Хелоу мешиња. Имам прашање до понапредните мешиња т.е мешињата со стаж. Сакам да ве прашам за крвта. Јас пред некој ден испитував крв и нели како што сметаат од 12 до 15 треба да биде, а мене ми беше 9.2, е сега сакам да ве прашам дали некоја од вас имала проблем со крвта со слабокрвноста и што пиевте? Една колешка ми рече дека пиела чај од коприва и дека и помогнал. Но, сепак сакам да ве прашам и вас дали пиевте нешто природна да речам еве како на пример чај или нешто друго, но природно да е. Ако не, на крај креава ќе и се јавам на матичната па да се консултирам со неа за крвта. Планирам оваа недела да одам скриен шеќер да испитам. Кој ќе чека уффф. Ако некоја имала таков проблем со слабокрвноста нека ми пише. Јас веќе влегов во 7 месец (27 недела + 3 дена). Имајте убав ден. Поздрав !
Мене железото во текот на бременоста ми беше супер , дури над нормала при крајот почна да се намалува како што растеше бебушот, но сепак беше во нормални граници. Сега хемоглобинот друга приказна почна да се намалува и стигнав до 9,9, тогаш ми дадоа тотхема и ми помогна многу. Значи на бокс бев со 11,8 хемоглбин, а после пораѓај 9,6. Мој совет консултирај се со матичната. Јас пробував и со природни лекови : какао, цвекло, семе од коприва, чај од коприва.....
Јас за железото пијам чај од коприва по 1-2 шољи на ден, а насабајле обавезно наместо кафе какао ама со вода, и после 15 мин чаша растворени шумливи вит.Ц Засега супер ми е. Денес одам на шопинг време е да купиме за бебушка нешто, се надевам не е рано, 30 недела сум веќе. Јас исто сакам да прашам вчера и денес воопшто повторно не ја осеќам да мрдне. Лелее ќе пукнам од грижи Верувајте иако се е во ред јас вкупно 20 пати дали ја имам осетено цела бременост, и многу се грижам околу тоа. Дали е нормално ова? Плисс за одговор
И се јавив на матичната ај да не си се измачувам реков да не му ја мислам и ја прашав па ми рече да пијам Хемовит по едно на ден после оброк за да не ми се лоши на гладно. Ајде ќе ги земам после и ќе почнам од денес да ги пијам па здравје за еден месец ќе правам пак крвна слика да видам како тогаш со Хемовитот ќе ми биде. А во меѓувреме и по една чаша чај од коприва на ден ќе пијам па ќе видиме. Поздрав мешиња.
Немам искуство со бременост ама од снаами шо знам ке ти кажам.. Земај ги таблетите,Пијај си чај од коприва, обавезно витамин ц ама не преку таблети туку природно (овошје и зеленчук)... И се ке биде во ред Бакнежи за мешето
Agrona јас целиот мој живот сум слабокрвна па еве го бебушот си напредува фантастично. На почеток пиев Фероглобин сируп, па Тотема ампули ама на крај рајот си го видов со шумечи таблети. Нив си ги пијам и немам нити проблем со столица нити ми се врти а последен пат кога правев крвна слика (пред една недела) резултатите првпат ми беа во ред па заклучив дека од нив само немам проблем и ми делуваат најдобро. Инаку докторот мој ми спомна дека препарати за железо треба да се пијат постојано откако ќе влезеш во 7 месец оти бебето тогаш интензивно расте. Пиј си препарат за железо без да го прекинеш и ќе имаш подобрување
Јас на крајот од бременоста имав проблем со високиот притисок (само што влегов во 9 месец го прекинав магнезиумот) па ме искараа зошто сум го прекинала,требало да го пијам до крај,ова она,па и поради самиот висок притисок сум требала да го пијам така да најдобро да си го прашаш матичниот
Женски , ние денес го славиме 2от роденден на дадичка Баткото си седи мирно во меше кај мама нема уште намера да доаѓа Инаку помина еве недела дена од последниот преглед кога докторката рече дека веќе еден прст отворена сум ... да очекувам секој миг .... Јас си чекам и чекам , симптоми некои и немам, освен од време на време менструални болки ама па се губат и така . Како и да е ,кога тогаш мора да излезе Поздрав и имајте убав ден
Јас денеска задоцнив на контролата, па моравме ја одложивме за утре! Уште + за еден ден ќе ми се пролонгира стресот, но тоа е што е. Утре полни 40 недели, бебушко си се тегне, си мрда, тесно му е, ама не и не излегува! Јас сум психички МНОГУ, ама МНОГУ напната благодарение на околината. Од сите страни: Имаш ли болки? Како си? Што чувствуваш? Мајка ми со еден куп сомнежи: Ти дома ли си? Да не ме лажеш? Нервно попуштив и само си плачам деновиве. Таа неизвесност дали природно или со царски само ме докрајчи.. Едвај чекам се да заврши, да го држам во рацете бебушко и на се да заборавам. Утре очекувајте ме (освен ако не ме задржат) со нови вести! Јас се надевам дека ептен ситно бројам!
