Со лесно Јас ноќеска се разбудив во 5ипол и до 7 гледав серија па после пак презаспав Сега пред саат време кога станав се осекав мн чудно малку ме болеше меше а и мн тешко земав воздух, како некој да ми ги смачкал белите дробови :/ бев до тоалет и приметив на секојдневната доста слузав прозирен секрет, се истуширав и ми помина. Сега си седам пред тв и пиев смути и јадев јаткасти плодови па после 5 мин. Беба почна да ме шутира и ме боли долу десно како некои грчеви ама ај ке следам ке вкдиме што се деешава Убав ден мешковцо
резултатите од брисот за стрептокока е позитивен и сега треба на пораѓај да примам антибиотик. Засега не ми дава никакви вагиналети или антибиотици да се излечи, немам појма зошто, а не требало ни мм да се третира. Искуства ве молам споделете со стрептокока и како се добива, стварно не ми е јасно !!!!!!??????
Јас денес малер. Си се спремив се', си се погодив за да одам на преглед кај матичната (имаше објавено на фб дека работи неделава). Во саботата си правев крвна слика и мокрача,се' да е спремно. Си одев пешки за таман малку да подвижам, стасувам , гледам прва сум таму реков супер (инаку кај неа се оди во 10 за да во 1 или 2 кога ќе дојјде таа да бидеш во првите, инакѕ хаос е-има жени што дремат и од 9 часот.... ) ,си седнав во чекалната дури малку сумливо што сум само јас, и оп гледам на врата-не работела госпоѓата денес. Е мн се изнервирав што има фб профил а ништо навреме не известува.... А и да и ѕвониш на моб не крева или е недостапна....Абе милина... И ова не е прв пат што си прави вака, ама тоа е, кога нема подобар избор...
Па мене докторката сега последниов пат на ехо ми кажа дека е газето, а памтам дека и првото кога се сврте со главчето надолу исто ми се тртеше Инаку тоа што “шета” лево десно по стомак се најчесто или лакти, или коленца Салта прават внатре, ама тоа додека имаат место, после само ќе се тегнат
Со лесно мила Јас еднаш , кога се обидував прв пат да останам трудна и више не ! Ми стави прегнил на нормалба овулација, не ни виде дека си носам инфекција доле.
Мешиња пред некој ден пишав дека ми открија висок притисок 180/110 И одма ме стави Др на Метилдопа вчера и денес нон стоп мерам и ми се движи од 145,135 до 130 високиот,а низок 90 до 80 Во 18ч сум на контрола па ќе видам што ќе каже др,само се плашам да не ме прати на клиника,секако ке разговарам ако треба да ми покачи дозата.До колку смее да се качи во бременост?
максимум 4*1 е дозата високиот притисок не е заебанција одма си со ризична бременост не е да те плашам ама навистина ако те пратат во болница не се буни до кај140 не е многу над тоа треба да се третира
Zenski znam deka ne e za tuka prashanjevo,no mozebi nekoja ke znae da mi pomogne.Na boleduvanje bev od 20.11 -31.12 plata za mmmesec dekemvri mi pushtile 50% ne mi e jasno zoshto?Neli e 70%
Моментално пијам 2*1 а ако ми ја зголемат дозата можеби ќе успеам некако да го држам под контрола.Се тешам со тоа дека можеби моментално во Саботата ми е бил толку бидејќи мојот матичен во цела бременост(18недела сум) ми нема ниту еднаш измерено притисок и незнам колку ми е бил порано.Ова ми го откри друг приватен лекар гинеколог...Тоа е што е се ќе правиме за бебко да се роди живо и здраво
И мене ми најдоа хламидија што лежам само во кревет со месеци без односи ама џабе одговор беше сите трудници се подложни. Ке ти дадат венски антибиотик пред пораѓај не се нервирај.
Во случај да приметиш вртоглавици отоци оди на клиника, исто и протеини во мокрача можеш да провериш. Нема играње со притисок.
Како точно се добива појма немам. Јас ја имав во втората бременост. Пиев антибиотик и примав вагиналети Флажил.
Мешиња дојде мојата пеперутка. Ми направија царски добри сме и двете и ќе раскажам подетално во породилни. На сите ви посакувам да имате лесен пораѓај
Нека е жива и здрава пеперутката, честитки Тебе ти посакувам побрзо опоравување и што поскоро да си се гушкате домче