Јас ја имав исто тој месец примив антибиотик не ми текнува кој но ми помогна, а после еден месец и еширихија ми најдоа. Нека види по антибиограм на што е осетлива нека смени матичната и повеќе течности. Се е уредно но мерка за цервикс нема. Како и да е со вагинална сонда се мери, најпрецизно. Со лесно!
Ако е од гинеколог, бесплатно треба да е. Освен за уринокултурата, не сум сигурна дали не се наплаќа.
Денес стигнаа количката и креветчето,наместо да се радувам јас плачам ли плачам од прееска Плачам и зошто ме боли грбот и неможам да спијам,едно чудо емоции и бременоста како брзо помина,кога ги видов количката и креветчето толку беше..почнав да се исплачам може ќе се опраам
Мене ме примија на патолошка контракции до 90 ми одеа прееска, ама слабо отворена само 1ипол прст :/ а и болки немам. Сега примам антибиотска инфузија заради бактериите од 24та недела па планирам ко ке остече да земам да шетам за да се отворам повеке..... Офффф почнува да ме фака фуфка
Јас правам крвна слика и урина во синлаб со упат од матичната не ми наплаќаат а за уринокултура не сум правела кај нив не знам дали наплаќаат
А ти дадоа ли антибиотици ? Ако ти дале супер ..а колку време ќе треба да ѓи пиеш ? Ајде имаш време да ја излечиш, а за пораѓајот верувам ќе биде природно, викаат првото се мести полека во каналот, а овие вториве веднаш се спровирале Се ќе биде душо..само добра мисла и со лесно да е, и како што велиш живи и здрави Мила, без паники, ако се отвараш без болки супер Колку повише отворена без болки, толку полесно ќе пројдеш Јас кога стасав во Чаир (5 и 30 сабајлето) бев само 1 прст отворена, лека полека се отворав цел ден, за во 9 и 15 вечерта да се породам. До кај 4-5 саат поручекта се трпеше некако, е после до 9 ја си знам Затоа викам нека заврши инфузија, и шеткај си и чучњеви прави,за побрзо да оди. Со лесно
@Dikinzi не ми даде никаква терапија никакви антибиотици ништо. Кажа само на пораѓај ќе треба да примам и толку. А ми зеде брис вагинално и од анусот и не знам сега од кај е бактерија ништо не рече. Тоа е. Ќе биде.
Мешиња, на 14.01. во 18:04 на свет дојде нашата малечка Нина душа на мама и тато, неа ја држам од левата страна одма гладно почна да цица, а од десна тати ме држи мене и не му се верува дека заедно успеавме после толку маки, без ниедно чепче за против болка да ја изгураме Нина и тоа само на 8 прсти отворена. На сите ви посакувам ваква среќа, Господ нека ви даде лесна бременост и лесен пород ми бевте огромна поддршка и само продолжете понатаму. Дефинитивно ние жените сме царици Како помина мојот пороѓај во купка, ќе ви раскажам во Породилни.
@LUCI 99 @Bubish26 cestitki, zivi i zdravi da ste so decinjata, golemi da vi rastat. Uzivajte vo najubavite momenti. @*malenavolena*87 do kaj stigna? Kako si?
@Bubish26 @LUCI 99 Честитки да ви се живи и здрави бебињата и вие со нив заедно @Dikinzi читам дека со еден прст отворена си останала во болница, ти беше пукнат водењак, чепот паднат или што?? почна страв да ме фаќа дека вчера докторот ми рече полека е почнато отварањето ама некаде пола сантим сум отворена што е многу малку а планирав на контрола да одам следната недела од понеделник натака а плус имам околу 140км до болницата само мислам што како и мислам дека од што постојано ми е таму паметот цело време ме штрека не знам веќе од каде или сама си барам болки, сконцентрирена сум на секоја промена
Уринокултура не спаѓа во бесплатни анализи при бременост. Затоа немаш болки,зошто не се отвараш. Шетај,движи се,оди по скали,клекни стани. Ќе ти стават сигурно и провокација,ќе биде за брзо
Честитки на сите што се породија, и со лесно на оние кои се во исчекување за брзо Цела се ежам од убавини, посакувам да ми летнат месециве и да ме огрее Добра ноќ девојки