Во стомакот неколку пати последниве недели чувствувам кратки на ист временски период удирања дали тоа е икање бидејќи е исто и на ист временски период??
Не се нервирај, посебно немој да плачеш зошто тоа што чуствуваш ти и бебето чуствува. На најблиските кажи им да не паничат, и да не те препрашуваат А терминот е веројатен, може да е +- 2 недели. Како и да е со господ напред природно или со царски да се олесниш и да си се гушкаш со бебушко, има и такви и такви случаеви, само не се нервирај, за да не се нервира бебушко Ние да се пофалиме денес бевме за прв пат на ЦТГ и имавме само 2 контракции и не беа високи.
duso voopsto nemoj da mi se grizis,jas se porodiv vo polna 40 nedelai mojata nejkese da izleguva pa morase so provokacija,ne se odi tuku taka na xarski medicinski bremenosta e 42 nedeli taka da ne se grizi se dod3ka imas plodova voda i mrtka bebceto vo red e...kako i da ragas neka ti e so lesno...dopolnitelni nervozi i stresovi ne ti trebaat.swga treba da bides najopustena i cuvaj ja silata za poragjajot ke ti treba Se izv za lat od mob sum
Мила не се грижи,и самата ке видиш дека сепак си се грижела залудно. Се ке помине во најубав ред и ти и бебуш ке се гушкате и се друго ке биде како мал сон. Најубавото допарваа те следи,уживај
Jagoda123 и јас сум ко тебе во иста ситуација, да ми кажеше некој дека ваков притисок ќе осеќам на крај на бременоста наместо да уживам во последните денови немаше да верувам, али еве и јас истото го доживувам, луѓето едноставно премногу сакаат да се мешаат, немаат граница, ниту пак осет јас сум иста, буквално од сите страни па ајде уште ли не се породи, свекрвами на глава само ми рачуна како ние не сме знаеле да рачунаме па грешно сме пресметувале мајками исто само се јавува, не дај боже да не и одговориш одма паника, маж ми веќе притисокот неможе да го издржи па режил на царски да ме праќа и така , за од околу роднини што се јавуваат тоа па ич да не го коментирам ............... јас си бев на контрола денес значи нема никакви симптоми за пораѓање така да останува стрпливо да си чекаме и да се обидеме колку е можно повеќе да не се нервираме, и јас си плачам и најчесто на мм му се истурам и така стрес осеќам од сите страни, искрено не верував дека во ваква атмосфера ќе ми завршува бременоста незнам.......останува да бидеме силни до крај и покрај сите глупости да си мислиме на бебињата (јас веќе долго време од глупости што ме нервираат неможам да си се сконцентрирам на бебенцето )
Абе женски , зошто се замарате со кој што кажал ... па не значи дека кога ќе дојде терминот дека ќе дојде и бебето може му е потребно време на бебето и не е уште спремно за излегување . И јас мислев како вас , и се понервозна станував од ден во ден . Нормално е да се чека до 14 дена после термин Со првото бев 9 дена , на 7от ден ми ставија добив провокација на 9от се породив . Со второво термин имам за 6 дена , ама пак не се знае..може пак да си поседам подолго Само што овој пат се надевам дека нема да сум со провокација . пошто каде каде е поболно Денес имам преглед и баш ме интересира до каде сум, пошто пред една недела и рекоа очекувај деновиве да биде , и пак ништо не бидна на крај . Бебињата кога тогаш ке излезат ,треба само трпение и нерви. Поздрав и имајте убав ден
