаќи и тренерки и се. Плус сама приметив нежни бебешки тенки влакненца во плодовата што ми имаше истечено на улошка (а ја бев депилирана, плус немам такви тенки влакна) Ми проверија во Ремедика со некој тест, како оние за овулација и за бременост што се изгледаше, го намокри со таа вода и се обои таму некако, што значеше дека е плодова вода. И не мирисаше на ништо..
Мене денеска ме мрднаа лажни контракции.. попладнево ги имав можеби 15. Ќе видиме сега вечерва како ќе ја поминам. А ме фати некоја сува кашлица, не знам што смеам да пијам-што не смеам Мораше ли баш сега на чекор од породување да фатам кашлица Дајте памет како побрзо да пребродам!
Пробувај природни работи, мед, топло чајче, супа. Пиши на гугл природен лек за сува кашлица, сиг ке најдеш повеќе. Земи си некои бонбони обични ментол. Те гребе грло или ти се суши?
Хелоооуу, јас пијам цедевитка и ќе спијам наскоро. Туку да ве прашам нешто. Од самиот почеток на бременоста пијам Pregnacare plus витамини, двајца гинеколози ми кажаа дека се најдобри на нашиов пазар. Вчера снемав и денес отидов по ново пакување. Во зегин немаа, а друга аптека не работи во недела па ги земав Пре Мама на Алкалоид ми кажаа добри се и знам нема врска витамини се витамини. Сега споредба правев Pregnacare Plus имаат повеќе витамини и поголема е дозата пример железо,цинк и уште нешто имаат поголема концентрација во споредба со Пре Мама. Ќе го испијам ова пакување не е страшно. Ме интересира дали некоја ги пие овие Пре Мама и што ви имаат кажано за нив. Инаку сега гледам и магнезиум имаат помалку. Ме фаќаат навечер грчеви и некогаш едвај си ги чувствувам прстите на левата рака. Веќе 2-3 дена така осеќам. Ваљда ќе треба додатно да пијам магнезиум. Во аптека имаат многу видови, многу производители. Имав читано дека повеќето пиете магнезиум.Од кој да земам? Задутре ќе одам кај гинекологот на преглед, па ќе го прашам и него колкава доза да земам.
Имам и јас ваква случка. После туширање се облеков и почуствував мокро, ми се намокрија и пижамите. Значи пообилно беше. Имав читано доста за пукање на водењак низ темиве и се мислев дали е тоа. Сепак не беше толку обилно, си мислев. Се врткав низ купатило, не знаев што е. Немаше никаков мирис, навистина. Се мислев дали да го будам мм и да одиме во болница. Немаше повторно да тече. Си легнав и сабајлето отидов кај матичниот. Ме прегледа рече плодова вода си е ок, си се подмочала несвесно. Се случува често ми рече. Тоа е моето искуство а ако ти се повторува тебе најдобро да те следат.
Најдобро консултација со Др Моја блиска 4дена по ред се осеќала влажно како помочана но не обрнувал внимание мислела дека несвесно испушта по некоја капка и дека летна бременост мислела дека се поти.На случајна контрола виделе дека нема капка плодова вода,и тогаш сватила дека тоа било цедење на плодовата,па истата ден за неколку часа со царски ја породија.Тоа и се случи 3недели пред термин...
Ако најдеш брз лек за сува кашлица кажи ми и мене, мене матичниот ми кажа тегавец да пијам за да омекне, ама јас од шубе дека пишува дека не е за трудници не зимам. Инаку кашлам како куче веќе 3 недели, ни супи, ни мед, ни бутур ме спасува. Једино што ме смирува е прополис за трудници спреј без алкохол, ама не се повлекува. @Sexybaby86 Константин цело време се тртеше кога беше во меше и ден денес спие со газето во вис натртено како ној . Сум видела и други дечиња од кај него од градинка така да спијат, многу се слатки. Јас со него ни ноџиња, ни рачиња гледав, само десната страна ми се дигаше у вис цело време. Циркузи
Оо за таа коска и препон минатата сабота бех на клиника, неможњв да одам имав многу болки и овде пишував мене дури и јајник ме болеше. Имав и предтоа потешкотии при сседење одење , ама тогаш беше екстремно болно, неможњв на нога да си стапнам. Најверојатно некој нерв е претиснат па затоа толку многу боли јас бев точно 36+0 Мене ме излепаа со траки малку да ми го држи стомакот и од зад на половините кај шо ме боли па ми попушти малку. Една недела ги носев и некни у петок едвај ги извадив под тушот страшно болеше бетер од депилација.
Добро утро мешковци Јас сум на клиника вчера вечер ми пукна водењакот и сега чекаме, воопшто не сум отворена а болки имам на секои 10/15мин ама издржливи. Ќе видиме што како ќе биде чекаме смена
Фала ти денес 38+6. Ама по се изгледа царски ќе биде, бебе големо висок притисок и воопшто не сум отворена а водењакот пукнат
Добро утро Дали некоја од вас била на кардиолошки преглед во текот на бременоста и дали имате препорака за кардиолог? Јас би сакала да направам преглед, заради честите тахикардии и аритмии кои ги имам во текот на бременоста, а и ми се јавија проблеми со циркулацијата.
А значи таа ко џумка на стомак е газето хехе. А со главчето може да се турка така, да го испакнува? Не знам, првпат ми е, а сакам да знам кое што е. А оние како галења движења, ко скокоткање, тие сигурно се рачињата?
Да јас пијам Пре мама ми ги препорача и во Систина и матичен гиниколог.. Е сега да ти кажам разлика незнам оти ги пијам од старт на бременоста истите..
Има ли некоја одено кај др Ѓорѓи Николов на преглед или контрола? Работеше др во Санте сега веќе е во Велешката болница.