Не знам дали подобро е да се фатат врски, или породувањето да помине без нив.. Не замислував ваква завршница на бременоста. Мислев ќе си ги чекам спонтаните болки, ќе се истуширам и ќе одам да раѓам. Јас секој втор ден како да го преживувам тоа! И денеска неизвесност! А како влијае таа неизвесност на мојата психа? Тоа изгледа не е важно. ЦТГ покажува една болка, вагиналниот преглед еден прст отворена. Докторката ме остави еден саат да шетам, па да се вратам назад и рече дека веројатно ќе ме задржи. Бев исплашена, но во исто време и среќна дека се ближи крајот на измачувањето и дека ќе си се гушкам со бебушко. Шетав еден саат и не знаев што ме чека, бев вознемирена и возбудена во исто време. Надвор дожд и ветре, а во мене пекол, горев, се препотував. Помина еден саат, пак ЦТГ кое не беше поразлично од претходното, само што овојпат бебушко беше повознемирено (претпоставувам од шетањето) и пак најодвратниот вагинален преглед и ехо. Доволно полодова вода, постелката уште не е созреана како што треба, на вагиналниот преглед пак само прст отворена. И не.. Не ме задржа! Еве ме дома до петок, во петок пак истото. Докторката не сака многу да зборува, а јас сакам да знам.. Ја прашав колкави се шансите природно да се породам, рече мали. Зошто тогаш закажуваме прегледи на секои два дена, место да закажеме царски? И пак прокрварев од прегледот и овојпат ме болеше.. И не, не боли толку прегледот, колку што боли психата.. За второто здравје Боже, не фаќам врски и ќе си чекам спокојно да си дојде денот. Можеби подобро ќе поминам, зошто вака побудалев начисто! И така, толку од мене мешиња, ако во петок ме нема да ви пишам, значи ме задржале!
^ Драга Јаготче, трпение спасение...Не знам како е, но од ова што го кажуваат искусните мајки, родилки, подобро е болките сами природно да си дојдат отколку со провокации, и добро што те вратиле дома, бебчо ќе излезе кога ќе дојде време. За тоа со врските си во право, можеби повеќе ќе те ,,гледале,, доколку отидеше без пријатели. Знам во каква ситуација си, нервоза пред се, но пробај да мислиш позитивно, дека деновите се бројат до доаѓањето на свет на твоето малечко. И уште нешто, ако бебето е наместено како што треба, а ти не си доволно отворена и притоа немаш болки, како може да ти кажат дека шансите за природен пораѓај се мали? Доколку постои можност гледај да биде природно, мој совет, зашто во мојов град, родилката тешко бира како ќе се пораѓа, секоја 2ра се пораѓа со царски, зашто докторот ќе си земе 6000 ден. Ти посакувам што поскоро да се ослободиш од тешкотиите и да не израдуваш нас.
Јаготче опушти се мила. Ајде уште мнооогу малку и ќе се гушкаш со бебушко. Ти посакувам да имаш лесен пораѓај да си поминеш лесно. И да си се гушкаш со бебушко најсилно на цел свет да се роди здраво, право и со сите нишани. Мила издржи уште малку ајде издржи ти го можеш тоа. Па те чекаме да ни соопштиш дека си се породила и се гушкате со бебулето убаво.
јаготче ти пишав и пред некој ден.и мене ме спремаа за царски со првото дете.требаше да одам во понеделник ама керка ми во неделата реши да излезе 5 дена после термин.природни болки,се отворив за 3 часа и лесно се породив а сум ситна по раст и со тесна карлица.никој па ни лекарите не можат да предвидат како може телото да се прилагоди на секоја ситуација.не мисли и не се преоптоварувај со тоа оти и бебушот осека и се вознемирува.кога ке дојде денот ке излезе.позз и со лесно
Ќе биде мешиња, ептен ситно бројам. На прегледите стискам заби, на повидок е крајот, ќе издржам. Туку сега го гледам извештајот постелката ми е III степен зрела, не знам зошто рече докторката дека не е доволно зрела. Инаку тука гледам пишува: Постелката на преден ѕид III степен со калцификации. Што значи тоа знае некој? И уште нешто.. ама ич не ми се јасни кратенкиве, ако знае некој што значат нека пише, за да можам да го дешифрирам извештајов. UZ Pr.capitis, BPD-100 mm, HC-349 mm, AC-339 mm, FL 75 mm, OPV-b.o SA pozitiv, TT 3800 grama (Ова последново сфатив дека е тежината) Vag. naod: PVU-сакрализирано, размекнато, долго 2 см, Pr.capitis. Воденк цел NST- реактивен без контракции
не сум стручна ама мислам дека првите ти се мерките за бебето-обем на глава,бутна коска и обем на стомаче а вторите се наоди од вагиналниот преглед.ама да ги толкувам не знам.
