Pod nadzor sum vodenjakot e napuknat, nemam bolki a seuste krvaram i sum 2 prsta otvorena.Pa celo vreme sum pod kontrola
Два дена сум затната, омалаксана, настинав и јас малку. Но освен витамини, не пијам ништо од апчиња. Од почеток на бременост земам витамин Ц. Најпрвин од 500, па ми рекоа слободно да зголемам на 1000.
Јас ако не голтнам парацетамол неможам, инаку сум човек шо тртпи и у крајни фази пијам лекарства, ама сеа дека пораѓај ме чека можеби и природно ќе сум па ќе ми треба носот да дишам и да застанам на нога( вчера иако пак не бев добра бришев прозори ) Ама не се предавам вчера си изнакупив маски, турбани за коса пилинзи сеа сум сама дома ко ќе му влезам под туш и така се бајнам со врела вода има ккао нова да станам Мм секогаш ми се смее бидејќи магла е у купатило и ми вели зошто се попаруваш со таа врела вода како кокошка ли ќе се кубеш хахахаха се инхалирам бре така
Ајде штом си се опремила со триста чуда, оди релаксирај се. Денес-утре ќе помине настинката, како нова ќе раѓаш
Велат строго мирување. А како ке го изведат тоа оние што треба инекција да примат? На пример прогестерон депо, мораш два пати неделно да одиш до амбуланта, мора лабараториски анализи да се направат ??? @*malenavolena*87 честитки Живи и здрави да сте
Мајки,во паника сум ептен,34 недела сум,плодовата вода почнала да се намалува и пострлката почнала да ми старее? Дали може да се издржи додека да влезам во 9ти месец или може да дојде и до предвремено пораѓање,матичниот не ми кажа ништо само да чекам да влезам во 9ти..помош?
Не знам колку е точно, баш неќна читав за намалена плодова вода, пишува дека може да се зголеми со внесување на повеќе течности. Можеш да изгуглаш, а постелката нормално е да почне да старее.
Тогаш ке одстапуваш..јас одам кажувам со каков проблем сум и ме внесуваат одма, стојам не седам бидејки дупло се прави притисок со седење. Крај краева трудници сме и законски имаме предност!
Мене ми се намали плодовата во седми месец и остана само на едно ќоше што беше сосем доволно за гинекологот да си терам до крај, а како улава пиев вода, по 5 литра на ден, цело време се осеќав жедна, и на крај во 37ма мораа да ме породат царски итно, оти немав капка вода . Ради неа од 36та почнав да одам почесто ем на цтг, ем да пратат состојба. Муцко мој го добив во 37+2 (ако добро памтам) . Инаку дали некоја знае колку е вистина дека мора име да знаеме за бебушот во болница, наводно по ново од таму мора име да се каже кога ќе се породиш? Некој да е у тек?
оффф ништо ново... Чека да биде водолија изгледа. Толку многу зборев дека не сакам јарец, изгледа ќе ме послуша синчето
Мешиња навистина се немало време кога ќе дојде бебе Вчера си дојдовме дома па додека се адаптираме што како дека се ни е непознато ќе ни треба време. Малку е тешко дека со рана ама Господ дава сила. Само ќе кажам дека вреди секоја болка за чуството кога ќе се запознаеш со најмилото. Ви посакувам на сите да имате лесен пораѓај и да си се гушкате со вашето најмило нема поголема радост од ова
Па не знам, затоа прашувам, така нешто имам слушнато, ама не сум сигурна дали е шпекулација или е вистина. Демек нема веќе трчање, директ у болница го зимаш, као они нешто поднесувале. Не знам точно да не ширам муабет кога не сум сигурна. :/
Честитки мајка да сте живи и здрави @LUCI 99 честитки мајка да е жив и здрав : Честитки мајка да е жива и здрава голема да расте
Веќе подолго време може да се извади изводот таа недела додека си во болница, значи во самата болница, но секако, мора да имаш име А мислам сеуште важи законот дека имаш еден месец да го пријавиш новороденчето. Значи не мора да се брза ако немате име веднаш штом се роди.
Треба да имаш име, венчаница и копија од лична карта ако сакаш на лице место да ти извадат Извод од родени. Ако не носиш документи ќе си вадите друг ден во Управа за водење матични книги и ќе си почекате. Тоа е твој избор (не ме факајте за збор за документиве може да треба уште нешто)