Утре влегувам во 25та и тој притисок си го осеќам неколку недели ама само кога подолго сум на нозе. Прва бременост ми е, па веројатно затоа не сум помислила на отварања Сигурно си е нормално, сепак тежина си носиме.
Мој совет, ако не ви мереле цервикс, за секој случај измерете. Не е страшно, ама сепак да сте на чисто, мене еве денес ми мереа, ми се скратил на 29, и ниска била постелката. Искрено малку паднав психички, таман мислев да почнам да шетам, дека се е ок, оп сега 2 недели мирување и појачано утрогестан. Уф веќе аман, само по доктори да се одело, ама само бебуш да е ок, јас ќе издржам.
Денес бев на преглед. Се е во ред 29+3 според ехо, 30 според М. Бебушка тежи 1400 гр. Се е супер. Арно ама, мене сега само што почна да ме боли долу ниското скроз и од десната страна кај вагината како притисок некој да осеќам и кога одам кај препонот од десната страна како истегање некое осеќам. И мешето ме наболува како да ми се оди во вц, а одам и ништо Што може да е? Салта прави внатре бебе, од преска многу е немирна, многу се превртува, да не се мести можеби некако па затоа осеќам такви болки како менструални така нешто се.....пффф прв пат вака ми е..
Ама бев сега попладнето, во 19 часот имав закажано редовен месечен преглед кај гинекологот што ми ја води бременоста и се беше во ред, ама тогаш немав ништо, ете сега пред пола саат ми се појавија овие болки. А баш го прашав како е свртено бебето со главата ли за да знам дали природно ќе одам и ми рече да, со главата е ама до нареден преглед може, а и не мора да се сврти, ама другиот месец ми рече ќе знаеме најдобро како ќе се намести така ќе се породиш. Иначе со главата уште од почеток е кај мене свртено, т.е. секогаш и е долу главата кога ме гледа со ехото.
може и притиска некаде со главчето ама сепак менструални болки во 29-30недела не треба да се остават така види како ек се одвива ситуацијата може си била активна повеке денеска затоа легнуј у кревет и прати ситуација
Ми мереа на втор скрининг се си беше во ред, за една недела сум на преглед и ќе видиме. Која недела си ти?
Јас бев во бременост со метил допа 4x1 на ден. Гинеколог ми има кажано долниот треба да се држи максимум до 90, а гинеколог и нефролог ми имаат кажано дека на ден може и до 6-7 апчиња метилдопа бидејќи се со кратко дејство.
Денес можам да кажам дека почна да се стабилизира цел ден ми е околу 125 до 135 со 80 до 90 Бев на гинеколог носев резултат од крв за крвта кажа дека е супер мокрача во ред протеини исто како што треба.Ми кажа до петок да сум со Метилдопа 2*1, и да мерам притисок па сабота да отидам да виде како ќе е и ако има потреба ќе ми корегира терапија.Исто кажа дека ако се качи 140 па недајбоже и повеќе пред спиење по потреба диазепам од 5мг да се напијам. И магнезиум директ 375 пиев по една кесичка сега кажа да пијам по две една наутро една навечер,а пред малку на кутивчето прочитав дека препорачлива доза е по едно ќесе на ден,но сигурно во бременост може и по две сепак кажано е од страна на лекар не е на своја глава
Мене свекрвата пред саат време ми измери притисок, 110 со 55 и ми вели низок бил. Уште еднаш измери исто излезе.. Веројатно бидејќи ми се спие. Инаку другарка ми е фармацевт и во врска со магнезиумот ми кажа да земам во форма на цитрат, најдобро се апсорбирал, се друго било магла. Имам дома некој магнезиум на алкалоид, ми вели тој само 2% се апсорбира во телото, скоро ич. А цитратот не знам колку ама многу повеќе мислам над 30% спомна.
Здраво девојки некоја женска со миом во бременост предходно што го имала или пак се појавил во бременост и е подоцнежна недела да ми пише во инбокс да споделиме искуства, дали растел, колку растел што терапија примала и сл. Нешто почнаа да ме јадат бубачки
За топли бајни треба да се избегнува бидејјки топлата вода е пренесувач на бактерии, ако веќе за јавни базени зборуваме,или тие спа ,а у домашни услови мислам дека не. Јас кога се бајнам буквално се попарувам со врела вода од мене изleguva пареа. И лето и зима. Плус шо ме болеа препоните и половините ми рекоа да си ставам топло шише позади да ми смире болката. Нњкој спомна за пораѓање у вода, ми рече бабицата дека топлото ги намалува болкките, така да мн не се оптеретувајте. само шо си кегнам имавме гости срара нова година или василица славевме кај нас, две години по реф бевме кај нас. Се живо и диво ме боли поготово половините, многу се уморив