Не сум сигурна каде да го поставам прашањево. Дали некој знае да ми предложи нутриционист? Некако многу здебелена ја почнав оваа бременост па ме фаќа страв од гојазност.
Девојки ве молам за помош не можам да се смирам само што ссе вратив од преглед , цервикс ми се скратил на 2.94 докторот ми рече мирување и утрогестан од 200 навечер, ве молам искуства дали може да се зголеми цервиксот или не ? Се убив од плачење 26+1 сум , докторот рече не е страшно мн но јас не можам да се смирам никако , мн се вознемирив , и друго има некоја што става вагинално утрогестан ? За 2 недели сум пак на контрола само поради цервиксот ме буни што на една мерка пишува 2.94 а на друга 3.45 , докторов рече ке ја земеме помалата вредност
Ne se nerviraj najprvo, mene mi bese 3.7 pa se zgolemi na 4.11. Mi dadoa i pojas za trudnici. Ama jas primam 2×progesteron depo i dabroston2×2
Еве ме и мене Сабајлево станав мама па поубаво од ова нема малечката е злато мајкино Фала ви на сите што ме мислевте, кога кеможам деновиве ке ја напишам мојата породилна приказна, дотогаш со лесно на сите мешковци Ве гушкаме јас и моето златце
Колку што знам цервикс не се зголемува но се одржува со лежење. Одмарај колку што можеш повеќе, пиј терапија и добра мисла! Јас од почеток на бременост сум со ваква ситуација..уште терам 31ва недела.
Ова дневно го примаш ? Не мрдам од кревет сега , мн се плашам ама мн мн мн @Mitrovska95 дај Боже се да биде како треба , дај Боже а ти што терапија примаш ?
Искрено мислам дека сите доктори различно мерат.Золва ми беше каj матичниот коj и кажа една големина а каj друг доктор другиот ден сосема друга големина.Мислам дека имаше ваква случка и тука на форумот. Не сум за ова многу информирана.Мене до сега никогаш не ми мереле.Ако грешам нека ме поправат поискусните мами. Смири се,мируваj и примаj си терапиjа што ти кажал гинеколог и не мисли на лошо.Се к'е биде во ред!
Ке мирувам сега, душа ми се кине , брат ми прави веридба може ке отидам само на кусо , но се за моето бебе да ми биде ок , магнезиум земам а утрогестан од вечерва но само 1*200 ми даде па ке видиме ,
Леле уште за вежби сум. Застанав на водник да измијам две три чаши, ме фифнаа половините па си седнав. Сабајлето станав целата поднастината, носот нит ми е затнат нит ми тече, грло ме боли, се напив парацетамол. Кивам омалаксена уште тоа ми фали сега на крај. Чаеви лимони и овошја. Ми завршија таблетите Шо ги пиев витамиснките утре пак ќе си ги земам. Околу две недели пауза од нив направив ама до крај ќе ги пијам сега и плус за доење ќе ми се најдат. Не сум ни јадена ккако треба, цел ден сум на кифли, и нервозна сум денес. И моето е карлично, на секоја контрола различно завртено е можеби се свртело и сега немам појма, јас имам закажено царски, па ако се сврти до тогаш ќе го откажаме царскиот иќњ чекаме природно. Опасно е карлично да се раѓат не сите се нафаќат. Мене ми понудија опција и да го свртат бебето ама многу е опасно и може да има последици. Плус јас имам многу вода и тоа му го олеснува вртењето. И мене ми беше многу страв од царски, и уште ми е ама се смирив некако на клиника и термини нема за царски се е зафатено тоа е ако мора царски онда нека го вадат, само да биде се во ред. Ајде каков страв, треба со бебе да се гушкаш, шетај клекни стани да се отвориш побрзо. Среќно. Честитки, живи имздрави да сте, да растете големи.