Taka e, kombinirav naedno da odam. Sega kolku mozes povekje da lezis, ako uspees da najdes nek9j sto ke te bucka doma e poarno ili ako e potrebno lezis bolnica.
А некој поинформиран да ми каже какви документи треба за еднократна парична помош за новороденче (прво дете) освен извод од мајката,извод од бебе друго што е потребно?
од мајката копија од лк, не извод, извод само од бебе, копија од трансакциската, потврда од матичен гинеколог или копја на првите неколку страни од мајчината книшка
- Лична карта од мајката; - Лична карта од таткото; - Извод од родени на бебе и - Трансакциска сметка од мајката. Ова е потребно за во општина Кавадарци. А истото треба и во ЦСР + потврда од матичниот гинеколог за отварање на породилното боледување.
Така е .. таму поднесуваш и ќе се утепаш одчекање за изводот.. поарно мт нека тркне до матичната служба покрај кеј кај стара комерцијална и за недела дена ќе го добиете.. јас да, поднесов во болница за извод и месец дена чекав да ми јават дал е готов и на крај мм отиде до службата таму и му рекле дека нема ништо поднесено за извод на тоа име.. па се изнервирал малку почнал да вика, да им кажува дека цел месец чека за детето да земе извод, уредно се е платено и ред др рабпти и у тој момент се појавил некој фин да кажам и да му даде извод за 5 мин..
Беше мм кај Комерцијална за прво, стварно за една недела земавме. Ако се чека толку многу од болница тогаш ич не се зезам. Фала ти .
Јас како што знам ако поднесеш во болница го добиваш таму на лице место за еден ден. Тоа е уствари целата поента на матичната служба во болницата.
Ние во рок од 24 часа откако се породив поднесовме документи за извод во болница и еве поминаа 4 дена и сеуште не е готвов
Не сум сигурна дека ова со поднесување за извод во болница важи за приватниве болници. Пред 2 години се породив во Систина, и прашував тогаш, ми рекоа не може, а беше веќе излезен законов. Па мм отиде поднесе сам и за 5 дена си го земавме изводот. Може сега смениле нешто, не знам, ама мислам дека само за државни болници функционира (дека пишуваше сакаш во Систина да се пораѓаш, затоа ти кажувам) А за најсигурно дали може ќе ти кажам за месец дена, ко ќе се пораѓам пак
Женски да ве прашам дали пиете калциум и ако да, од која недела почнавте. Јас сакам да почнам од сега 17та недела сум.
Ај мамички помагајте на работа сум, 32 недела сум, вчера правев цтг и се беше уредно и немав контракции. Сега моментално ми се стврдна стомакот, ми се поду и дури малку ме боли, читав тоа биле лажните контракции??
Јас пијам Osteocare ми препиша,ама покасно некаде околу 26та недела.. една кутија испив и толку. Прашај си ја докторката ако ти препише земи
Мене и гинекологот и трансфузиологот ми рекоа да земам Идеос, тоа е калциум со Д3, но трансфузиологот ми рече само двапати неделно. Рече дека поради дозата во нив не требало секој ден да земам, и покрај тоа што боцкам Фраксипарини уште пред бременост, а тие го намалувале калциумот. После една недела откако ги почнав, ендокринологот ми даде да испитам калциум, калиум и натриум, сè беше супер, калциумот беше супер. Со консултација од доктор за калциум, тој ќе ти каже кога да почнеш и колку да земаш.
Ве читам со лажниве контракции, јас сум од утре 32 недела, па да прашам кога почнуваат лажните? На моменти ме заболува остро и ми се грчи стомакот од секундарна болка, дали е тоа?
Мислам дека почнуваат наjчесто после 7 месец. Мене често ми се случува да имам таква остра болка и ми се стврднува стомакот.Полека се спрема телото.Нормално е https://acibademsistinababy.mk/bebe/17-bremenost/poroduvanje/1-braxton-hicks-kontrakcii