Да, должината на грлото на матката се мери вагинално, матичниот ми рече после полна 14та недела може да се измери. @Bubish26 со лесно
Не би да те плашам, мене во 20та недела прв пат на мое барање ми измери и ми беше скратен. Мирував скоро до 8ми месец и полека се стабилизира. На крај пак ме испаничи матичната нема да издржиш до 36та ,се породив 39+1.
Да, затоа и реков тие такви спа и разни чуда не. А баш у клуч врела вода не би да се леже. Нормално да биде топла. За туширање или бањање е друго оти стоиш и водата истекува. @Bubish26 среќно @Starlič како си со бебето се опоравувате ли??
@ddevojce Душо супер сме, од вчера фати цице, ама со силиконските, ама ако, битно цица, тоа ме радува, и многу ме расположи и ми ја омекна душата, почеток е, ама едвај чекам да ја ставам да цица Денес не пуштаат од болница, и за тоа сум пресреќнааа Едвај чекам домче да си отидемее. Супер сме со бебушкаа.
Тоа не е од сега измислено од поодамна е кажано и важи за сите трудници лежење у када спа базенти џакузи не исто и туширање со жешка врела вода не коа ке влезиш у 9месец кога ке биде време за раѓање може слободно да се бањаш и да лежиш во врела вода жешка бидејки полесно ке се отвориш
25+1 сум јас. Ама имав и некои болки околу папок и тежина на бешика. Вака бебето супер на ехо, пред месЕц беше добар цервикс, ама ете сега се скратил. Како и да е ќе те ѕирнат и ќе ти кажат. Позз
Бравос, многу ме израдува. Уживајте сега дома, нема поубаво чувство на светот од тоа кога ќе си дојдеш дома со бебето во рацете. Цел дом ќе ти мириса на бебе. Леле милина
Мешиња, неколку дена ме боли желудник! Не многу, но боли. Некој совет да се напијам нешто(чај,витамин). 19+1 сум.