Јаготке мила ке биде и тоа како ке биде само не се секирај и бебуш чуствува сето тоа. Па мила јас со пукната вода седав два дена а болку 4 ипол сати само еден прст отворена а потоа за нецели 30 мин деотворив и се породив сега сд смеам на сето тоа така и ти кога ке помине се и радосна и весела ке се смееш за некои работи а најубавото бебушката ке си ја гусшкаш
Здраво мешиња Ајде и јас да се „олеснам“ овде Синоќа пред да си легнам, отидов во вц и има што да видам пак кафеав секрет Многу се изнервирав, цела ноќ не сум спиела, аман веќе! На гинеколог пред една недела кога бев за свежата крв се беше во ред, срценцето си работи, си се развива супер според неделите, нема хематом... а ова пак ми се јавува Сабајле пак имав малку, и сега пред малку видов дека почнува да избледува... Ако имам и утре ќе отидам до кај докторот пак. Маж ми мисли дека не му кажувам што е проблемот, но што да му кажам кога и јас незнам, а ни докторот не знае
девојки да ви кажам само дека се породив на 19.03.2014 во 02.00 часот,родив син 3800кг 53 см и сме сега во облци и немаме време за ништо,иначе ми пукна водењакот и се породив за саат време,како сто се плашев мн добро испадна никакви проблеми немав нити со притисокот нити со паниката,ништо страсно не е,болни се само последните три напона кога треба да искочи бебуш,али се мн слатки тие болки кога ке си го видите бебушот се се заборава,инаку заборавив да ви кажам се викаме дамјан,позз па се читаме кога имаме време
Срце зошто толкава напнатост? Уживај си до петок Прошетај,гушкај се со мажето,изнаспиј се... Бебето е супер,може му е рано за излегување,една недела + /- Во петок највероватно ќе те породат,па ќе си имаш обврски со бебето Затоа собери сила и се ќе биде ок Со врски или без...на крајот Бог како испланирал така ќе биде Ајде гали мешето до петок за два дена е
мешиња би ве замолила да ми каже некоја по колку пати во денот пиевте фолна,еднаш или два пати.Ако има некојза послонодна нека ми одговори хитно ми е.однапред фала мн.позз
Здраво Тинче, јас на почетокот кога пиев само фолна, пиев едно на ден, сега пијам од комплексите на витамини и минерали на центрум и таму ја има фолната во доволни количини и не пијам дополнително фолна, само центрум матерна, можеш да земеш мамавит или нешто слично. Сите тие содржат фолна и нема потреба од дополнително ништо, само една таблета еднаш на ден. Поздрав
Cамо во првите три месеци,се пие фолна по една таблета на ден,а во меѓувреме во текот на цела бременост препорачливо е да се конзумираат(по едно на ден) од витаминските таблети за трудници и доилки.
вчера бев на гинекочог и ми ја потврдија бременоста ми даде да пијам витамини и на фолната ми пиша два пати по едно на де ама и се брзаше на матичната да си оди затоа си реков да прашам да не се има збунето иначе пијам алкавит.
tincemajmunce и јас ја пиев фолната алкавит од алкалоид што е само еднаш на ден, а б - 6 пиев 2-3 пати во текот на денот ама мн ми се спиеше и ја намалив 1-2 само пиев wtff не треба да имаш кафеав исцедок, денес веднаш појди кај гинекологот, сепак најкритично е до 12 недела, ама и после, зошто јас уште на почеток кога ми потврдија бременост матичниот ми рече ако видиш кафеаво, црвено без разлика веднаш да ми се јавиш. Несакам да те заплашам, ама најдобро е да си појдиш
Еве не и нас со вчерашниот заклучок од докторот :geek: плодова вода-доволно , големина на ноџиња рачиња обем на глава и меше-одлични нормални , контракции-ни К од нив , породување со провокација-НЕМА ! Докторот вели одамна немаме породување со провокација бебето може да го надмине терминот од 7 до 10 дена и нема место за паника :geek: инаку ме мереше сестрата во долниот дел на стомакот ( скроз доле и ова металното бидејчи е како ножички ми стави еден крак на кичмата еден на стомакот ) и рече 19 докторе , ама не разбрав за што се работи и за што беше тоа мерење некој со вакво искуство ?
Здраво убави мешиња. Секој со маката еве и јас мојата да ја споделам и да побарам совет од вас. Киселиниве се неподносливи навечер не можам да спијам од нив се превртувам пијам вода, пијам рупурут ми рече докторката да земам 3/4 пати на ден после јадење. НИКАКО и од рупурутот не ми поминува. Страшно нешто. Ептен јаки киселини имам се мачам и преку ден а каснам нешто што и да каснам одма ме фаќаат киселини. Си викам, или мажево мое ќе се роди со мнооогу косе или јас си имам и онака киселини што е нормално во бременоста. Е сега, муабетот т.е прашањето ми е што правите вие за да немате киселини (доколку ги имате) дали пиете нешто чај некој, вода, кисела вода, што ви помагаше/помага вас против киселините ??? Имајте убав ден убави мешиња.
Добар ден и од нас. И ние денес супер поминавме на контрола. 22ра недела, бебушка е перфектна, 591 грам, мрда претка, акробатка на мајка. Веќе и почнала да се врти со главчето надолу, докторката е презадоволна од исходот. Агрона, кога јас имам мачнини, пијам чај од нане, ми помага, иако немам многу киселини. Имајте убав ден, мешковци.
пробај со чаша ладно млеко јас имав премногу киселини последните месеци и ми помагаше само тоа а синко се роде со косиче сигурно тоа било причината за киселините кои понекогашзнаеја да бидат неподносливи
Агрона и мене ми помага ладно млеко или 2-3 маслинки, и мене ме убија к-ни дури некогаш и повраќам И сите ми викаат дека коса му растело на бебушко кога имаш к-ни, сигурно ќе се роди со коса до газе Туку жени кажувајте лек за отеченост, нозете тапан ми се, чај пијам ама џабе, демек вежби правам и тие не помагаат, ми се чини како балон сум