Денес решив да го посветам овој ден на себеси, да скршнам од баналното секојдневие, да се почувствувам една и единствена а не уште една алка заврзана за синџирот. Денот го започнав решително и храбро, кога сабајлето ми заѕвони алармот, еден глас во мојата глава ми рече - престани да бидеш роб на навиките, нозете како да ми беа прилепени за креветот, се чувствував уморно, најповеќе од мислата дека секое утро се будам на истиот начин, механички се мијам, си спремам појадок и брзам да стигнам навреме на работа. Ова утро си реков, душо моја борбена денес ќе бунтуваме. Продолжив опуштено да си лежам на креветот, не мислејќи на ништо, се свртев и цврсто го гушкав мажот ми. Деновиве многу ни недостига време за да бидеме заедно, работата не одделува. Полека станав, не брзајќи, уживајќи во утрото лека полека тргнав на работа. Каснев, но воопшто не мислев на тоа, нити тоа ме плашеше, па тоа беше мојата одлука. Стигнав на работа, и на прашањето на злобниците зошто каснам само со крајчето на усните се поднасмеав и им го свртев грбот. се почувствував силна, мислев на мажот ми дома, колку го сакам и колку ми недостига, малото бебенце на тие мисли мои почна забрзано да претка, мислев дека ќе спобудалам од убавина. Во тој момент ја сфатив суштината на животот - биди свој, храбар, ризичен, живеј за луѓето што ги сакаш а не за луѓето кои не ти се ни најмалку битни нити ќе ти се најдат некогаш во животот. На храбрите и Господ им помага и ги сака, си реков во себеси и решив да уживам во бременоста, ако сега не ја искористам оваа привилегија, кога? Цел ден денес не дозволувам никој и ништо да ми го попречи убавото чувство дека сакам и дека сум сакана, дека во мене куца едно срценце кое со голема љубов го очекуваме и за кое се припремам да го дочекам со многу љубов и внимание, заштитнички. И не допира до мене јадот и злобата човечка, туку дозволувам на ангелот небесен да се насели во моите гради за да може моето малечко да ја почувствува убавината и добрината на овој свет а незадоволството и нервозата да бидат подалеку од таа невина душа, зашто тоа доаѓа на овој свет не за да ни предизвика страв и несигурност, туку како мал ангел да ни даде утеха и надеж, да ни вдахне живот. Малечко мое, сите најблиски живи и здрави те очекуваме да те видиме и зарем тоа не е најголемата радост која секојдневно треба да ја величиме и да му благодариме на Бога? П.С Многу емоции денес, многу креативна енергија од едно скршнување, едно поинакво утро и една желба да си угодиш на себеси, да ги скинеш оковите, предизвикаа да се почувствувам посебно. Не плашете се, добрата мисла и веселото срце кршат посилно од ладниот камен и чекан.
Здраво мешковции свекрва ми се консултираше со доктор преку телефон за мојата состојба и он рече ,, Дојдите утре на ЦТГ и ехо и да видиме што се случува јас сум дежурен после 3 часот ,, и ете за пола саат или саат ќе одиме да видиме кај многу идни мамички што се веќе во исчекување на прегратки со бебушките гледам дека им вршат притисок најблиските па и сите познати во околина исто е и со мене .. Свекрвата на 2 мин ме прашува дали имам болки свекорот најди ме зајди ме прашува ,,до кј е бебево,, мајка ми секој ден по 3 пута се јавува на моб да праша како сум на мм школските само му се јавуаат ,,ајде кога ќе славиме веќе до кј е синов доцни малку,, ама јас не обрнувам внимание .. Се додека си го чувствувам малото како мрдка внатре во меше знам дека се е во ред,гледам само да му ги задоволам потребите ( јаде на саат време ) кога сум уморна легнувам иако сите наоколу велат шетај за да се породиш побрзо P.S.Има опција за породување со провокација поради тоа што може да се замати плодовата вода свекрвами има завршено средно акушерско и општо има искуство со овие работи па и е страв да не напраеме беља некоја со бебушот но сепак одлучивме да одиме на цтг и ехо кј др па ќе видиме што понатаму ... Инаку бидејќи сум од тетово ке се породам на клиничкиот центар ...
Лелееее Jeny, преубаво кажано, ти посакувам сиде денови да ти поминуваат со ваква емоција, со многу љубов да си го дочекате живо и здраво малото ангелче
Мешковци мои најдраги денес бев на гинеколог и ми потврдија бременост 5 недели си го видов зрнцето малечко што почнува да ресте во мене.И пресреќна сум што го добив овој благослов.