Јас бев пред неколку дена платив 2650 денари. @Dikinzi иста сум ко тебе кога те читам околу дете, леле ми се темни, таман сум седнала, му се јаде, таман се најал - му се кака, носи во градинка, зимај од градинка, па тантруми проаѓа се џитка на земја од време на време, ми се беси а има 16 кг. Ме збеснува! Да не ги плашиме труднициве тука прворотки, ќе избегаат од темава. Тешко е, па сега без никаква помош до 9ти, има да го јадам на големо. @LUCI 99 и @Bubish26 нека ви се здрави и живи бебувчињата, да растат со мама и тато до нив!
@Bubish26 , @LUCI 99 , честитки, нека се живи и здрави малите сонца Вие побрзо да се опоравите Колку често е нормално да ги има лажните контракции? Примерив дека во одредени ситуации ми се ептен зачестени. Ама нема болка, ништо, само грчење на стомакот
@Bubish26 честитки мајка, нека е жива и здрава Нина Некако многу ми зачестија лажниве контракции периодов. Ми спомна др дека ќе биде така после 30-та недела, ама некако дури и силни се, морам да седнам ко ќе ме фатат. Не памтам да ги имав до толку првата бременост, па малце така не ми е сеедно Од утре полна 33-та, ја почнувам 34-та Ми летна вторава бременост значи, првата ми траеше 100 години ми се чини За справување со дете дома + бременост, не ми зборете Нека се живи и здрави ајде, ќе преживееме. Мене ме плаши како после со две Ќе мора да жонглирам со двете, а факт е дека на малото повеќе ќе му требам, и срце ми се кине за другава. Ама додека не дојде време, нема да знаеме како. Ваљда ќе ни дојде некој инстинкт и ќе знаеме како да се справиме, како со првото дете
Секако ќе биде, имај верба во нив, верувам се стручни доктори, и не е прв случај, опуштено само Да е живо и здраво Браво мамиии ,честиткии Да е жива и здрава Чепот мене околу недела дена ми испаѓаше,дента баш кога влегов во 41 недела, ноќта ми почнаа болките , имав сокрвица и знаев дека е тоа. Се спремивме, отидовме,не прегледаа и се мислеа дали да ме примат, цтг кажува контракции, сокрвица, намалена плодова вода, отворена 1 прст, и дојдена да раѓам таму, тој едниот вика нејќам на клиника да ја праќам, се направи место на патолошкаи ме примија. Отидена таму од 5 и 30 сабајле, во 10 и нештоме примија. И тоа Илиевски се мислепе далу да ме прими, овој другиов не знам како се вика му вика абе од Велес иде не ми се праќа на клиника, и така некако се сожалија и ме примија. И поручекта некаде ме проверува Илиевски со рака и цтг, вика арно те примивме и вечерта он ме пораѓаше ,т.е бабиците ама он беше присутен, после пораѓај ме среди , пак ми рече арно шо те примивме Ќутам траам, не знам шо да му кажам Џабе ѓи следиш промените,некои ти се на психичка база, не мисли на тоа, мисли како да го искиристиш времето додека си слободна, а тоа нема шанси да го промашиш верувај Иначе водењак ми пукна сам на бокс, некое време пред да се породам
Ти се крева косата а ? Мораме да бидеме силни, со здрав ум пред се, секако брзо растат и ќе помине периодот, стално се тешам "како сите така и ја " Ќе биде мачно, ама после наеднаш ќе пораснат и ќе биде полесно Многу зачестени,нормално е..ама незгодни се (досадни ) Јас уште сеа се потпирам на тој инстикт
Дали на некоја од вас и се случува навечер кога спиете да имате отежнато дишење, да ви се допира дишењето и да се гушите? 30+5 сум моментално и почна често да ми се случува навечер
Баш сега сакав да прашам за лажните,односно Брекстон,па Секси пишала. Кажете ми,дали е како стврднување проследено со непријатност и тапа “болка”,трае не повеќе од минута...? Во дилема сум дали е тоа или беблава да се трти или се контракции...28+3 сум иначе. @LUCI 99 живо и здраво да е синчето,брзо опоравување на тебе
@Dikinzi арно коса останала да се крева. Битно да се здрави и живи. Чим сме се решиле на второ, не е толку лошо зар не?
Јас сум 30+3 и така осеќам кога седам некогаш да јадам, стомакот како да ми е гире до уста го осеќам и ме гуши и не можам да дишам, кога одам исто така се заморувам од ништо, угорниџа не можам ама за жива глава да изгурам, како желка одам и многу ми е тешко исто ми се запира дишењето. Кога спијам не ми се случѕца тоа, дали дека легната, шо знам, ама во текот на денот многу пати, многу..
Ај јас да прашам нешто сосем друго. Во сабота ќе правиме роденден на син ми и не знам што да облечам, во хеланки и блуза сум нон стоп кога излегувам, друго ништо не ми се фаќа, фустан зимски немам на долги, дајте идеја ако треба и ќе си купам фустан долг или јраток ама за трудници ли да е?
Исто исто, и јас едвај идам, ме болат препоните, идам како робот. Спијам на страна, ама и тоа не ми помага. Наеднаш ќе рипнам од кревет кога ќе осетам дека не можам да дишам, а маж ми го фаќа паника
Е мене тоа не ми се десило до сега, во сон или кога лежам/спијам да не можам да дишам Иначе и препони поготово десната страна на препоните и десната страна на вагината ме боли, левата ништо
Девојки имам дилема околу термин за породување според матичниот термин за породување ми е 22.04 , дилемата ми е : тоа е краен термин или ? И има и два други датуми 08.04 и 04.05 ,тоа значи мај ми е краен рок ? А според недели полна 36 би ми била на 25.03 цела сум прашалници